Спорт
Вашингтон слави, Кепитолс го освои Стенли-купот (видео)
Вашингтон Кепитолс пр пат во историјата ја освоија шампионската титула во северно-американската професионална хокеарска лига, НХЛ. Кепотолс, во финалето, ги завладаа Лас Вегас Најтс со вкупен резултат 4-1. Петтиот меч од серијата му припадна на Вашингт…

Вашингтон кепитолс првпат во историјата ја освои шампионската титула во северноамериканската професионална хокеарска лига, НХЛ. Кепитолс во финалето го завладеа Лас Вегас најтс со вкупен резултат 4-1. Петтиот меч од серијата му припадна на Вашингтон со 4:3.
Кепитолс одигра брилијантна серија и со исклучок на првиот меч, во кој беше целосно надигран, на другите четири натпревари беше подобриот тим. Голем успех постигна и Лас Вегас бидејќи во својата прва сезона во НХЛ успеа да го освои Западот и да влезе во борба за Стенли-купот.
Во првата четвртина немаше голови, а во седмата минута од втората третина предност на Кепитолс му донесе Врана. Три минути подоцна израмни Шмид, а веќе во наредниот напад Овечкин ја врати предноста кај Вашингтон.
До крајот на оваа третина хокеарите на Лас Вегас направија пресврт преку Перон и Смит.
Последната третина им припадна на гостите од Вашингтон, најпрвин Смит-Пели израмни на 3-3, а потоа Елер ги постави конечните 3:4.
МВП-титулата му припадна на извонредниот руски репрезентативец Алексеј Овечкин. Тој во плејофот постигна 15 гола, нов рекорд на франшизата, а вкупно разигрувањето го заврши со 27 поени.
Earned.@ovi8 is the Conn Smythe Trophy winner as playoff MVP! #StanleyCup pic.twitter.com/ZQpxiSbYHf
— NHL (@NHL) June 8, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

