Спорт
Борусија го доби Рурското дерби, Баерн сигурен со Нирнберг, висок пораз за Лајпциг (видео)
Борусија Дортмунд го доби Рурското дерби против Шалке 04, нагости со 1-2, на полувреме гостите водеа со 0-1.
На „Велтинс Арена“ првиот шок за домашните навивачи дојде во 7. минута година, кога Томас Делани со глава донесе водство за Борусија.
Преку пе…


Борусија Дортмунд го доби Рурското дерби против Шалке 04, нагости со 1-2, на полувреме гостите водеа со 0-1.
На „Велтинс Арена“ првиот шок за домашните навивачи дојде во 7. минута година, кога Томас Делани со глава донесе водство за Борусија.
Преку пенал Шалке израмни на 1-1, стрелец Даниел Калигури. Конечните 1-2 беа дело на младиот Џејдон Санчо кој прецизно биеше во 74. минута за победа за Борусија и прво место на табелата со 9 бода пред второпласираниот Баерн Минхен.
Во останатите дуели од 14. коло од Бундес лигата Баерн Минхен без никакви проблеми попладнево славеше домашна победа против Нирнберг со резултат 3-0.
Полјакот Роберт Левандовски на двапати во првиот дел ја тресеше мрежата, во 9. и во 27.минута, додека Франк Рибери го постигна третиот гол за Баварците.
Фрајбург убедливо го совлада Лајпциг со 3-0, „Фармацевтите“ од Леверкузен минимално славеа над Аугсбург со 1-0, додека Волфсбург и Хофенхајм ремизираа во натпревар со четири голови, 2-2.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Баерн се вклучи во трката за потписот на Гитенс

Баерн Минхен влезе во трката за потписот на 20-годишниот Џејми Гитенс. Младиот англичанец извесен период се поврзува со трансфер во Челзи. Аглискиот клуб веќе се договори за седумгодишен договор со младиот англиски репрезентативец, кој постигна 12 гола и имаше пет асистенции во 49 натпревари минатата сезона.
Иако Челзи неодамна го потпиша Лиам Делап за 35 милиони евра, клубот е заинтересиран да ги зајакне и крилните позиции. Сепак, според „Кикер“, Баерн се подготвува да изврши сериозен напад, откако Флоријан Вирц се пресели во Ливерпул, а Нико Вилијамс е блиску до потпишување за Барселона.
Гитенс, кој веќе игра важна улога во тимот на Нико Ковач во Борусија Дортмунд, сега се смета за една од главните цели на Баерн. Германскиот клуб го цени Гитенс на 70 милиони евра, што ги комплицира плановите на Челзи, особено по допинг скандалот на Михаило Мудриќ.
Се шпекулира дека Гитенс сè уште е заинтересиран за трансфер во Челзи, но само под услов да клубот да ги плати бараните 70 милиони евра.
Спорт
Мари добива статуа на Вимблдон

Британскиот тенисер Енди Мареј ќе добие статуа во комплексот Вимблдон.
Мареј, кој го заврши 77-годишниот пост на Британците на Вимблдон, ќе биде почестен на теренот на Ол Ингланд Клубот.
Мари го победи Новак Ѓоковиќ во финалето во 2013 година, а ја освои титулата во 2016 година со триумф над Милош Раониќ.
Тој се повлече од тенисот минатото лето, по Олимписките игри во Париз.
Деби Џиванс, директорка на Ол Ингланд Клубот, вели дека планот е статуата да биде поставена во 2027 година.
Тоа ќе биде на 150-годишнината од турнирот Вимблдон, кој се игра од 1877 година.
За потсетување бронзена статуа на Фред Пери беше поставена на Вимблдон во 1984 година, на 50-годишнината од неговата прва титула.
Спорт
Тотенхем ќе ја активира откупната клаузула во договорот на Езе

Капитенот на Тотенхем, Сон, по 10 години ќе го напушти клубот. Опција за Кореецот е Саудиска Арабија и веројатно таму ќе ја продолжи кариерата. Тотенхем и новиот тренер Томас Франк ја означија замената за Сон.
Офанзивниот играч на Кристал Палас, Еберечи Езе (26), се споменува како клучно засилување, кое ќе ги накави високите амбиции на Тотенхем во новата сезона.
Англискиот репрезентативец е еден од најзаслужните за освојувањето на првиот трофеј во историјата на Палас, во финалето на ФА Купот го постигна единствениот гол за триумф против Манчестер сити.
Езе има откупна клаузула во износ од 68.000.000 фунти, но тоа очигледно не го загрижува раководството на Тотенхем, кое е подготвено да ги издвои споменатите пари и на тој начин да ја наполни касата на градскиот ривал. Палас пред пет години за Езе на КПР им плати нешто повеќе од 15.000.000 фунти.