Спорт
Алкараз: Горд сум што победив, Ѓоковиќ ми беше инспирација
Голема борба го одбележа финалето, а по натпреварот Карлос Алкараз им се обрати на навивачите на централниот терен на Вимблдон.
– Ова е остварување на сонот за мене. Прекрасно е да се победи, но и да загубев, ќе бев горд на себе. За мене е чест да напишам историја на овој турнир, да играм во финалето против легенда. Сонот ми се оствари. Да се игра на ова ниво е неверојатно за момче кое стигнало таму толку брзо. Горд сум на себе, на тимот што го имам со мене. Работата што ја вложуваме секој ден за да ја оствариме, изјави шампионот Карлос Алкараз.
Тој имаше само пофални зборови за Новак Ѓоковиќ.
– По првиот сет помислив „мора да го подигнеш нивото на својата игра Карлос, сите ќе се разочараат“… Морам уште еднаш да му честитам на Новак. Неверојатно е да се игра против него. Тој ме инспирира. Почнав да играм тенис гледајќи го него. Кога се родив, веќе победуваше на турнеи, додаде Алкараз.
Тој е горд на фактот што кралот Фелипе го бодреше од трибините.
– За мене е многу посебно да играм пред кралското семејство на Шпанија. Многу сум горд што ме поддржа Фелипе, рече со насмевка Шпанецот.
Иако шпанските играчи се сметаат за особено добри на земјена подлога, Алкараз изјави дека тревата му е омилена од денес.
– Само што се заљубив во тревата. Неверојатно е, не очекував игра на ова ниво. Одиграв само четири турнири на трева. Сонот ми се оствари. Брзо учат и затоа сум горд.
Со освојувањето на титулата, Алкараз влезе во клубот од четвртфиналистот, а ќе има посебни привилегии кога станува збор за набавка на билети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Неуспешниот експеримент со Аморим Јунајтед го чини 40 милиони фунти
Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед потврди дека отпуштањето на Рубен Аморим може да ги чини повеќе од 18 милиони евра.
Португалецот го напушти клубот на 5 јануари по нерешениот резултат 1:1 со Лидс и отворениот напад врз раководството на клубот еден ден претходно.
Како што објави Би-Би-Си, Аморим ја бара гореспоменатата сума како компензација откако претходно на Спортинг Лисабон му беа издвоени околу седум милиони евра за неговото доаѓање.
Вкупно, со замената на Ерик Тен Хаг, која чинеше нешто помалку од 12 милиони евра, Би-Би-Си проценува дека неуспешниот проект со португалскиот тренер „црвените ѓаволи“ ги чини речиси 43 милиони евра.
Неговите 14 месеци на клупата на Јунајтед се најмалку од 2014 година и Дејвид Мојес. Тој победи на 25 од 63 натпревари, сезоната ја заврши на 15-то место во Премиер лигата. Ова е најлошиот пласма на клубот од испаѓањето во 1973/74 година.
Покрај тоа, тие загубија во финалето на Лига Европа, со што тимот остана без учество во европските купови за прв пат од 1990 година.
Foto/ depositphotos
Спорт
Без да потроши и еден цент Јувентус сака да изврши реконструкција во тимот
Челниците на Јувентус, откако тимот испадна од Лигата на шампионите, започнаа да ги кројат плановите за летната реконструкција. Планот е да се обидат да донесат четворица квалитетни фудбалери. Сите овие играчи, за чии интерес покажува Јувентус, ќе бидат слободни по завршувањето на сезоната. Планот е јасен без да потрошат пари, челните луѓе имаат намера да ја извршат реконструкцијата.
Прв на листата е Леон Горецка. Играчот на Баерн нема да добие нов договор, за него имаше интерес и во јануарскиот преоден рок но теој реши да стане во Минхен до крајот на сезоната.
Вториот е дефанзивецот на Борнмут, Маркос Сенеси. Слично како и за Горецка, и за неговите услуги постои голем интерес. Јувентус би морал да му понуди место во стартер и висока плата за да го привлече да се пресели во Торино.
Третиот и најпознат е Бернардо Силва, од јануари се шпекулираше дека Јувентус би можел да го доведе овој играч, а сега „Газета дело Спорт“, само ги потврди претходните извештаи дека овој играч е високо на листата на Бјанконерите.
Последен во низата, но не и најмалку важен, е дефанзивецот на Рома, Зеки Челик, фудбалер кој пред неколку години пристигна во Рим од Лил. Тој е стандарден член на турската репрезентација, а покрај тоа, може да покрие две позиции во одбраната, може да игра како десен бе и по потреба како дефанзивец.
Foto/ depositphotos
Спорт
Пеколни 18 дена се пред фудбалерите на Њукасл
Њукасл, попладнево го дозна противникот во осминафиналето, во Лигата на шампионите. „Страчките“ за противник ја добија Барселона.
Но Барселона најмалку го загрижува менаџерот Еди Хау. Пред неговиот тим е пеколно тежок распоред, во кој ќе одиграат шест натпревари за 18 дена.
Добрата вест е дека играат четири натпревари дома.
Прво во Премиер лигата ќе го пречекаат Манчестер Јунајтед на 4 март, а три дена подоцна ќе играат во ФА Купот против Манчестер Сити.
Следува натпреварот против Барселона во Лигата на шампионите. Овие три натпревари Њукасл ќе ги одигра на домашен терен.
„Страчките“ потоа ќе гостуваат кај Челзи, на 14 март, а неделата ја затвораат со уште еден натпревар против Барселона на стадионот „Камп Ноу“.
Сето ова ќе биде зачинето со најголемото дерби за навивачите на Њукасл, локалното против Сандерленд на 22 март.

