Спорт
Брутално убиство на бразилски фудбалер
Даниел Кореа Фреитас, 24-годишен бразилски фудбалер бил брутално убиен. Според полицијата фудбалерот најверојатно бил убиен во саботата.
Фреитас бил играч на Сао Паоло, но како позајмен играч настапувал во второлигашот Сао Бенто.
Телото на Фреитас било…
Даниел Кореа Фреитас, 24-годишен бразилски фудбалер бил брутално убиен. Според полицијата фудбалерот најверојатно бил убиен во саботата.
Фреитас бил играч на Сао Паоло, но како позајмен играч настапувал во второлигашот Сао Бенто.
Телото на Фреитас било пронајдено во шумската област Сао Жозе дос Пинјауса во Парана, објавија бразилските медиуми повикувајќи се на полициски извори.
На телото на фудбалерот имало повеќе рани нанесени со остар предмет, а според форензичарите пред да биде убиен бил брутално мачен. Полицијата се сомнева дека се работи за злочин од страст.
Бразилската полиција поради тоа го истражува приватниот живот на поранешниот фудбалер на Крузеиро, Ботафого, Понте Прета и Коритиба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Унгарија го победи Катар, си обезбеди место во четвртфиналето
Унгарија од втората позиција обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство во ракомет. Унгарците во последното коло го победија Катар со 29:23 (12:12).
Катарците беа тие кои беа подобри во првиот дел, неколку пати имаа предност од три гола, но Унгарците успеаја да обезбедат нерешен резултат на полувремето. Второто полувреме мина во доминација на Унгарците. Одиграа цврсто во одбраната, беа ефикаси во нападот и овој период го добија со шест гола разлика.
Имре со девет, односно Сита и Бока со по четири гола ја предводеа Унгарија.
Групата 2 уште пред ова коло ја освои Франција, Унгарија е втора, Холандија трета. Македонија доколку вечерва приреди сензација и ја победи Франција ќе заврши на третото место.
Пораз помал од девет гола разлика ќе ја остави Македонија на четвртото место и во конечниот пласман нашата репрезентација ќе биде пласирана од 9 до 12 место, а пораз поголем од девет разлика ќе ги смести „црвено-жолтите“ зад Австрија, односно во конечниот пласман ќе бидат пласирани од 13 до 16 место.
Спорт
Ѓоковиќ објави слика од повредата: За сите „стручњаци“
Реакцијата на австралиската публика по полуфиналето во сингл за мажи на Австралија опен предизвика многу контроверзии.
Бројни фанови во Мелбурн го исвиркаа Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, бидејќи беше принуден да се повлече од мечот со Александар Зверев по првиот сет. Некои отидоа дотаму што се посомневаа дека освојувачот на 24 Грен слем титули е повреден.
Српскиот тенисер им одговори на сите објавувајќи радиолошка слика од повредата на задната ложа на социјалните мрежи.
„Го оставам ова овде за сите „експерти“ за спортски повреди Ѓоковиќ се предаде во полуфиналето на Австралија опен откако го загуби првиот сет од Александар Зверев.
За време на четвртфиналниот меч со Карлос Алкараз, многумина се сомневаа во повредата на Новак, а на десеткратниот победник на АО очигледно реакциите му дојдоа „преку глава“, па реши да ја објави снимката.
Thought I’d leave this here for all the sports injury “experts” out there. pic.twitter.com/ZO5mBtw9zB
— Novak Djokovic (@DjokerNole) January 25, 2025
Добросав Мелајац, физиотерапевт кој сега работи со Корентан Муте, зборуваше за снимката што Ѓоковиќ ја објави.
„Врз основа на оваа слика би рекол дека има раптура, и дека не е наивна повредата. Секоја чест како воопшто успеа да одигра еден сет“, рече Мелајац за Спорт Клуб.
Сликата покажува скенирање со магнетна резонанца.
Повредата го зафаќа левиот заден оддел на ногата на Ѓоковиќ, а објавената слика покажува дека прегледот е извршен во клиниката „Викторија Хаус Медикал Имиџинг“. Клиниката се наоѓа во предградие на Мелбурн наречено Саут Јара.
Снимката е направена на 25 јануари, ден по повредата која го принуди Новак да се повлече од полуфиналето.
Спорт
(Видео) Борнмут со петарда го испрати Нотингем, хет -трик на Аутара
Фудбалерите на Ливерпул беа убедливи во 22. коло од Премиер лигата, очекувано славеа над Ипсвич, Арсенал со многу мака дојде до три гбода Волвс (1:0) и продолжи шампионската трка меѓу.
Секоја чест за лидерите, но Борнмут го обележа ова коло. Избраниците на Андони Ираола во саботата попладне како од шега и дадоа пет гола на втората најдобра одбрана во лигата, Го победија Нотингем Форест со 5:0 и ја продолжија својата неверојатна резултатска серија.
Триумфот против „шумарите“ беше седми во последните 11 натпревари за „црешите“ кои се непоразени во таа серија.
Последниот пораз на Бурнмаут беше на 23 ноември против Брајтон на домашен терен.
Првите два гола беа брилијантни, погодија Клајверт во деветтата и Аутара во 55.минута. Потоа Аутара комплетираше хет-трик со головите во 61. и 87.минута, а точка на мечот во 91.минута стави Семењо.
Резултати:
Вулверхемптон – Арсенал 0:1 (0:0)
Карфиорил 74
Ливерпул – Ипсвич 4:1 (3:0)
Собослај 11, Салах 35, Гакпо 44, 66 – Грејвс 90
Брајтон – Евертон 0:1 (0:1)
Ендиај 42.п
Саутемптон – Њукасл 1:3 (1:2)
Беднарек 10 – Исак 26п, 30, Тонали 51