Спорт
Барса немоќна против ЦСКА Москва на отварањето на новата сезона од Евролигата
Новата сезона од кошаркарската Евролига започна со убедлива победа со 20 поени разлика на ЦСКА Москва над Барселона од 95:75.
„Армејците“ како да сакаа да покажат дека се подготвени за нова титула, откако по спориот старт (21:17 во првата четвртина), ј…
Новата сезона од кошаркарската Евролига започна со убедлива победа со 20 поени разлика на ЦСКА Москва над Барселона од 95:75.
„Армејците“ како да сакаа да покажат дека се подготвени за нова титула, откако по спориот старт (21:17 во првата четвртина), ја „разбија“ Барселона и на полувреме имаа 2 поени предност (51:29). Разликата се зголемуваше во последната третина, за на крај да се задоволат со 20 поени разлика.
Барселона сега нема победа на гости против ЦСКА од 2012 година. Кори Хигинс имаше 18 поени за ЦСКА, Де Коло додаде 17, додека Кајл Кјурик имаше 15 за Барселона.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Лука Јовиќ се сели кај својот поранешен тренер Ади Хитер
Лука Јовиќ до крајот на зимскиот преоден рок, како слободен играч, ќе го напушти Милан. Клубот од „Сан Сиро“ не бара обесштетување, целта е да се ослободи од платата на Јовиќ.
Лука Јовиќ ќе се пресели во Монако, по иницијатива и желба на тренерот на клубот, австрискиот стручњак Адолф Хитер.
Според „Танјуг“, заемен интерес има, преговорите се при крај, а реално е да се очекува наскоро и официјална промоција.
Јовиќ поради Хитер и Монако одбил понуди од Италија, Англија, Шпанија и Дубаи.
Српскиот фудбалер имаше добра соработка со Хитер во Ајнтрахт Франкфурт. Во Анјтрахт играше во извонредна форма, што му овозможи тренасфер во Реал вреден 63 милиони евра.
Хитер е тренер на Монако од 2023 година, а претходно ги водеше Борусија Менхенгладбах, Ајнтрахт, Јанг Бојс, Салцбург, Гредиг и Алтах.
Јовиќ (27) е член на Милан од 2023 година, а претходно играше за Фиорентина, Ајнтрахт, Реал, Бенфика и Црвена звезда.
За српската репрезентација одигра 42 натпревари и постигна 11 голови.
Монако моментално е трет во француската Лига 1 со 31 бод од 17 натпревари, пет зад Олимпик Марсеј и 12 зад лидерот Пари Сен Жермен.
Спорт
Барди откако раскина со Трабзон се враќа во Шпанија
Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди го раскина договорот со Трабзон. Барди без обесштетување ќе го напушти клубот. Постои можност тој да се врати во Шпанија каде претходно успешно го носеше дресот на Леванте.
Тренерот на Трабзон, Шенол Гунеш, на почетокот на ноември го исфрли Барди и уште неколку триги играчи од тимот. Подоцна Барди доби дозвола да трениера со првиот тим, но беше јасно дека во зимскиот преоден рок ќе го напушти клубот.
Барди сезонава настапи на осум натпревари за Трабзонспорт, одигра вкупно 377 минути.
Репрезентативецот на Македонија има две недели да ги слушне понудите и да се реши каде ќе ја продолжи кариерата.
Наводно тој има три понуди да се врати во Шпанија. Најсериозен интерес покажува Еспањол и според медиумите клубот од Барселона води во трката за неговиот потпис.
Интерес за Барди покажале и клубовите од Мадрид, Леганес и Рајо Ваљекано. Интересно, во овој период минатата година, Барди се поврзуваше со Рајо Ваљекано.
Спорт
Почина Александар Јовиќ
Утрово тажна вест ја потресе македонската јавност. На 51-годишна возраст почина македонски репрезентативец Александар Јовиќ.
Александар Јовиќ е роден во Бјелина, Босна и Херцеговина, Јовиќ во кариерата играше во најголемите клубови во земјава: Борец, Јафа Промет, Вардар, Металург, Пелистер. Играше со македонската репрезентација на две големи натпреварувања: Светското првенство во 2009 и Европското првенство во 2012 година.
Последните месеци, Јовиќ беше тренер на Пролет. Претходно во кариерата беше тренер на Металург, Металург 2, Пелистер и Пелистер 2.
Како тренер на Пелистер ја освои шампионската титула во домашното првенство, прва по 2006 година.