Спорт
Вардар ја раскина соработката со Бабунски
Бобан Бабунски повеќе не е тренер на фудбалскиот клуб Вардар. Оваа за многумина (не)очекувана одлука клубот ја објави на својата официјална интернер страница.
Одлуката, за смената на Бабунски е неочекувана бидејќи Вардар за три дена го игра реваншот од…
 
																								
												
												
											
Бобан Бабунски повеќе не е тренер на фудбалскиот клуб Вардар. Оваа за многумина (не)очекувана одлука клубот ја објави на својата официјална интернет-страница. Одлуката за смената на Бабунски е неочекувана бидејќи Вардар за три дена го игра реваншот од првото квалификациско коло во Лига Европа против Пјуник. Ерменците во Скопје реваншот ќе го почнат со предност од 1:0.
Бабунски дојде на тренерското место во април оваа година на местото на Чедомир Јаневски, го предводеше тимот во финишот од минатата сезона и во првиот квалификациски натпревар од Лига Европа.
„На Бабунски му се заблагодаруваме на досегашната соработка и му посакуваме многу успех во иднина“, стои во клупското соопштение.
Екипата против Пјуник ќе ја предводи досегашниот асистент тренер Александар Васоски. По завршување на натпреварот в четврток, фудбалскиот клуб Вардар ќе донесе одлука кој ќе ја предводи екипата во иднина.
фото: fkvardar.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Спорт
(Видео) Епски пресврт на Палмеирас – „Зелените“ ќе се борат за трофејот во Копа Либартадорес
 
														Палмеирас и Фламенго ќе се борат за титулата во јужноамериканска Лига на шампиони, наречена Копа Либертадорес.
Палмерира на спектакуларен начин избори пласман во финалето. Успеа да надомести минус од три гола против ЛДУ Кито. Бразилскиот тим победи со 4:0.
ЛДУ Кито сензационално елиминира два бразилски тима во нокаут фазата – Ботафого и Сао Паоло, и беше на работ на третата сензација, но се случи „чудо“.
Еквадорците направија големо изненадување во првиот натпревар и славеа со 3:0, па Палмеирас имаше тешка задача.
Рамон Соса го доведе домашниот тим во водство во 20-та минута, а длабоко во судиското продолжение од првото полувреме, Бруно Фукс постигна гол за 2:0. Второто полувреме донесе жестоки напади на домашниот тим, кои вродија со плод и донесоа новхерој.
Рафаел Вега, клупска икона која е во овој клуб речиси една деценија, постигна два гола за голема победа на Палмеирас.
South American fans are built different, the Copa Libertadores will forever be the best atmosphere in club soccer.
Bravo Palmeiras 🇧🇷 fans, bravo. One of the best fans in the World.
pic.twitter.com/xk8xZrNK5w— Tactical Manager (@ManagerTactical) October 30, 2025
Финалето на Копа Либертадорес е закажано за 29 ноември на стадионот Монументал во Лима (Перу).
Копа Либертадорес и седма година по ред за шампион ќе има бразилски тим, што доволно зборува за супериорноста на Бразилците во однос на најголемите ривали Аргентинците во последните години. Последниот аргентински шампион беше Ривер Плата во 2018 година, а потоа следеа по две титули на Палмеирас и Фламенго, и по една Флуминенсе и Ботафого.
Спорт
Вембањама го „олади“ Мајами, Оклахома лесно со Вашингтон
 
														Сан Антонио и Оклахома запишаа нови победи во НБА лигата. Сан Антонио го бележи најдобриот страт на една сезона во историјата на франшизата, пет победи во исто толку натпревари. Шест победи во шест натпревари има актуелниот првак Оклахома.
Сан Антонио Спарс славеа во суелот со Мајами Хит 107:101. Виктор Вембањама ги предводеше „Мамузите“ до нивната петта победа во исто толку натпревари со 27 поени, 18 скока, 6 асистенции и 5 блокади. По него следеше Стефон Касл со 21 поен и 8 асистенции. Кај Хит, Бем Адебајо блескаше со 31 поен и 10 скока, но тоа не беше доволно за Мајами да се оддалечи од четвртиот изедначен триумф.
Шампионот Оклахома Тандер рутински го победи Вашингтон со 127:108 и ја забележа шестата победа во исто толку натпревари. Шеј Гилџес Александар имаше 31 поен и 7 асистенции, а Џо и Мичел постигнаа по 20. Кај Вашингтон, Си-Џеј Меколум се истакна со 19.
Милвоки го победи Голден Стејт со 120:110 и без Јанис Антетокумпо (проблеми со коленото), а Ролинс го одигра најдобриот меч во кариерата со 32 поени. Орландо беше подобар од Шарлот на гостински терен со 123:107, а најдобри актери беа главните ѕвезди на тимот Франц Вагнер со 21 и Паоло Банкеро со 20 поени.
Спорт
Официјално – Лучано Спалети го презеде Јувентус
 
														Поранешниот селектор на Италија, Лучано Спалети, официјално стана нов тренер на Јувентус.
Харизматичниот тренер дополнително го збогати богатото портфолио кога станува збор за големи тренерски работни места.
Претходно ги водеше Интер, Рома, Наполи и италијанската репрезентација, а во Јувентус доаѓа откако Игор Тудор беше отпуштен бидејќи „Старата Дама“ не постигна гол во лигата повеќе од еден месец и имаше серија од осум натпревари без победа.
Спалети го постигна својот најголем успех како тренер на Наполи кога го освои Скудетото во 2023 година. Со Рома освои два италијански купа и еден италијански Суперкуп, а трофеи освои само со Зенит, со кого беше двократен шампион на Русија и еднаш го освои Купот и Ссуперкупот на таа земја.
Тој беше селектор на Италија од 1 септември 2023 година до 9 јуни 2025 година и беше елиминиран во осминафиналето на ЕУРО 2024.


 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											