Спорт
Анчелоти: Јуве во моментот е преголем залак за Наполи
Иако Наполи останува еден од најсериозните ривали на Јувентус за титулата во Серија А, нивниот тренер Карло Анчелоти вели дека претекнувањето на „бјанконерите“ засега е претешка задача за клубот од Неапол.
Наполи заврши во топ 3 под Маурицио Сари во по…


Иако Наполи останува еден од најсериозните ривали на Јувентус за титулата во Серија А, неговиот тренер Карло Анчелоти вели дека престигнувањето на „бјанконерите“ засега е претешка задача за клубот од Неапол.
Наполи заврши во топ-3 под Маврицио Сари во последните три години, а сега под поранешниот тренер на Реал Мадрид и Челси ја задржуваат втората позиција, но имаат осум поени заостанување по 17 меча. Анчелоти вели дека ќе треба да направат нешто посебно за да го спречат Јуве, кој има седум титули во низа.
„Мораме да се мотивираме со тоа што се споредуваме самите со себеси, а не со другите. Ако сакате да станете како Лео Меси, тогаш вашиот пат е одреден од генетиката. Но, тоа не значи дека не можете да бидете подобри секој нареден ден. Истото е и со клубовите. Ако сакаме да се обврземе да го победиме Јувентус, за нас тоа е преголема цел. Јас сум тука да победувам и целта ни е да имаме тим што ќе се бори цела сезона“, вели Анчелоти во интервју за „Кориере дела сера“.
Анчелоти ги потврди шпекулациите дека бил блиску до клупата на Милан минатата сезона по заминувањето од Баерн Минхен, но дека „росонерите“ се решиле за Џенаро Гатузо.
„Двапати бев блиску до ’Сан Сиро’. Кога си заминав од Реал Мадрид, кај мене дојде Адријано Галијани, но имав проблеми со грбот и не бев подготвен за работа. Потоа, Марко Фасоне пријде кога си заминав од Баерн“, вели Анчелоти.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Резервите му донесоа триумф на Арсенал во Билбао, дебитантот Унион го шокира ПСВ

Со гостински победи на Арсенал и дебитантот Унион Сен Жилоа, започна сезоната 2025/2026 во Лигата на шампионите.
Арсенал на „Сан Мамес“ во Билбао, не прикажа некоја спектакуларна игра, но успеа да го победи Атлетик.
Два гола постигнаа играчите од клупата за резерви. Мартинели по нецели 15 секунди откако влезе во игра во 72.минута погоди за 0:1. Конечниот резултат го постави Тросар во 87.минута. Резервите на Артета си поделија по една асистенција.
На „Филипс“ стадионот во Ајндховен, ПСВ доживеа шокантен пораз од Унион Сен Жилоа. Дека Белгијците се дојдени по победа во Ајндховен најави Дејвид во деветтата минута од пенал. Половина час подоцна слаломот на Ел Хаџ им донесе на гостите предност од два гола.
Точка на победата на гостите стави братот на фудбалерот на Ливерпул, Алексис Мекалистер, Кевин.
Честа на ПСВ ја спаси, Ван Бомел во 90.минута.
Спорт
Шејн Ларкин ја заврши репрезентативната кариера

Шејн Ларкин, кошаркарот на Ефес, одлучи повеќе да не го носи дресот на Турција.
Искусниот плејмејкер го водеше тимот на Ергин Атаман до сребрен медал на Евробаскетот, по што реши да стави крај на репрезентативната кариера.
Тој ја информираше јавноста за својата одлука на социјалните мрежи.
„Пред седум години се согласив да играм за Турција без никакви очекувања. А седум години подоцна, чувствувам дека ова е мојот втор дом. Начинот на кој ме прифативте и ме поддржавте не може да се опише со зборови. Иако не ја постигнавме главната цел, а тоа е златен медал, поддршката што ја добивме од целата земја значеше повеќе од само медал“, напиша Ларкин и додаде:
„Беше чест и привилегија да го носам овој дрес и да играм за Турција. Засекогаш ќе бидам еден од вас! Ве сакам од се срце“, заврши тој со зборови на турски.
Ларкин имаше просек од 11,6 поени и 5,1 асистенции на Европското првенство.
Спорт
Атлетико без најдобриот играч отпатува во Ливерпул

Ливерпул, утре, ќе го пречека Атлетико Мадрид во еден од најпривлечните натпревари во првото коло, во Лигата на шампионите.
„Јорганџиите“ ќе бидат хендикепирани на „Енфилд“, тренерот Диего Чоло Сименоне нема да може да смета на првиот напаѓач, Хулијан Алварез.
За време на викендот против Виљареал, Аргентинецот почувствува непријатност во коленото, беше заменет, а по лекарските прегледи беше одлучено да се одмори и да го прескокне дуелот со шампионите на Англија.
Во негово отсуство, нападот на Атлетико ќе го предводат Антоан Гризман и Александар Серлот.
Атлетико објави дека Тијаго Алмада, Алекс Баена и Хозе Марија Хименез ќе го пропуштат натпреварот со Ливерпул.
Натпреварот во Ливерпул ќе започне во 21:00 часот.