Спорт
(Видео) Бизарна трка во Лондон, натпреварувачката што водеше застана без причина
Необична ситуација се случи на трката на 3.000 метри за жени, на митингот во Лондон. Во трката која не се бодуваше за Дијамската лига победи Лилијан Касаит Ренгерук од Кенија, меѓутоа исходот ќе беше поинаков доколку Фанту Ворку на 200 метри пред целта…

Необична ситуација се случи на трката на 3.000 метри за жени, на митингот во Лондон. Во трката која не се бодуваше за Дијамската лига победи Лилијан Касаит Ренгерук од Кенија, меѓутоа исходот ќе беше поинаков доколку Фанту Ворку на 200 метри пред целта не реши да ја заврши трката.
Ворку од Етиопија ја водеше трката кога неочекувано на половина круг до крајот реши да застане. Сите останати натпреварувачки потоа минаа низ целта, а таа остана без пласман.
Причината е помалку бизарна, бидејќи во моментот кога застанала, 19-годишната Ворку мислела дека ја минала целта.
Во она што го виделе не можеле да повреуваат ниту легендарните атлетичари Мајкл Џонсон и Џесика Енис-Хил, кој како стручни коментатори ја анализирале трката за Би-би-си.
„Ова е бизарно. Вакво нешто до сега не сум видел“, рекол Џонсон.
„Изгледаше дека го има потребниот ритам за да победи. Потоа застана, погледна зад себе и не и беше јасно што прават останатите“, рекла Енис-Хил.
Ethiopia’s Fantu Worku stopped suddenly with 200 metres left in the women’s 3,000 metres at the London Anniversary Games, thinking she had won the race by mistake pic.twitter.com/EbeP0IRHi8
— TRT World Now (@TRTWorldNow) July 21, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

