Спорт
Ајнтрахт го освои Рим, Кварезма со црвен картон помогна за елиминација на Бешикташ (видео)
Ајнтрахт Франкфурт ја комплетираше совршената сезона во Лига Европа со победа со пресврт од 2:1 на гостувањето кај Лацио, додека елиминација во најмасовното европско натпреварување доживеаја фаворизираните Глазгов Ренџерс и Бешикташ.
Лацио поведе на „О…

Ајнтрахт Франкфурт ја комплетираше совршената сезона во Лига Европа со победа со пресврт од 2:1 на гостувањето кај Лацио, додека елиминација во најмасовното европско натпреварување доживеаја фаворизираните Глазгов Ренџерс и Бешикташ.
Лацио поведе на „Олимпико“ преку Кореа во 55. минута од мечот кој не одлучуваше многу, пред Ајнтрахт да ја забележи шестата победа во шест меча благодарение на головите на Гачиновиќ и Халер во 65., односно 71. минута.
Бешикташ пак, загуби дома со 0:1 од шведскиот Малме за да биде елиминиран од натпреварувањето, а мечот беше одбележан и со грубиот старт и директниот црвен картон на Рикардо Кварезма.
Quaresma’nın kırmızı kart gördüğü pozisyon pic.twitter.com/a3yj4Y6G5C
— Futbol Arşiv® (@futbolarsiv_) December 13, 2018
Глазгов Ренџерс загуби на гостувањето кај Рапид Виена со 1:0, што беше доволно австрискиот клуб да ги поимине на второто место на табелата во групата Х зад Вилјареал.
МОЛ Види на Бобан Николов одигра 2:2 против Челси на домашен терен, но тоа не беше доволно за пласман понатаму, бидејќи БАТЕ Борисов победи во Солун против ПАОК со 3:1 за освојување на второто место.
ЛИГА ЕВРОПА, 6.КОЛО
ГРУПА Г
Рапид Виена – Глазгов Ренџерс 1:0
Вилјареал – Спартак Москва 2:0
Табела: 1.Вилјареал 10, 2.Рапид 10. 8, 3.Ренџерс 6, 4.Спартак 5
ГРУПА Х
Лацио – Ајнтрахт Франкфурт 1:2
Марсеј – Аполон 1:3
Табела: 1.Ајнтрахт 18, 2.Лацио 9, 3.Аполон 7, 4.Марсеј 1
ГРУПА И
Бешикташ – Малме 0:1
Генк – Сарпсборг 4:0
Табела: 1.Генк 11, 2.Малме 9, 3.Бешикташ 7, 4.Сарпсборг 5
ГРУПА Ј
Акхисар – Стандард Лиеж 0:0
Севилја – Краснодар 3:0
Табела: 1.Севилја 12, 2.Краснодар 12, 3.Стандард Лиеж 10, 4.Акхисар 1
ГРУПА К
Динамо Киев – Јаблонец 0:1
Рен – Астана 2:0
Табела: 1.Динамо К. 11, 2.Рен 9, 3.Астана 9, 4.Јаблонец 5
ГРУПА Л
МОЛ Види – Челси 2:2
ПАОК – БАТЕ Борисов 1:3
Табела: 1.Челси 16, 2.БАТЕ 9, 3.МОЛ Види 7, 4.ПАОК 3
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Белингем ги загрижи фановите, снимен со маска за кислород
Ѕвездата на Реал Мадрид, англискиот играч од средниот ред, Џуд Белингем, ги загрижи навивачите откако предвреме го напушти натпреварот против Рајо Ваљекано поради повреда на тетивата.
Дополнително внимание предизвика неговата објава на социјалните мрежи во која носи маска за кислород со пораката: „Животот продолжува“.
📲 Jude Bellingham on his app: “Life goes on.” pic.twitter.com/8xj6XoLgNr
— Madrid Zone (@theMadridZone) February 3, 2026
Белингем почувствува непријатност во задниот мускул на левата нога пред почетокот на натпреварот, а за време на загревањето се држеше за болното место.
Во деветтата минута од натпреварот, болката стана неподнослива и Англичанецот мораше да го напушти теренот.
Веднаш по натпреварот, Реал направи магнетна резонанца, а вестите не беа добри. Белингам има сериозна повреда на мускулот на левата нога. Клубот објави дека закрепнувањето ќе биде внимателно следено и дека точниот датум на враќање на теренот сè уште не е познат.
Според проценките, Белингем ќе ги пропушти следните лигашки натпревари против Валенсија, Реал Сосиедад, Осасуна и Хетафе, како и дуелот од нокаут фазата на Лигата на шампионите со Бенфика.
Ова е дополнителен удар за младиот Англичанец, кој веќе го пропушти почетокот на сезоната поради операција на рамото по Светското клупско првенство во САД.
Foto/ depositphotos
Спорт
Швеѓанец ја презеде Пиза
Шведскиот тренер Оскар Хилемарк потпиша договор со Пиза до јуни 2027 година, наследувајќи го Алберто Џилардино, кој беше отпуштен на 1 февруари.
Пред да се приклучи на Пиза, Хилемарк беше тренер на Елфсборг, овој тим го водеше од летото 2024 година.
Пред него е тешка задача, борбата за опстанок во Серија А. Пиза е претпоследна со 14 бода, откако забележа само една победа во 23 кола од Серија А. Моментално се на четири бода од безбедната зона.
Хилемарк помина четири години во Италија за време на својата кариера, играјќи за Џенова и Палермо. Како играч, тој беше шампион на Шведска со Елфсборг во 2012 година, а во 2015 година го освои холандското првенство со ПСВ.
Хилемарк ја заврши својата кариера во 2021 година во Алборг, Данска, и веднаш се посвети на тренерската работа.
Прво беше помошник тренер во Алборг, а од март 2023 до јуни 2024 година беше главен тренер на данскиот клуб.
Спорт
„Бразил без Нејмар е само обичен тим“
Дали Нејмар ќе игра за Бразил на Светското првенство ова лето е прашање со кое светските медиуми, секако најмногу оние во Бразил, се справуваат речиси секој ден.
Бразилската легенда Ромарио верува дека Бразил не е Бразил без Нејмар. За него, Нејмар е сè уште најважниот играч во националниот тим.
„Отсуството на Нејмар е секако многу лошо за Бразил. Шестата титула е секако потешко да се освои без него“, рече Ромарио.
„Можеме само да се надеваме дека тој ќе биде физички добро и дека ќе може да даде сè од себе“, додаде тој.
Ромарио е свесен за физичките проблеми што ги има Нејмар долго време, но верува дека без оглед на тоа, тој е сè уште најважниот играч во националниот тим:
„Не знам дали ќе може да биде со тимот без никакви проблеми. Но, ако Нејмар е на 70 проценти од своите можности, тоа е веќе многу добро, и тој би бил од помош, и би направил разлика.“
„Без Нејмар, бразилската репрезентација е за жал само уште еден обичен тим“, заклучува Ромарио.
Од првиот ден кога ја презеде бразилската репрезентација, Карло Анчелоти повтори, и продолжува да повторува, дека не ја исклучува опцијата Нејмар да игра за репрезентацијата. Но, што се однесува до Светското првенство, Анчелоти вели дека ќе го повика Нејмар само ако е целосно подготвен и здрав.
Поминаа речиси две и пол години откако Нејмар последен пат играше за Бразил. Тој го одигра својот последен натпревар за репрезентацијата на 17 октомври 2023 година против Уругвај кога беше повреден.
Оттогаш, со сите промени во тимот и околу тимот, Бразил одигра 26 натпревари, забележа 11 победи, осум нерешени резултати и седум порази.
Foto/ depositphotos

