Спорт
Брејк на Будуќност кај АБА-шампионот
Будуќност го доби првиот меч од финалната серија во АБА лигата против Црвена звезда, во Белград 80:76. Шампионот на Црна Гора трет пат сезонава го победи бранителот на титулата. Во тимот на Црвена звезда поради повреда на настапи Перо Антиќ.
Будуќност …

Будуќност го доби првиот меч од финалната серија во АБА-лигата против Црвена звезда, во Белград, 80:76. Шампионот на Црна Гора третпат сезонава го победи бранителот на титулата. Во тимот на Црвена звезда поради повреда не настапи Перо Антиќ.
Будуќност одигра одличен меч во Белград, ги искористи сите слабости во играта на домашниот тим и стигна до првата победа во серијата со што на противникот му ја одзеде предноста на домашниот терен.
Црногорците мечот го „прекршија“ во втората половина од третата четвртина, кога најпрвин ја стигнаа предноста на Црвена звезда од осум поени, а потоа со тројките на Поповиќ и Ивановиќ во последните 30 секунди, во пресрет на последната четвртина, стекнаа шест поени предност.
Во решавачкиот период гостите имаа позитива и од десет поени, Црвена звезда се обиде, но не успеа да ја стигне разликата.
Црвена звезда причините за поразот ќе ги бара во лошата реализација на слободните фрлања (11/19) и само шесте постигнати тројки.
Најефикасни кај победникот беа Ивановиќ со 20 и Гордиќ со 18 поени. Црвена звезда ја предводеше Рочести со 13 поени и 10 асистенции, а најефикасен беше Омиќ со 14 поени.
Вториот натпревар од серијата се игра утре од 18:30 часот, а повторно домаќин ќе биде Црвена звезда.
фото: aba-liga.com
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Атланта Хокс го испратија Јанг во Вашингтон
Атланта Хокс го разменија најдобриот играч на тимот и долгогодишен лидер Треј Јанг (27) во Вашингтон за Си Џеј Мекалум и Кори Кисперт.
Јанг, кој беше драфтуван од Далас во 2018 година и испратен во Атланта истиот ден во замена за Лука Дончиќ, ја напушта франшизата на Џорџија по седум и пол сезони.
Идејата на спортскиот менаџмент на Хокс, која ги наведе да се разделат со најдобриот стрелец и асистент на тимот, е да изградат тим околу младо јадро од играчи како Џејлен Џонсон, Никел Александар-Вокер, Оњека Оконгву и Закари Ризашер.
Значи за Јанг немаше место во плановите за иднината на Атланата.
Поради проблеми со повреди, тој одигра само десет натпревари, а Хокс победија само на два од нив.
Од друга страна, тој се стремеше кон ново спојување со Тревис Шленк, сега извршниот директор на Визардс, кој го драфтуваше во 2018 година.
За возврат, Хокс го добија Мекалум (34), кој по долг мандат во Портланд и пократок во Њу Орлеанс и Вашингтон, ќе се приклучи на својот четврти тим во НБА.
Кори Кисперт (23) го менува тимот за прв пат, но ќе мора да почека до почетокот на следната сезона за своето деби, бидејќи ќе му требаат месеци за целосно да се опорави од операцијата на лигаментите на палецот.
Кисперт се смета за еден од најдобрите шутери за три поени во лигата.
Foto/ EPA/ERIK S. LESSER
Спорт
(Видео) Ново чудо на Денвер без Јокиќ, Шеј спречи пораз на Оклахома
Драматичните победи на Денвер, Оклахома и Торонто, односно поразот на ЛА Лејкерс ги обележаа натпреварите во НБА лигата, одиграни во текот на ноќта.
Днвер без Никола Јокиќ, направија уште едно чудо, победија во Бостон со 114:110. Клучна за победата на Денвер беше серијата 14:0 во последнатачетвртина, во која се истакна Зик Наѓи кој во овој период ги постигна своите осум поени.
Денвер го предводеше Џамал Мареј со 22 поени и 17 асистенции, односно Пејтон Вотсон, со рекордни во кариерата 30 поени.
Торонто славеа победа во Шарлот 97:96 со тројката на Имануел Квикли со звукот на сирената.
Оклахома не дозволи да загуби три пати по ред. Шеј Гилџис-Александер, погоди тежок шут за два поени во регуларниот тек од натпреварот за 114:114, а потоа во продолжението со тројка стави крај за конечни 129:125.
Актуелниот МВП мечот го заврши со 46 поени. На спротивната страна Лаури Марканен постигна 29.
Сан Антонио славеа во дуелот со ЛА Лејкерс со 107:91. Лука Дончиќ постигна 38 поени, на кои придодаде и по 10 скока и аситенции.
Резултати:
Филаделфија – Вашингтон 131:110
/Ембиид 28 – Џонсон 20/
Детроит – Чикаго 108:93
/Стјуарт 31 – Досунму 24/
Њујорк – ЛА Клиперс 123:111
/Бренсон 26 – Леонард 25/
Бруклин – Орландо 93:93; 103:104
/Портер 32 – Банкеро 30/
Атланта – Њу Орлеанс 117:100
/Ризашер 25 – Вилијамсон 22/
Мемфис – Финикс 98:117
/Џексон 19 – Брукс 21/
Спорт
(Видео) Сити не успеа да го победи Брајтон, Семењо погоди за триумф на Борнмут, Фулам го победи Челзи
Манчестер Сити полека го губи чекорот со Арсенал во борбата за титулата. По третото реми во низа, Сити има пет поени помалку и натпревар повеќе од лидерот на табелата. Во 21-то коло, Манчестер Сити ремизираше со Брајтон 1:1.
Манчестер Сити и Брајтон, четврти пат по ред одиграа нерешено во Премиер лигата.
Ерлинг Халанд го доведе Сити во водство од пенал кон крајот на првото полувреме. Норвежанецот го постигна 150-ти гол за Сити во сите натпреварувања.
Сепак, тој не беше доволен за победа. Каору Митома, по еден час игра, шутираше исклучително прецизно од работ на шеснаесетникот, низ нозете на Нико Гонзалез, и го постави конечниот резултат.
Двата тима имаа свои шанси за сите три бода до крајот, но големите промашувања на Гомес и Халанд на двете страни придонесоа резултатото да остане 1:1.
Брентфорд го победи Сандерленд со 3:0. Игор Тијаго беше стрелец на два од трите гола на својот тим, со што ја продолжи својата одлична серија.
Тиаго има вкупно 16 гола оваа сезона, што го прави играч од Бразил со најмногу голови на елитното ниво на англиското натпреварување, надминувајќи го Роберто Фирмино.
Борнмут и Фулам остварија победи против фаворизираните ривали.
Во неизвесен натпревар, „Чрешите“ победија против Тотенхем со 3:2.
На крајот од натпреварот, Жоао Палиња им донесе израмнување на Тотенхем, но Антоан Семењо, со можеби последниот гол за тимот на Андони Ираола, му донесе триумф на Борнмут во петтата минута од судиското продолжение.
По Ливерпул, Фулам останаа непоразени и против Челзи (2:1), во првиот натпревар без Енцо Мареска на клупата на „сините“.
Гостите играа со еден играч помалку од 22-та минута откако Марк Кукуреља беше исклучен, но на крајот Хари Вилсон погоди за триумф на Фулам.
Foto/ EPA

