Спорт
Бетис победи кај Алавес (Видео)
Фудбалерите на Бетис во последниот натпревар од 28.коло во Ла Лига, на гостински терен го поразија Алавес со 3.1.
Бетис победи со двата гола на новата клупска ѕвезда Лорен во 23. и 78.минута, односно голот на Гарсија во 44.минута.
Единствениот гол за А…


Фудбалерите на Бетис во последниот натпревар од 28.коло во Ла Лига, на гостински терен го поразија Алавес со 3.1.
Бетис победи со двата гола на новата клупска ѕвезда Лорен во 23. и 78.минута, односно голот на Гарсија во 44.минута.
Единствениот гол за Алавес го постигна Собриана во 67.минута.
Бетис со оваа победа стигна до 40 бода и до осмото место на табелата и е само четири бода оддалечен од шестото место и квалификациите во Лига Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хамилтон: Васер е личноста што ќе го однесе Ферари до врвот

Ферари и Луис Хамилтон не импресионираа во првиот дел од сезоната. Многу се зборува за водството на италијанскиот тим, лошите тактики, стратегиите… Сепак, Хамилтон тврди дека првиот човек Фредерик Васер е вистинската личност на вистинското место.
Луис Хамилтон моментално е шести во генералниот пласман, позиција пред него е тимскиот колега Шарл Леклер. Нивните резултати во овој дел од сезоната му овозможија на тимот да биде втор во шампионатот на конструктори. Иако со речиси 200 поени помалку од лидерот Мекларен.
Под притисок поради резултатоте во рпвите девет трки за наоѓа шефот на тимот Фредерик Васер.
„Заедно сме во ова. Работиме напорно зад сцената. Работите не се совршени, но јас сум тука да работам со тимот, а секако и со Фред. Го сакам Фред тука. Верувам дека тој е личноста што ќе нè однесе на врвот“ рече Хамилтон.
„Многу луѓе немаат поим што се случува зад сцената. Ова прашање не е на дневен ред и сигурно не би било нешто што би го поддржал“.
Ферари ќе има можност да направи нов пробив овој викенд, кога на програмата е Големата награда на Канада.
Спорт
Трансферот на Зинченко зависи од Тео Ернандез

Играчот на Арсенал, Олександр Зинченко, е заинтересиран за трансфер во Милан, објавија италијанските медиуми.
Трансферот зависи од Тео Ернандез, кој се подготвува да замине од „Сан Сиро“. Милан преговара со Атлетико за трансферот на Тео, бидејќи фудбалерот изразил желба да се врати во клубот од чија академија потекнува.
Кога овој трансфер ќе биде завршен, Зинченко ќе може да го напушти Арсенал. Украинецот бара нов клуб бидејќи минатата сезона немаше никаква улога кај Микел Артета.
Спорт
Притворен Квинси Промес, ќе биде екстрадиран во Холандија

Холандскиот фудбалер Квинси Промес (33) е уапсен во Дубаи и наскоро треба да биде екстрадиран во неговата земја, каде што беше осуден на 7,5 години затвор.
Според холандските медиуми, полицијата во Дубаи извршила рација во станот на фудбалерот во четврток вечерта, Квинси бил уапсен и притворен и наскоро ќе биде екстрадиран во Холандија.
Правниот застапник на играчот, Кам Полат, потврди дека неговиот клиент е приведен, но одби да даде повеќе информации за случајот.
Во исто време, холандскиот новинар Јероен Каптејнс има информации дека Промес ќе биде испратен на отслужување на повеќегодишна казна што е можно поскоро.
„Се очекува многу наскоро да биде екстрадиран во Холандија. Мислам дека ќе биде испратен директно во затвор“, рече тој.
Апсењето на Промес се случи два дена откако Судот во Амстердам го отфрли барањето на играчот и неговите претставници за суспендирање на одлуката за негово апсење.
Промес сакаше Судот да му дозволи слободно движење за да може непречено да ја продолжи кариерата.
За потсетување поранешниот фудбалер на Спартак Москва беше осуден на шест години затвор во февруари 2024 година за учество во шверц на повеќе од еден тон кокаин што пристигна во пристаништето Антверпен.
На неговата основна казна му беше додадена година и пол за вооружен напад врз неговиот брат.
Промес пристигна во Дубаи додека сè уште беше фудбалер на Спартак, таму доживеа сообраќајна несреќа, по што беше уапсен и му беше забрането да ја напушти земјата. Во меѓувреме, го раскина договорот со рускиот клуб и потпиша за второлигашкиот клуб Дубаи Јунајтед.