Спорт
Асвел доби евролигашка лиценца
Елитното кошаркарско натпреварување потврди дека од наредната сезона Евролигата ќе брои 18 екипи. По состанокот во Тел Авив, Евролигата, потврди дека лиценци за наредната сезона добиле Асвел и Баерн Минхен.
Овие два клуба од Евролигата добиле двегодишн…
Елитното кошаркарско натпреварување потврди дека од наредната сезона Евролигата ќе брои 18 екипи. По состанокот во Тел Авив, Евролигата, потврди дека лиценци за наредната сезона добиле Асвел и Баерн Минхен.
Овие два клуба од Евролигата добиле двегодишни лиценци, што значи дека во елитата од наредната сезона ќе се натпреваруваат 18 екипи.
Во моментов десет годишни лиценци за учество имаат ЦСКА Москва, Ефес, Фенербахче, Панатинаикос, Олимпијакос, Басконија, Реал, Барселона, Макаби, Армани Милано и Жалгирис.
Баерн и оваа сезона настапува во Евролигата, до која стигна со освојувањето на титулата во германското првенство.
Инаку, Асвел, ги исполниле сите барања на Евролигата, а наредната сезона тимот чии сопственик е славниот Тони Паркер, ќе има буџет од 12 милиони евра. Асвел последен пат во Евролигата играл во 2010 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Будимир и Осасуна го шокираа Атлетик Билбао
Актуелниот освојувач на шпанскиот кралски куп, Атлетик Билбао, оваа сезона е елиминиран во осминафиналето.
Атлетик на својот „Сан Мамес“ беше поразен од Осасуна со 3:2. Херој на тимот од Памплона е хрватскиот напаѓач Анте Будимир, кој вечерва со два гола ја замолкна популарната „Катедрала“ и го одведе својот тим меѓу осумте најдобри.
Осасуна им зададе тешки удари на домаќините на крајот од првото полувреме. Најпрво во 40. минута Аимар Ороз го постигна првиот гол, а четири минути подоцна Осасуна поведе со 2-0 со голот на Будимир од пенал.
Во судиското надополнување на првото полувреме, домашните успеаја да ја преполоват негативата. Ињаки Вилијамс нафрли, а неговиот брат Нико постигна голот кој ги врати во живот Баскијците.
Билбао успеа да израмни по 10 минути игра во вториот дел кога погоди ветеранот Оскар Де маркос. Сепак конечниот удар на Атлетик му го зададе Будимир во 70.минута.
Пласман во четвртфиналето избори Реал Сосиедад кој го победи Рајо Ваљекано со 3:1.
Сосиедад поведе во 23. минута со голот на Микел Ојарзабал, а во судиското надополнување на првото полувреме Јон Андер Оласагасти зголеми на 2:0.
Во седмата минута од судиското надополнување Рајо ја намали негативата со голот од пенал на Оскар Трехо, но третиот гол на Серхио Гомез за Сосиедад во 79. минута ги реши сите сомнежи за победникот.
Спорт
Спектакл во Мелбурн, 19-годишниот Тиен во пет сета и по пет часа игра го победи Медведев
Данил Медведев, во спектакуларен меч по четири часа и 48 минути загууби во второто коло на Австралија опен од Американецот Лернер Тиен. 19-годиникот победи со 6:3, 7.6, 6:7, 1:6, 7:6. Мечот заврши во три часот наутро по Аватралиско време.
Медведев налета на „тврд орев“ во младиот Американец. Не делуваше добро во првите два сета, но успеа да се извлече во третиот сет, во тај-брејкот спаси меч топка, а потоа со 10:8 ја доби 13.игра и остана во мечот.
Во четвртиот, Тиен под импресија од пропуштената шанса, не постоеше на теренот. Му дозволи на Медведев да се прошета низ сетот и да изедначи на 2:
Драмата колуминираше во сетото на одлука. Медведев на стартото пропушти три топки за брејк, пропушти брејк топка и во петтиот гем. Успеа да му го одземе сревисот на противникот во 11.гем, сервираше за победа, но рускиот тенисер тој гем го одигра ужасно лошо.
Во супер-тај брејкот, Тиен доигра неколу спектакуларни поени, а два пати му го одзеде сервисот на Медведев и дојде до предност 8:7 беше јасно дека е ја забележи најголемата победа во кариерата.
Спорт
Александер Исак во потера по рекордите на Ван Нистелрој и Варди
Њукасл во средата навечер ја забележа деветтата последователна победа во сите натпреварувања, а Александар Исак ја продолжи својата голгетерска серија.
Исак постигна два гола во победата на Њукасл од 3:0 над Вулверхемптон, со што се искачи на третото место на листата на најдобри стрелци во Премиер лигата со 15 гола.
Пред него се само Ерлинг Халанд од Манчестер сити, кој има постигнато гол повеќе и Мохамед Салах, кој досега постигна 18 голови во Премиер лигата.
Ререзентативецот на Шведкса на последните осум натпревари постигна најмалку еден гол. Беше стрелец против Ливерпул, Брентфорд, Лестер, Ипсвич (три гола), Астон Вила, Манчестер јунајтед, Тотенхем и Вулверхемптон (два гола)
Само двајца фудбалери имаат подолга голегетерска серија од Исак, Џејми Варди (октомври – декември 2019) и Руд ван Нистелрој (декември 2001 – јануари 2002) имаат по осум последователни натпревари со најмалку еден постигнат гол.
Руд ван Нистелрој постигна гол на десет последователни натпревари, додека рекордер е Џејми Варди, кој постигна гол на 11 последователни натпревари помеѓу август 2015 и ноември 2015 година.