Спорт
Блејк Грифин со 50 коша ја сруши Филаделфија (видео)
Блејк Грифин, крилниот играч на Детроит Пистонс, ги обележа синоќешните натпревари во НБА лигата. Со рекордни 50 поени во кариерата Грифин го предводеше својот тим до драматичната победа над Филаделфија 133:132.
Детроит и Филаделфија одиграа исклучител…

Блејк Грифин, крилниот играч на Детроит пистонс, ги обележа синоќешните натпревари во НБА-лигата. Со рекордни 50 поени во кариерата Грифин го предводеше својот тим до драматичната победа над Филаделфија 133:132.
Детроит и Филаделфија одиграа исклучително неизвесен натпревар во кој ниту еден немаше предност поголема од десет поени. Во регуларниот дел натпреварот заврши 120:120 кога Грифин израмни во финишот, а потоа двата тима не реализираа по два напада за победа.
Во продолжението Грифин го реши мечот. На две секунди до крајот постигна поени за израмнување, а потоа го реализира слободното фрлање за победа.
Грифин мечот го заврши со 50 поени, 14 скока и шест асистенции, Реџи Џексон уфрли 23 коша, а Андре Драмонд забележа 14 поени и 16 скока.
Кај Филаделфија се истакна Џоел Ембид со 33 поени, 11 скока и седум асистенции, а Џеј-Џеј Редик реализира 30 поени.
Њу Орлеанс пеликанс го продолжи добриот старт во сезоната со победата над ЛА клиперс 116:109. „Пеликаните“ одново ги предводеа Ентони Дејвис и Никола Миротиќ. Дејвис забележа 34 поени, 13 скока и пет блокади, а Миториќ 18 поени и 12 скока.
На другата страна Тобијас Херис беше најефикасен со 26 поени, два повеќе од Данило Галинари.
Деневер без некои поголеми проблеми славеше над Сакраменто 126:112. Џамал Мари постигна 19 поени за само 18 минути игра, Гери Херис беше стрелец на 18 коша, а Никола Јокиќ за 23 минути забележа 14 поени и 12 скока.
Дебитантот Марвин Бегли Јуниор со 20 поени беше најефикасен кај Сакраменто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

