Спорт
Аргентина и без Меси убедлива против Ирак (видео)
Аргентина стигна до убедлива 4:0 победа над Ирак во пријателски меч во Ријад, Саудиска Арабија, во убава контрола за новиот состав на селекторот Лионел Скалони.
Без првата ѕвезда Лионел Меси, кој зема „репрезентативен одмор“ по фијаското на Мундијалот …


Аргентина стигна до убедлива 4:0 победа над Ирак во пријателски меч во Ријад, Саудиска Арабија, во убава контрола за новиот состав на селекторот Лионел Скалони.
Без првата ѕвезда Лионел Меси, кој зема „репрезентативен одмор“ по фијаското на Мундијалот во Русија, „албиселесте“ во поинаков подновен состав стигна до лесна победа над Ирак.
Новата ѕвезда на Интер, Лаутаро Мартинез го отвори резултатот во 18. минута од мечот откако Акуња совршено му нафрли и тој со глава лесно го совлада ирачкиот голман. До вториот гол се чекаше до 53. минута, кога фудбалерот на Ватфорд, Рикардо Переира го искористи добриот против на Пауло Дибала за да зголеми на 2:0
Третиот гол падна во 82. минута кога по еден корнер дефанзивецот Гвидо Пезеља беше највисок во скокот, а конечните 4:0 ги постави Франко Серви (Бенфика) во 92. минута од мечот.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Митровиќ во Ал Рајан

Александар Митровиќ имаше две одлични сезони во Ал Хилал, но со доаѓањето на Симоне Инзаги стана вишок во тимот. Србинот долго време бараше клуб, одби да се врати во Европа, реши кариерата да ја продолжи во Катар.
Како што објавија медиумите од Блискиот Исток, Александар Митровиќ ќе биде новиот играч на Ал Рајан. Тие тврдат дека работата е веќе завршена и дека клубовите го договориле сите услови.
Моментално нема финансиски детали од овој договор, но веројатно и тоа наскоро ќе биде познато.
Митровиќ пристигна во Ал Хилал од Фулам за 53 милиони евра, имаше уште една година од договорот со тимот од Саудиска Арабија. Тој постигна 68 гола со 15 асистенции на 79 натпревари за Хилал. Освои четири трофеи.
Foto/ „X“
Спорт
Пакетa ослободен од обвиненија за обложување – ФА нема да поднесе жалба

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) нема да поднесе жалба против одлуката на независната комисија, која отфрли четири обвиненија за местење натпревари против Лукас Пакета.
По истрагата спроведена од ФА, независна комисија ги разгледа сите докази, а во средата беа објавени писмени објаснувања за отфрлање на четирите обвиненија за местење натпревари.
„Фудбалската асоцијација е посветена на зачувување на интегритетот на фудбалот и во случај на какви било сомнежи, секогаш ќе се спроведуваат целосни истраги“, се вели во соопштението на ФА.
Истрагата на ФА започна во август 2023 година, а во мај 2025 година Бразилецот беше обвинет дека намерно добивал жолти картони со намера да влијае на пазарот на обложување.
Фудбалската асоцијација (ФА) поднесе четири обвиненија поврзани со натпреварите на Вест Хем со Лестер на 12 ноември 2022 година, Астон Вила на 12 март 2023 година, Лидс на 21 мај 2023 година и Борнмут на 12 август 2023 година.
Пакета беше одбвинет и дека не соработувал со истражителите, по две точки, во врска со прекршувањето на Правилото 13 и Правилото Ф2 – тие две правила се однесуваат на обезбедување информации и документација во истрагите.
Тој ги отфрли и обвинувањата поврзани со обложување и обвинувањата дека не соработувал за време на истрагата. Независната комисија отфрли четири точки од обвинението за обложување, објаснувајќи дека нема доволно цврсти и убедливи докази, но ги потврди преостанатите две точки како основани.
„Регулаторната комисија ќе одлучи за соодветната казна што е можно поскоро“, беше кажано.
Што се однесува до отфрлените обвинувања, комисијата објави објаснувања на 314 страници во кои е земен предвид секој можен детаљ и за кои општиот заклучок беше дека Пакета се однесувал во согласност со ситуацијата на теренот во сите споменати ситуации.
Исто така, беше истакнато дека за време на истрагата, ФА не успеала да пронајде ниту еден податок во телефонот на играчот што споменува обложување или нешто поврзано со натпревари означени како спорни.
Стручњаците за истрагата откриле повеќе од 300 пораки што биле избришани, ниту една од нив не била поврзана со обложување.
Фудбалската асоцијација ја прифати одлуката на регулаторната комисија и нема да поднесе жалба против неа.
Foto/ EPA
Спорт
Синер го декласира Музети

Јаник Синер, најдобриот тенисер во светот e чекор поблиску до одбрана на трофејот на Отвореното првенство на САД. Во последното четвртфинале во машка конкуренција, Синер го декласира сонародникот Лоренцо Музети во три одиграни сета.
Синер го победи Музети со 3-0 (6:1, 6:4, 6:2) по точно два часа игра и го зголеми меѓусебниот резултат со својот сонародник на 3-0.
Италијанскиот ас ја забележа својата 26-та последователна победа на Гренд слем турнирите на тврда подлога, откако го освои претходниот Ју-ес опен и последните два Отворени првенства на Австралија, а оваа година во Њујорк, досега, има пет победи.
Ова ќе биде осмо полуфинале на Гренд слем турнирите на Синер во кариерата, а негов противник ќе биде Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим, кој го победи Алекс де Минор.
24-годишникот од Јужен Тирол го израмни и рекордот на Новак Ѓоковиќ од 26 последователни победи на Гренд слем турнирите на тврда подлога, а ист број победи имаше и Иван Лендл. Новак е и на второто место, имаше 27 победи во друга прилика, а Федерер е далеку пред сите други со дури 40.