Спорт
Важни победи за Торонто и Њу Орлеанс (Видео)
Шест натпревари се одиграа во текот на изминатата ноќ во НБА лигата. Најинтересно беше во Њу Орлеанс и Торонто каде домашните тимови забележаа важни победи.
Пеликаните од Њу Орлеанс водат жестока борба за пласман во плејофот, а против Мемфис Гризлис ст…

Шест натпревари се одиграа во текот на изминатата ноќ во НБА-лигата. Најинтересно беше во Њу Орлеанс и Торонто, каде што домашните тимови забележаа важни победи.
Пеликаните од Њу Орлеанс водат жестока борба за пласман во плејофот, а против Мемфис Гризлис ставија крај на серијата од четири порази. Њу Орлеанс славеше над Мемфис 123:95 и ја запиша 44. победа во сезоната.
Пеликаните на осмата позиција сега имаат една победа повеќе од Денвер Нагетс.
Њу Орлеанс до победата го предводеше триото Дејвис-Мур-Миротиќ. Мур за 29 минути на теренот постигна 30 поени, Миротиќ уфрли 25, а Дејвис забележа 28 поени и 12 скока.
Торонто Репторс во дербито на Истокот ги победи Бостон Селтикс и се блиску до обезбедување на првата стартна позиција. Торонто победи 96:78, а најефикасен беше Дерозан со 16, односно Ванвилт и Ибака со по 15 поени.
Торонто има 56 победи, три повеќе од Бостон, и во првата рунда од плејофот ќе игра против Вашингтон или Милвоки.
ЛА Лејкерс, по дополнителните пет минути, го совлада Сан Антонио Спарс 122:112. Спарс со овој пораз дополнително си ја отежнаа положбата бидејќи сега има пораз помалку и две победи повеќе од Денвер.
Калдвел-Поуп постигна 21, а Фрај 19 поени за Лејкерси, а кај Сан Антонио се истакна Олдриџ со 28 коша и девет скока.
На другите натпревари Филаделфија победи во Детроит 115.108 и ја запиша 12. победа во низа, Орладо го совлада Далас 105:100, Атланта загуби од Мајами 86:115.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
По дебаклот во дербито Партизан го отпушти тренерот
Фудбалскиот клуб Партизан, п вчерашниот дебакл во „вечното дерби“ и поразот од Црвенз звезда (3:0), му врачи отказ на тренерот Ненад Стојаковиќ.
Клубот потврди дека до крајот на сезоната тимот ќе го води поранешниот фудбалер на црно-белите, Дамир Чакар, а ќе му помага Ѓорѓије Ќетковиќ.
Стојаковиќ во ноември го презеде првиот тим од Срѓан Благојевиќ, кој во тоа време изненадувачки доби отказ.
Чакар ќе биде четвртиот тренер на Партизан, откако главен во спортскиот сектор е поранешниот фудбалер, Предраг Мијатовиќ.
Тандемот Чакар-Ќетковиќ го презема тимот на втората позиција, со четири бода помалку од Црвена звезда.
Спорт
Кристијано Роналдо ја објави одлуката за својата судбина
Незадоволен од политиката на клубот, Кристијано Роналдо бојкотираше три натпревари на Ал Наср.
Се појавија гласини, а португалските медиуми јавно пишуваа за тоа, дека еден од најпопуларните фудбалери во историјата, и покрај стотиците милиони долари што ги добива, ќе ја напушти Саудиска Арабија.
Сепак, Роналдо го негираше сето тоа откако постигна два гола на натпреварот против Ал Хазем.
„Јас припаѓам на Саудиска Арабија и сакам да останам тука. Оваа земја ме прифати мене, моето семејство, моите пријатели. Среќен сум и повторно повторувам, ќе останам тука“, рече Португалецот.
Со овие два гола, Роналдо се приближи до бројката од 1000 гола во својата професионална кариера. Му недостасуваат уште 36 погодоци од магичната граница.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Милан загуби од Парма и остана без Лофтус-Чик
Милан доживеа шокнтен пораз од Парма на „Сан Сиро“ (0:1) и остана без Англичанецот Рубен Лофтус-Чик
Милан во четири дена испадна од трката за титулата во Серија А. Во средата одигра нерешено на домашен терен со Комо (1:1), а синоќа на истото место беше шокиран од Парма.
По 26 рубди во Серија А, Интер е лидер со 64 поени, 10 повеќе од Милан, додека со по 50 поени следуваат Наполи и Рома.
Покрај поразот од Парма, проблем за Масимилијано Алегри е и тешката повреда на Лофтус-Чик.
Англиченацот имаше жесток судар со голманот на парма, Корви. Остана без неколку заби, заработи и потрес на мозокот, фрактура на вилицата, а според првите прогнози, го очекува долга пауза.
Foto/ depositphotos
Il portiere del Parma esce fuori tempo e commette un fallo criminale su Loftus-Cheek. Il tutto in area di rigore e con la palla in gioco. Rigore netto. Ruben portato in ospedale. Il killer Piccicini fa finta di niente, a Lissone i monitor erano spenti. Vi dovete vergognare pic.twitter.com/64TLKyVtLT
— Simon Templar ❤️🖤❤️🖤 (@FuSimonTemplar) February 22, 2026

