Спорт
Вардар со победа кај Војводина ја тргна 2019, нијанси решаваа за победникот



Македонскиот ракометен шампион со победа ја започна 2019 година во рамки на СЕХА лигата. „Црвено-црните“ со гостинска победа од 23-26 кај Војводина, потешко од очекувањата, продолжија со доминацијата во регионалното натпреварување, па сега имаат 12 победи од 14 меча.
Војводина се покажа како достоен противник, на полувремето имаше и водство од 14-13.
Израмнето беше и во вториот дел, се до финишот кога Вардар се одлепи со 3 гола и забележа нов триумф.
Хрватот Иван Чупиќ беше најефикасен на мечот, со 8 гола, додека Скубе постигна 7, Криштопанс 6, а силна поддршка имаа и на голманската позиција каде Милосављев запиша 12 интервенции.
Вардар е прв на табелата во СЕХА со 36 бода, а втората позиција ја делат Нексе и Загреб со по 33 бода.
Во продолжение и одбраната на Милосављев која се чини ги откажа домаќините дека можат да дојдат до изненадување:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Штутгарт го изигра Атлетико – Мило на пат кон Саудиска Арабија

Францускиот фудбалер од редот за врска, Енцо Мило, долго време се поврзуваше со Атлетико Мадрид, но тој кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.
Енцо Мило беше виден на стадионот „Метрополитано“, иако неговото пристигнување беше одложено поради Штутгарт, кој одолговлекуваше со условите за плаќање.
Се испостави дека „Швабите“, намерно ги одолжиле преговорите со шпанскиот клуб, чекале сигнал од Саудиска Арабија.
Мило беше поврзуван и со Тотенхем, но на крајот победи најбогатиот.
Усен договор меѓу Ал Ахли и играчот за врска веќе постои, и сè уште не е познато колку би можел да изнесува целиот договор. Се споменуваше дека Атлетико морал да плати 23.000.000 евра, па се очекува дека приближно иста сума ќе уплати Ал Ахли в касата на Штутгарт.
Спорт
Баер го продолжи договорот со Шик

Баер Леверкузен ја продолжи соработката со 29-годишниот централен напаѓач и чешки репрезентативец Патрик Шик, а голгетерот висок 191 см се обврза да остане во редовите на популарните „фармацевти“ до 2030 година.
Шик помина пет сезони во овој тим и значително придонесе пред две сезони, кога Баер ја освои Бундеслигата и ја прекина децениската апсолутна доминација на Баерн во германскиот фудбал.
Вкупно, Шик одигра 121 натпревар во Бундеслигата и постигна 64 гола, а постигна и девет гола во 33 натпревари во европските натпреварувања.
Кариерата на Шик започна во Спарта од неговата родна Прага, каде што не играше, а својата прва можност ја доби во дресот на Бохемијанс, каде што беше позајмен во сезоната 2015/16.
Следеше италијанската епизода, една сезона во Сампдорија и две во Рома, потоа неговото прво искуство во Бундеслигата во Лајпциг, каде што постигна 10 гола на 22 натпревари во елитниот ранг на германскиот фудбал во сезоната 2019/20.
Кога станува збор за чешката репрезентација, Шик постигна 24 гола на 46 натпревари.
Спорт
Реал го отпушти медицинскиот тим

Реал Мадрид имаше неуспешна сезона во која не освои ниту еден трофеј.
Шпанските медиуми наведуваат дека една од причините е тоа што голем број играчи се повредиле во последната сезона под водство на Карло Анчелоти.
За да се спречи ова повторно да се случи, новиот тренер Чаби Алонсо заедно со раководството одлучи да го отпушти целиот медицински тим.
Како што пишуваат шпанските медиуми, имало лоши односи во тимот задолжен за здравјето на играчите и тоа ги принудило луѓето во „кралскиот клуб“ да направат радикален потег.