Спорт
Агуеро: Да завршам со Сити и се враќам дома
Аргентинскиот голгетер Серхио Агуеро ќе се врати во својот матичен клуб Индепендиенте, откако во 2020 година ќе му истече договорот со Манчестер сити.
„Имам договор со Сити до 2020 година. Кога ќе истече се враќам дома во Индепендиенте“, изјавил за „Фо…


Аргентинскиот голгетер Серхио Агуеро ќе се врати во својот матичен клуб Индепендиенте, откако во 2020 година ќе му истече договорот со Манчестер сити.
„Имам договор со Сити до 2020 година. Кога ќе истече се враќам дома во Индепендиенте“, изјавил за „Фокс спорт“ аргентинскиот напаѓач.
Агуеро, пред да се пресели во Европа, девет години бил член на Индепендиенте. Класата ја покажа во Атлетико Мадрид, откаде пред седум години пристигна во Манчестер сити.
Со „граѓаните“, овој 29-годишен фудбалер, има освоено две титули во Премиер лигата.
Агуеро оваа сезона има постигнато 30 голови во сите натпреварувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хамилтон не е задоволен од болидот на Ферари

Луис Хамилтон скромно ја започна на соработката со Ферари. Со исклучок на победата во спринтот во Кина, седумкратниот светски шампион се соочува со многу проблеми.
Британецот ја заврши трката за Големата награда на Јапонија на само седмото место и со тоа го продолжи лошиот старт на сезоната на италијанскиот тим.
На отворањето на сезоната во Австралија, англискиот возач беше десетти, а во Кина беше дисквалификуван откако инспекцијата утврди дека неговиот болид не одговара на дадените пропорции.
Во Кина дисквалификација доживеа и Шарл Леклер, кој беше осми во Мелбурн и четврти во Јапонија.
Седумкратниот шампион не го крие незадоволството по слабите резултати.
„Првите три трки беа обележани со тимски грешки и лоши перформанси на болидот. Не сум на највисоко ниво, но давам се што можам со она што го имам. Одев најбрзо што можев, но болидот едноставно не е доволно брз. Се надевам дека ќе бидеме поконкурентни во остатокот од сезоната”, изјави Хамилтон.
Следната трка ќе се вози во Бахреин следниот викенд.
Спорт
Џајиќ: Имавме договор со Шукер, поради војната трансферот пропадна

Драган Џајиќ, актуелниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија, во разговор за агенцијата АФП се присети на периодот кога беше директор на Црвена звезда.
Во 1991 година црвено-белите станаа европски шампиони, а многумина голема заслуга за тој успех му припишуваат на тандемот Владимир Цветковиќ и Драган Џајиќ, кои беа на чело на белградскиот великан.
„Бари требаше да биде само почеток на нашето владеење. Долго време градевме победнички тим, имавме јасен план, имавме договорено уште еден голем трансфер“, истакна Џајиќ.
Уште еден врвен центарфор требаше да пристигне на „Маракана“.
„Давор Шукер веќе беше играч на Црвена Звезда, имаше потпишано преддоговор, а потоа сè пропадна за само еден ден“, рече Џајиќ и додаде: „Почна војна и сè пропадна. Никој не загуби како Звезда“.
Џајиќ посочува дека пријателските односи преовладувале во шампионскиот тим на Звезда и покрај војната која започна во поранешна Југославија.
„Трофејот во Бари ни го донесе Македонецот Дарко Панчев. Тука беа Хрватот Роберт Просинечки, Црногорецот Дејан Савиќевиќ, Рефик Шабанаџовиќ од Босна и Херцеговина и српски играчи“.
Спорт
Џиџи Буфон: Не може секој голман да го прави она што го прави Свилар

Легендарниот Џанлуиџи Буфон, еден од најдобрите голмани на сите времиња, со ентузијазам зборуваше за Миле Свилар, голманот на Рома.
Буфон не штедепше комплименти за Свилар откако Рома и Јувентус ремизираа (1:1) во Серија А.
„Зборовите кои се потрошени на него во последните две години се вистинити, тој тоа го потврдува секогаш кога ќе стапне на теренот и импресионира“, изјави славниот голман на Парма, Јувентус и ПСЖ.
Потоа откри што е она што го издвојува од останатите голмани.
„Тој прави работи што не може секој да ги направи“, рече рекордерот на Италија по бројот на настапи за националниот тим (176) за Свилар, кој собра шест одбрани во дерби колото во Серија А.
Моментално, Свилар е изедначен со Јан Сомер со 12 меча без примен гол во лигата.