Спорт
Буфон не сака нокаут-фаза против Јувентус
Првиот голман на француски ПСЖ, Италијанецот Џанлуиџи Буфон јавно признава дека не го сака неговиот екс тим Јувентус за противник во осминафиналето од Лигата на шампиони. Буфон е дециден дека никој во францускиот тим не посакува сценарио каде Јуве би и…

Првиот голман на француски ПСЖ, Италијанецот Џанлуиџи Буфон, јавно признава дека не го сака неговиот екстим Јувентус за противник во осминафиналето од Лигата на шампионите. Буфон е дециден дека никој во францускиот тим не посакува сценарио каде што Јуве би им бил пречка на патот кон историја во ЛШ.
ПСЖ како првопласиран ја заврши групата пред Ливерпул кој оди во нокаут-фазата. Трет заврши Наполи, кој напролет ќе продолжи во Лига Европа, а Црвена Звезда ги заврши настапите во Европа за оваа сезона.
„Дали овој Јувентус е најсилниот тим во последните неколку години? Да, бидејќи екипата што игра навистина силно пред себе има јасна цел. Изминатите неколку години бевме помеѓу најсилнитге, но психолошки, заедништво и солидардност. Кога на тоа ќе го додадете Кристијано Роналдо, јасно е дека апсолутно никој не сака да игра против Јувентус“, рече Џиџи Буфон.
Противникот на ПСЖ во осминафиналето ќе се дознае в понеделник 17 декември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Алушовски го презеде Еурофарм Пелистер
Еурофарм Пелистер има нов тренер. На местото на Рубе Гарабаја, екипата до крајот на сеозната ќе ја предводи, поранешниот играч на овој клуб, Стевче Алушовски.
„Нашиот нов почеток во 2026 година е поврзан со добро познато име. Стевче Алушoвски е нов тренер на Еурофарм Пелистер и ќе ја води нашата екипа до крајот на оваа сезона. 53-годишниот тренер по неколку години се враќа во својот матичен клуб, во улога на тренер на шампионот на Македонија. Алушoвски во два наврати водеше клуб од Битола – Пелистер и Еурофарм Работник, а сега го презема тимот на Еурофарм Пелистер.
Нашиот прославен репрезентативец тренерската, како и играчката кариера, ја започна во Битола. Во мак-ракометот ги водеше Вардар 1961 и Охрид, а кратко работеше и во Исланд“. објави клубот на социјалните мрежи.
Новиот тренер првиот собир го закажа за в среда (14 јануари) во 17:00 часот.
Izvor/ facebook.com/hceurofarmpelister
Спорт
Раониќ официјално замина во пензија
Канадскиот тенисер Милош Раониќ (35) одлучи да ја заврши кариерата.
Раониќ, освои осум титули од турнири од пониски категории. Играше во финалето на Вимблдон во 2016 година, а се бореше за титулите на Мастерс турнирите во Синсинати, Индијан Велс, Париз и Торонто.
„Дојде моментот… Се повлекувам од тенисот. Ова е моментот за кој знаете дека еден ден ќе дојде, но некако никогаш не се чувствувате целосно подготвени за него. Тенисот ми беше љубов и опсесија поголемиот дел од мојот живот“, напиша Раониќ.
Негова најдобра година беше 2016 година. Покрај финалето на Вимблдон, каде во полуфиналето беше подобар од Роџер Федерер, тој играше и во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија и на Завршниот Мастерс, финалето на Индијан Велс и ја заврши годината на третото место.
„Мамо, тато, Јелена и Момир, вечно ви сум благодарен што во многу моменти ги ставивте вашите животи настрана за да имам можност да го остварам мојот сон. Ова стана реалност само благодарение на вас. Ништо од ова не би било можно без вашиот постојан напор и емоционалната поддршка што ја вложивте во моите соништа. Колку и да сум среќен што го пронајдов тенисот, тоа бледее во споредба со тоа колку сум среќен што ве имам вас како мои родители, сестра и брат. Се надевам дека ќе ги правам мојата сопруга и син горди секој ден и дека ќе можам да бидам семејство за нив, како што бевте вие за мене“, додаде тој, меѓу другото.
Последен пат играше на Олимписките игри во 2024 година во Париз, каде што загуби од Доминик Кепфер во првото коло.
Спорт
Ѓорческа успешно стартуваше во квалификациите за АО
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, успешно стартуваше во квалификациите за пласман на Австралија опен, првиот гренд слем турнир во сезоната.
Ѓорческа, во првата рунда, ја победи 100 места подобро пласираната, Сиња Краус од Австрија.
За 62 минути, Ѓорческа победи со 2:0 (7:5, 6:0).
Мечот беше рамноправен до 5:5 во првиот сет, Ѓорческа во 12-от гем направи брејк го освои сетот, а потоа во вториот ја збриша својата противничка.
Ѓорческа во второто коло ќе игра против Тамара Зиданшек (151 на ВТА листата) од Словенија.
Foto/ facebook.com/linagjorcheska/

