Контакт

Спорт

ВАР влегува во Лигата на шампионите

Видео асистентот (ВАР) ќе се започне да се користи во Лигата на шампионите со почетокот на нокаут-фазата,, одлучи денес Извршниот комитет на УЕФА на состанокот во Даблин.
УЕФА, на почетокот на оваа натпреварувачка сезона, најави дека ВАР-технологијата …

Објавено пред

Видеоасистентот (ВАР) ќе се почне да се користи во Лигата на шампионите со почетокот на нокаут-фазата, одлучи денес Извршниот комитет на УЕФА на состанокот во Даблин.

dobivaj vesti na viber

УЕФА на почетокот на оваа натпреварувачка сезона најави дека ВАР-технологијата ќе биде воведена во Лигата на шампионите од сезоната 2019/2020, меѓутоа поради неколкуте спорни ситуации што се случија во досегашниот тек во Лигата, челниците на европската куќа на фудбалот решија од осмина-финалето судиите да имаат помош и од видеоасистентот.

УЕФА потврди дека ВАР-технологија ќе се користи и во Лига Европа, во завршната фаза во Лигата на нациите и на Европското првенство за фудбалери до 21 година. Примената на технологијата во Лига Европа ќе почне исто така од нокаут-рундата.

ВАР-технологијата веќе се користи во првенствата на Шпанија, Италија, Германија, Франција и во Португалија, а од наредната сезоната ќе се воведе и во англиската Премиер лига.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Селото со 1.485 жители ќе има клуб во Лигата на шампионите

Објавено пред

Шведскиот клуб Мјалби обезбеди учество во европските натпреварувања во сезоната 2026/27. Прв пат во историјата клубот ќе игра во натпреварувањата во организацијата на УЕФА.

dobivaj vesti na viber

Ова е огромен успех за клубот што доаѓа од Халевик, село на југот на Шведска каде што, според последниот попис, живеат 1.485 луѓе.

Како што сега стојат работите, Мјалби ќе игра во Лигата на шампионите. Мјалби е на чекор до освојување на титулата во шведското првенство. На пет кола до крајот, тие имаат предност од 11 бода во однос на второпласираниот Хамарби, а вистинско чудо би требало да се случи Мјалби да не ја освои титула шведски шампион, по прв пат во историјата.

Во блиското минато, од 2015 до 2018 година, беше во третата лига. Потоа, во две последователни сезони, скокна за два ранга и сега игра во највисокиот ранг на шведскиот фудбал шеста година по ред. Во тој период, се пласираше од петтото до десеттото место.

Според „Трансфермаркт“, Мјалби е деветтиот највреден тим во шведското првенство. Вкупната вредност на играчите е 15,7 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Спорт

Клоп добил понуда за работа од Саудиска Арабија

Објавено пред

Јирген Клоп одлучи да направи пауза од тренерската работа и стана директор за спортски операции во Ред Бул. И покрај тоа што реши да не биде тренер, Германецот редовно добива понуди за работа.

dobivaj vesti na viber

Според медиумите од Саудиска Арабија, Ал Итихад го насочил вниманието кон германскиот стручњак, откако се раздели со Лоран Блан.

Французинот ја освои двојната круна минатата сезона, но по слабиот почеток во новата сезона доби отказ.

Се додава дека приоритетна цел е Клоп, иако прашањето е дали ќе можат да го убедат.

Како кандидати се споменуваат и Чави, Емери, Спалети и Консеисао.

Прикажи повеќе...

Спорт

Руни: Ова не е Јунајтед

Објавено пред

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, изјави дека на англискиот клуб му се потребни големи промени и додаде дека не го препознава клубот каде што играл.

dobivaj vesti na viber

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се на 14-то место на табелата во Премиер лигата со седум бода. Англискиот клуб ја освои последната титула пред 12 години кога Руни го носеше дресот на клубот од „Олд Трафорд“.

„Едноставно не знам што се случува. Се обидов да бидам менаџер и не успеав. Рубен Аморим е на мои години, тој е сè уште млад менаџер и сигурен сум дека сè уште има голема иднина, но она што се случува во Манчестер Јунајтед, ова не е Манчестер Јунајтед. Навистина се надевам дека може да ги сврти работите и дека ќе го стори тоа. Но, ако ме прашувате дали верувате дека ќе го стори тоа, тогаш, по сè што видов, искрено не верувам дека тоа и ќе се случи“, рече Руни во подкастот на Би-би-си.

Тој изјави дека не гледа ништо што му дава самодоверба и додаде дека на Манчестер му се потребни големи промени.

„Менаџерот, играчите, што и да е. Што и да е потребно за Манчестер Јунајтед да се врати. Потребна е јасна порака од сопственикот. Без разлика дали се работи за Глејзерови, Џим Ратклиф, мора да има порака за тоа каде оди овој клуб. Во моментов сите седиме и чекаме да се распадне“, рече Руни.

Најдобриот стрелец во историјата на Јунајтед рече дека не го препознава клубот во кој помина 13 години.

„Културата на тој фудбалски клуб исчезна. Го гледам тоа секој ден, членови на персоналот добиваат отказ по 20, 30 години работа, а тоа се многу важни луѓе за тој фудбалски клуб. Имам две деца во академијата на тој фудбалски клуб и навистина се надевам дека ова нема да влијае на нив. Душата исчезна од клубот. Потребен му е нов мотор, нов моментум. Потребено е нешто за да го покрене Јунајтед“, рече поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед.

Инеос Групацијата на Ратклиф купи 27,7 проценти од акциите на Јунајтед во февруари 2024 година во вредност од околу 1,25 милијарди фунти.

Вкупниот број на вработени се намали од 1.100 на 700 во последните две години по контроверзните отпуштања.

Семејството Глејзер, кое е сопственик на Манчестер Јунајтед од 2005 година, го задржа мнозинскиот удел, но Инеос ја презеде контролата врз фудбалските операции на клубот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет57 минути

(Фото) Голем портрет од Нетанјаху и Трамп на плажа во Тел Авив: израелскиот премиер како Пинокио

Израелските демонстранти ја искористија средбата меѓу Доналд Трамп и Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа за да испратат порака од плажа...

Европа1 час

Зеленски: Ослободивме повеќе од 174 квадратни километри од Украина

Украина повторно освои повеќе од 170 квадратни километри територија во близина на источниот град Добропил во неодамнешните контраофанзиви, изјави синоќа...

Свет2 часа

Нова ескалација: Мадуро вели дека САД подготвуваат напад, си даде поголеми овластувања

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро потпиша декрет со кој му се даваат дополнителни безбедносни овластувања во случај на воен упад на...

Свет2 часа

(Фото/Видео) Белата куќа го објави мировниот план на Трамп за Газа, Нетанјаху го прифати

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера одржаа клучна средба во Белата куќа, на која Трамп го...

Европа2 часа

Путин: Победуваме во Украина, нашите борци и команданти тргнуваат во напад

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот изјави дека руските сили ја добиваат она што тој ја нарече „праведна битка“ во...

Европа3 часа

Мерц: Не сме во војна, но веќе не сме ни во мир

Германскиот канцелар Фридрих Мерц вчера изјави дека Европа „не е во војна, но повеќе не е во мир“ со Русија....

Македонија11 часа

Ѓорѓиевски: Имаме визија за просторно планирање, зелена инфраструктура и енергетска ефикасност за поубаво Скопје

На вечерашниот митинг во Скопје, со кој започна кампањата за претстојните локални избори, имаше свое обраќање Орце Ѓорѓиевски, кандидат за...

Македонија11 часа

Мицкоски: Правдата не може да чека, нема толеранција за длабоката држава

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше свое обраќање на денешниот митинг, со кој се започна кампањата за претстојните локални избори,...

Македонија15 часа

Судот оваа недела ја завршува оценката на обвинението за „Пулс“

Скопскиот Кривичен суд најави дека до петок ќе ја донесе одлуката дали обвинението за пожарот во кочанската дискотека ќе биде...

Македонија19 часа

Само 42 отсто од институциите доставија податоци за службени возила пред локалните избори

Само 42 % од институциите доставија податоци за службени возила пред локалните избори, соопшти Државната комисија за спречување на корупцијата....

Македонија21 час

Мицкоски: Секој што на каков било начин има поврзаност со случајот во Кочани да биде изведен пред лицето на правдата

Премиерот Христијан Мицкоски, денес, одговарајќи на новинарско прашање во однос на најновата сторија на ИРЛ, која споменува вмешаност на даночни...

Македонија21 час

Уапсени 60 лица за подметнување пожари во Македонија

Од 01 април до 29 септември регистрирани се вкупно 2.080 пожари на отворен простор, при што приведени се вкупно 60...

Македонија21 час

Католичката црква со реакција за муралот на Мајка Тереза: Ова е навредлив чин за сите верници

Католичката црква во Македонија изразува жалење за, како што велат, недостојниот и навредлив чин со кој на муралот на света...

Македонија22 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова во црквата на македонската заедница во Стерлинг Хајтс, Мичиген: Татковината не може да се менува

Со посетата на македонската православна црква „Раѓањето на Пресвета Богородица“ во Стерлинг Хајтс, Мичиген, и средбата со македонската заедница, претседателката...

Македонија22 часа

„Визер“ отвори уште една нова авиолинија од скопскиот аеродром – Штутгарт

Со првиот лет денеска, понеделник, 29 септември, во 6.25 часот наутро, од Меѓународниот аеродром „Скопјe“ до Штутгарт, „Визер“ отвори уште...

Европа1 ден

Данска ги забрани сите цивилни летови со дронови

Данска ги забрани сите цивилни летови на дронови до 3 октомври пред самитот на Европската унија во Копенхаген, објави данскиот...

Европа1 ден

Поранешната шефица на МИ5: Можеби веќе сме во војна со Русија

Велика Британија можеби веќе е во војна со Русија, предупреди поранешната шефица на британската безбедносна служба МИ5. Таа ги наведува...

Европа1 ден

Поранешен руски тајкун: Санкциите се илузија, само воена сила може да го запре Путин

Ако му ја земеш чашата на пијан човек нема да го отрезниш. Иако ова е очигледна вистина за човечката природа,...

Свет1 ден

(Фото) Најголемиот американски носач на авиони во Норвешка; НАТО: Не го гледате ова секој ден

Втора ноќ по ред, неидентификувани дронови летаа над данското небо, потврди данското Министерство за одбрана. Ова е најновиот во низата...

Свет2 дена

Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад врз Киев, меѓу оние кои починаа има и дете

Украина соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 13 други се ранети во главниот град Киев за време на...