Спорт
Баерн, Ајакс, Сити, Јувентус блиску до нокаут фазата
Натпреварите во рамките на петтото коло, во Лигата на шампионите, ќе се одиграат вечерва и утре. Вечерва Баерн, Ајакс, Манчестер сити и Јувентус, имаат можност и теоретски да го обезбедат пласманот во осмина-финалето. Вечерва во терминот од 18:55 часот…

Натпреварите во рамките на петтото коло, во Лигата на шампионите, ќе се одиграат вечерва и утре. Вечерва Баерн, Ајакс, Манчестер сити и Јувентус, имаат можност и теоретски да го обезбедат пласманот во осмина-финалето. Вечерва во терминот од 18:55 часот ќе се одиграат дуелите АЕК-Ајакс и ЦСКА Москва-Викторија Плзен, останатите дуели на програмата се во терминот од 21 часот.
Само чудо може да ги спречи Баерн и Ајакс да не ги освојат првите две позиции во Е-групата. Вечерва Баварците против Бенфика, а Ајакс против АЕК во Атина можат, на коло до крајот да се пласираат во нокаут фазата.
Баерн е лидер со 10 бода, Ајакс има осум, Бенфика четири, а АЕК без освоен бод.
Група Е:
18.55 АЕК-Ајакс
21.00 Баерн-Бенфика
Манчестер сити ќе гостува во Лион, во Ф-групата и еден освоен бод е се промовира во осмина-финалист. Сити ќе бара одмазда за сензационалниот пораз на домашен терен, од овој притивник, во првото коло. Во вториот меч Хофенхајм ќе го пречека Шахтјор. Двата тима веројатно се борат за третото место и пласман во Лига Европа.
Сити води во групата со девет бода, Лион има шест, Хофенхајм три, а Шахтјор два бода.
Група Ф:
21.00 Хофенхајм-Шахтјор
21.00 Лион-Манчестер Сити
Многу блиску до наредната рунда се Реал и Рома од Г-групата. Вечерашниот дуел е борба за првата позиција во групата. Доколку вечерва има победник, тимот што ќе ги освои бодовите ќе се промовира во осмина-финалист.ЦСКА ќе го пречека тимот на Викторија и ова е дуел за третото место.
Реал и Рома имаат по девет бода, ЦСКА четири, а Викторија еден бод.
Група Г:
18.55 ЦСКА Москва-Викторија Плзен
21.00 Рома-Реал Мадрид
Најнеизвесно е во Х-групата каде Јувентус води со девет бода, два повеќе од Манчестер Јунајтед, Валенсија има пет, а Јанг Бојс со еден бод се пред елиминација.
Јувентус, нема право на кикс против Валенсија, исто како и Манчестер Јунајтед против швајцарскиот шампион.
Група Х:
21.00 Јувентус-Валенсија
21.00 Манчестер Јунајтед-Јанг Бојс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Илина и Ева го вееја македонското знаме на натпревар во Франција
Сестрите Илина и Ева Соколовски минатиот викенд ја претставуваа Македонија на традиционалниот Интернационален турнир во ритмичка гимнастика „Елегант куп“ во Келеј, Франција. На овој турнир учествуваа гимнастичарки од многу европските држави.
Илина имаше четири настапи- топка, холохоп, лента и чуневи. На настапите со топка и холохоп во големата конкуренција го освои 10-тото место, додека со лента и чуневи го освои 9-тото месо.

– Задоволна сум со резултатот иако секогаш може да биде подобро. Со оглед на големата конкуренција и организираноста ова е супер. Толку ни е силата, со сестра ми бевме сами, без судии, едноставно без се. Но, тоа што го веевме македонското знаме на вака голем европски натпревар е чувство што не се опишува, вели Илина.
Овој турнир за помалата сестра Ева беше посебен, бидејќи со само 15 години прв пат требаше да се натпреварува во сениорска конкуренција. Но, се случи нешто што никој не го посакуваше, најмногу таа, а тоа е што пред натпреварот, додека го одржуваше последниот тренинг се повреди. Имаше силна болка во коленото, па го откажа учеството од страв да не се случи поголем проблем.

-Сепак, и покрај проблемите ќе кажеме дека сме задоволни од резултатот и од учеството. Мораме да внимаваме на повреди, бидејќи не очекуваат повеќе вакви големи натпревари. По ова сега се подготвуваме за Европското првенство во ритмичка гимнастика, кое ќе се одржи во Варна, Бугарија, каде што и двете ќе ја преставиме нашата Македонија, велат Илина и Ева.

Македонските девојчиња со цврсти чекори ја газат евроспката сцена, но и германската. Со семејството живеат во Германија и поради талентот веќе се натпреваруваат во Бундес лигата. Илина и Ева се уште се натпреваруваат со македонски пасош, не само на интернационалните натпревари, каде ја претставуваат Македонија, туку и на врвните државни натпревари во Германија.
Златото, среброто и бронзата не им се непознаница, бидејќи досега на многу германски и европски наптревари освојувле медаљи. Затоа велат: „Наградите за Македонија ни се најдраги“.
Спорт
Белингем ги загрижи фановите, снимен со маска за кислород
Ѕвездата на Реал Мадрид, англискиот играч од средниот ред, Џуд Белингем, ги загрижи навивачите откако предвреме го напушти натпреварот против Рајо Ваљекано поради повреда на тетивата.
Дополнително внимание предизвика неговата објава на социјалните мрежи во која носи маска за кислород со пораката: „Животот продолжува“.
📲 Jude Bellingham on his app: “Life goes on.” pic.twitter.com/8xj6XoLgNr
— Madrid Zone (@theMadridZone) February 3, 2026
Белингем почувствува непријатност во задниот мускул на левата нога пред почетокот на натпреварот, а за време на загревањето се држеше за болното место.
Во деветтата минута од натпреварот, болката стана неподнослива и Англичанецот мораше да го напушти теренот.
Веднаш по натпреварот, Реал направи магнетна резонанца, а вестите не беа добри. Белингам има сериозна повреда на мускулот на левата нога. Клубот објави дека закрепнувањето ќе биде внимателно следено и дека точниот датум на враќање на теренот сè уште не е познат.
Според проценките, Белингем ќе ги пропушти следните лигашки натпревари против Валенсија, Реал Сосиедад, Осасуна и Хетафе, како и дуелот од нокаут фазата на Лигата на шампионите со Бенфика.
Ова е дополнителен удар за младиот Англичанец, кој веќе го пропушти почетокот на сезоната поради операција на рамото по Светското клупско првенство во САД.
Foto/ depositphotos
Спорт
Швеѓанец ја презеде Пиза
Шведскиот тренер Оскар Хилемарк потпиша договор со Пиза до јуни 2027 година, наследувајќи го Алберто Џилардино, кој беше отпуштен на 1 февруари.
Пред да се приклучи на Пиза, Хилемарк беше тренер на Елфсборг, овој тим го водеше од летото 2024 година.
Пред него е тешка задача, борбата за опстанок во Серија А. Пиза е претпоследна со 14 бода, откако забележа само една победа во 23 кола од Серија А. Моментално се на четири бода од безбедната зона.
Хилемарк помина четири години во Италија за време на својата кариера, играјќи за Џенова и Палермо. Како играч, тој беше шампион на Шведска со Елфсборг во 2012 година, а во 2015 година го освои холандското првенство со ПСВ.
Хилемарк ја заврши својата кариера во 2021 година во Алборг, Данска, и веднаш се посвети на тренерската работа.
Прво беше помошник тренер во Алборг, а од март 2023 до јуни 2024 година беше главен тренер на данскиот клуб.

