Спорт
Вардарки во ново европско финале, Лејно го уништи Ростов
Ракометарките на Вардар изборија ново финале во Лигата на шампионките, откако во второто полу-финале на завршниот турнир во Будимпешта ја совладаа екипата на Ростов Дон 25:19 (10:7).
Во своето петто учество на завршниот турнир, актуелните европски вице…

Ракометарките на Вардар изборија ново финале во Лигата на шампионките, откако во второто полу-финале на завршниот турнир во Будимпешта ја совладаа екипата на Ростов Дон 25:19 (10:7).
Во своето петто учество на завршниот турнир, актуелните европски вице-шампионки го изборија своето второ учество во финалето. До него стигнаа благодарение на брилијантната Амадин Лејно, која само во првото полувреме забележа десет интервенции.
Француската голманка со своите одбрани внесе мир во играта на Вардар, иако црвено-црните се мачеа во нападот во првото полувреме.
Вардар рано стекна предност од два гола (3.1, 4:2), потоа следуваше период во кој Вардар не постигна гол девет, а Ростов седум минути. Серијата ја прекина Лекиќ, која пота го однесе Вардар до предност од четири гола (6:2).
Влегувањето во игра на Булатовиќ ја стабилизира играта на Ростов во нападот. Рускиот тим во 27.минута се доближи на два гола негатива (10:8).
До крајот на полувремето гол уште постигна само Радичевиќ за 10:7.
Во вториот дел вардарки ја контролираа играа, ја одржуваа разликата од два до четири гола, а протовничките ги нокаутираа во последните пет минути.
Амадин Лејно го предводеше Вардар со 15 интервенции, а најефикасни во нападот беа двете Андреи, Пенезиќ и Лекиќ со по седум гола.
ЖРК Вардар утре од 18 часот ќе се бори за својата прва титула во Лигата на шампионитките. Противник на македонските шампионки ќе биде Ѓер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

