Спорт
Атланта Јунајтед ја освоија МЛС лигата (Видео)
Фудбалерите на Атланта Јунајтед ја освоија титулата во американската МЛС лига. Пред 73.000 гледачи на „Мерцедес Бенц“ стадионот, Атланта ги победи Портланд Тимберс со 2:0.
Атланта Јунајтед му ја донесоа на градот првата титула по пауза од 23 години, ко…


Фудбалерите на Атланта Јунајтед ја освоија титулата во американската МЛС лига. Пред 73.000 гледачи на „Мерцедес Бенц“ стадионот, Атланта ги победи Портланд Тимберс со 2:0.
Атланта Јунајтед му ја донесоа на градот првата титула по пауза од 23 години, кога Атланта Брејвс го освоиле бејзбол првенството на САД.
Хосеф Мартинез, најкорисниот играч во лигата, го постигна првиот гол во 39.минута. За Мартинез тоа беше 35.гол во сезоната. Конечниот резултат го постави Франко Ескобар во 54.минута.
Атланта постои четири години, а две години се натпреваруваат во МЛС лигата.
Тренер на овој тим е поранешниот селектор на Аргентина Херардо „Тата“ Мартино.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Баерн се вклучи во трката за потписот на Гитенс

Баерн Минхен влезе во трката за потписот на 20-годишниот Џејми Гитенс. Младиот англичанец извесен период се поврзува со трансфер во Челзи. Аглискиот клуб веќе се договори за седумгодишен договор со младиот англиски репрезентативец, кој постигна 12 гола и имаше пет асистенции во 49 натпревари минатата сезона.
Иако Челзи неодамна го потпиша Лиам Делап за 35 милиони евра, клубот е заинтересиран да ги зајакне и крилните позиции. Сепак, според „Кикер“, Баерн се подготвува да изврши сериозен напад, откако Флоријан Вирц се пресели во Ливерпул, а Нико Вилијамс е блиску до потпишување за Барселона.
Гитенс, кој веќе игра важна улога во тимот на Нико Ковач во Борусија Дортмунд, сега се смета за една од главните цели на Баерн. Германскиот клуб го цени Гитенс на 70 милиони евра, што ги комплицира плановите на Челзи, особено по допинг скандалот на Михаило Мудриќ.
Се шпекулира дека Гитенс сè уште е заинтересиран за трансфер во Челзи, но само под услов да клубот да ги плати бараните 70 милиони евра.
Спорт
Мари добива статуа на Вимблдон

Британскиот тенисер Енди Мареј ќе добие статуа во комплексот Вимблдон.
Мареј, кој го заврши 77-годишниот пост на Британците на Вимблдон, ќе биде почестен на теренот на Ол Ингланд Клубот.
Мари го победи Новак Ѓоковиќ во финалето во 2013 година, а ја освои титулата во 2016 година со триумф над Милош Раониќ.
Тој се повлече од тенисот минатото лето, по Олимписките игри во Париз.
Деби Џиванс, директорка на Ол Ингланд Клубот, вели дека планот е статуата да биде поставена во 2027 година.
Тоа ќе биде на 150-годишнината од турнирот Вимблдон, кој се игра од 1877 година.
За потсетување бронзена статуа на Фред Пери беше поставена на Вимблдон во 1984 година, на 50-годишнината од неговата прва титула.
Спорт
Тотенхем ќе ја активира откупната клаузула во договорот на Езе

Капитенот на Тотенхем, Сон, по 10 години ќе го напушти клубот. Опција за Кореецот е Саудиска Арабија и веројатно таму ќе ја продолжи кариерата. Тотенхем и новиот тренер Томас Франк ја означија замената за Сон.
Офанзивниот играч на Кристал Палас, Еберечи Езе (26), се споменува како клучно засилување, кое ќе ги накави високите амбиции на Тотенхем во новата сезона.
Англискиот репрезентативец е еден од најзаслужните за освојувањето на првиот трофеј во историјата на Палас, во финалето на ФА Купот го постигна единствениот гол за триумф против Манчестер сити.
Езе има откупна клаузула во износ од 68.000.000 фунти, но тоа очигледно не го загрижува раководството на Тотенхем, кое е подготвено да ги издвои споменатите пари и на тој начин да ја наполни касата на градскиот ривал. Палас пред пет години за Езе на КПР им плати нешто повеќе од 15.000.000 фунти.