Спорт
Богдановиќ ги носеше Кингси до победа, Грифин доминантен против екс-соиграчите (видео)
Детроит ги изненади Клиперси во Лос Анџелес и триумфираше со 109:104 во еден од најинтересните натпревари во НБА понудата синоќа. Најдобар кај победниците беше екс-играчот на Клиперси, Блејк Грифин кој постигна 44 поени. 23-те поени на Галинари не беа …
Детроит ги изненади Клиперси во Лос Анџелес и триумфираше со 109:104 во еден од најинтересните натпревари во НБА понудата синоќа. Најдобар кај победниците беше екс-играчот на Клиперси, Блејк Грифин кој постигна 44 поени. 23-те поени на Галинари не беа доволни за Клиперси да издржат на налетите на Пистонси.
Во дербито на Западот, Оклахома со 122-112 го совлада Сан Антонио благодарение на одличната игра на тандемот Пол Џорџ и Расел Вестбрук. Вестбрук запиша 24 поени, а Џорџ 18 поени. Кај гостите Марко Белинели беше најефикасен со 24 поени.
Србинот Богдан Богдановиќ пак со одлична партија му донесе победа на Сакраменто Кингс над тимот на Шарлот од 104-97.
Богдановиќ постигна 22 поени.
Ова се сите ноќешни резултати и најдобрите стрелци:
ЛА Клиперс – Детроит 104-109
(Галинари 23 – Грифин 44)
Мајами – Мемфис 112-108
(Винслоу 26 – Грин 24)
Орландо – Бостон 105-103
(Гордон 28 – Ирвинг 25)
Минесота – Њу Орлеанс 110-106
(Таунс 27 – Дејвис 30)
Оклахома – Сан Антонио 122-112
(Вестбрук 24 – Белинели 24)
Феникс – Денвер 102-93
(Убре 26 – Јокиќ 23)
Сакраменто – Шарлот 104-97
(Богдановиќ 22 – Вокер 31)
Јута – Чикаго 110-102
(Мичел 34 – Лавин 21)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Вакво нешто во Премиер лиагта не се случило 26 години
Манчестер сити ја одбрани титулата, Челзи го фати последниот воз за Европа, а прв пат од сезоната 1997/98. се случи сите три екипи кои обезбедија промоција во Премиер лигата претходната сезона веднаш да испаднат во Чемпионшип.
Шефилд јунајтед, Барнли и Лутон играа само едно лето меѓу англиската фудбалска елита. Трите екипи кои минатата пролет изборија промоција во Премиер лигата веднаш испаднаа во Чемпионшип. Ова е и не е добра реклама за то кое многумина го нарекуваат најсилна втора лига во светот.
Последен пат ваков удар за Чемпионшип се случи во сезоната 1997/98. Тогаш Кристал Палас, Болтон и Барнсли минаа само една сезона во елитната лига на англискиот фудбал. Сепак, меѓу двете сезони веќе имаше сериозни навестувања дека вакво нешто може да се случи.
Трите екипи кои влегоа во Премиер лигата и според обложувалниците беа најсериозни кандидати за испаѓање. Таа прогноза Шефилд јунајтед ја оправда практично на половина од сезоната. Барнли, кој минатата сезона го освои шампионатот, остана во игра малку подолго, а Лутон се надевае до последното коло.
Сепак, Лутон мораше да победи и да го чека поразот на Нотингем Форест од Барнли. Вакво сценарио не се случи.
Порака до Лестер, Ипсвич, односно Лидс или Саутемптон кои во финалето на плејофот ќе се борат за Премиер лигата, дека мора многу сериозно да го сфатат претстојниот период бидејќи јасно е дека тие се тимовите со најголеми шанси за испаѓање.
Всушност, би било потребно вистинско чудо барем еден од нив да не испадне. Севкупно, само три пати, од формирањето на Премиер лигата, се случило сите три екипи кои избориле промоција да ја преживеат првата сезона во лигата. Последен пат тоа се случило во сезоната 2017/18.
Спорт
Клоп оди на долг одмор, размислува и да се пензионира
Јирген Клоп, вчера последен пат го водеше Ливерпул. Германецот по девет години реши да си замине од „Енфилд“. По неговиот последен меч како менаџер на Ливерпул се поставува прашањето дали ќе се пензионира?
Јирген Клоп вчера откри дека никогаш нема да се врати во Англија како менаџер.
„Ова сигурно ќе биде долга пауза, нема да се вратам наскоро, а можеби и ова е крајот ( пензионирање)“, рече Клоп.
„Моето време во Англија заврши бидејќи никогаш повеќе нема да тренирам клуб од Премиер лигата“, додаде Германецот.
Клоп на клупата на Ливерпул мина 488 натпревари, победи на 303, а загуби само 85.
Со Ливерпул ја освои титулата во Премиер лигата, трофејот во Лигата на шампионите и стигна до финалето на Лига Европа. Има по еден трофеј во Лига купо и ФА Купот.
Додека беше во Ливерпул два пати беше прогласен за најдобар тренер на светот.
Спорт
(Видео) Јокиќ не знае дали ќе игра за Србија на ОИ
Никола Јокиќ, кошаркарот на Денвер Нагетс изјави дека не знае дали ќе игра на Олимписките игри во Париз.
Денвер Нагетс беа елиминирани од Минесота во полуфиналето на Западната конференција, откако испуштија предност од 20 поени во седмиот натпревар.
Јокиќ имаше учинок од 34 поени, 19 скока и седум асистенции, а по мечот беше запрашан дали ќе игра за репрезентацијата на Олимписките игри.
„Не знам, ќе видиме, треба да размислам“, изјави Јокиќ.
Кошаркарскиот турнир на Олимписките игри ќе се игра од 27 јули до 10 август.
Србија во групната фаза ќе игра против САД, Јужен Судан и победникот на квалификацискиот турнир во Порторико.
Hoće li Nikola Jokić igrati za Srbiju na Olimpijskim igrama u Parizu? pic.twitter.com/bvwDvOFoZN
— B92 Sport (@b92sport) May 20, 2024