Спорт
Алонсо го одбил Ред бул да биде замена за Рикардо!
Фернандо Алонсо во интервју со „Скај спортс Ф1“ пред Белгиското ГП открива дека добил понуда од Ред бул рејсинг пред да одлучи да ја прекрати кариерата и покрај претходните изјави на шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер, дека Алонсо „внесува хаос“ во тим…


Фернандо Алонсо во интервју со „Скај спортс Ф1“ пред белгиското ГП открива дека добил понуда од Ред бул рејсинг пред да одлучи да ја прекине кариерата и покрај претходните изјави на шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер, дека Алонсо внесува хаос во тимовите.
Двократниот светски шампион вели дека одбил понуда од поранешните шампиони по одлуката на Даниел Рикардо да замине во Рено по што Ред бул реши да му верува на Французинот Пјер Гасли.
„Од еден од топ-3 тимовите имав понуда неколкупати оваа година“, изјави Алонсо запрашан од новинарот Тед Кравиц, кој потоа го потпрашува дали се работи за местото на Даниел Рикардо на што Алонсо кратко одговара: „Да“.
Шпанецот на крајот реши да ја прекине својата Ф1-кариера велејќи дека спортот станал премногу предвидлив – во јануари се знае како ќе се заврши сезоната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Пропаѓа патека во Формула 1 вредна 350 милиони евра

Формула 1 последните години години се наоѓа во подем. Речиси сите трки се распродадени, а интересот е неверојатен.
Сепак, има една патека во најбрзиот караван што чинеше многу, а сега е празна и пропаѓа.
Изградбата Кореја интернешенал чинеше „скромни“ 350 милиони евра. На оваа патека се одржаа четири трки од шампионатот во Формула 1 Последниот пат се возеше во 2013 година.
Во 2010 година победи Фернандо Алонсо, а потоа три побреди забележа Себастијан Фетел.
Се очекуваше патеката да донесе големи придобивки за Јужна Кореја. Имаше 120 илјади седишта. Сепак, ниту еднаш во четири години не беше полна.
Многумина сметаат дека проблем бил и фактот што е оддалечена 317 километри од Сеул.
Шампионатот во Формула 1 започнува со Големата награда на Австралија. Трката се вози утре од 5 часот по средноевропско време. Од пол-позицијата ќе стартува возачот на Мекларен, Ландо Норис.
Спорт
Нејмар сепак нема да игра за Бразил

Нејмар сепак нема да настапи за Бразил во претстојните два натпревари во рамките на квалификациите за пласман на Светското првенство.
Нејмар доби повик од селекторот Доривал Жуниор, но поради повреда ќе мора да ги пропушти овие квалификациски натпревари.
„Последниве денови, по повикот на 6 март, медицинскиот сектор на бразилската репрезентација на чело со д-р Родриго Ласмар, не информираше за состојбата на сите фудбалери, особено Данило, Нејмар и Едерсон. На нивно место повикот беше упатен до Лукас Переира од Лион, Алекс Сандро од Фламенго и Ендрик од тренерот на Реал Мадрид“, објави селекторот на Бразил. .
Во претстојниот „прозорец“ Бразилците ги очекуваат две дербија, дуелот со Колумбија во Бразилија, ноќта меѓу четврток и петок по средноевропско време и гостувањето кај најголемиот ривал Аргентина во Буенос Аирес, ноќта меѓу 25 и 26 март.
Спорт
Сензационалната Андреева преку Шјонтек до финалето во Индијан Велс

Руската сензација Мира Андреева избори пласман во финалето на Мастрсот во Индијан Велс.
Во полуфиналето 17-годишната Андреева ја надигра Ига Шјонтек со 7:6, 1:6, 6:3. Ова е втор последовно финале за Андреева на турнирите од Мастерс серијата, откако пред три недели играше во финалето во Дубаи. Интересно и во Дубаи во полуфиналето ја победи Швјонтек.
„Голема победа во тешки услови. Не успеав да ја искористам мојата шанса во првиот сет, но кога стигнав до тај-брејк се чувствував многу самоуверено. Го играв како да ми е последен во животот. Мојот сервис беше извонреден. Го играв секој удар до максимум. Вториот сет беше малку чуден, таа ме надигра играјќи многу длабоко но и со добри излегувања на мрежата. Размислував во паузата меѓу вториот и третиот сет што да сменам и решив да продолжам да играм исто тактички, но да напаѓам уште повеќе. Исто така, одлично ги контролирав нервите и затоа сега сум многу горда на себе“, рече Андреева 11 победи во низа. Таа го освои Дубаи.
Ривалка за титулата во Индијан Велс ќе и биде најдобрата тенисерка на светот, Арина Сабаленка, која со 6:0, 6:2 ја победи шампионката на Австралија опен, Медисон Кис, и се одмазди за поразот во тоа финале.