Спорт
Вајт со брутален нокаут ја доби „војната“ со Чисора, па го повика Џошуа (видео)
Дилијан Вајт го нокаутираше Дерек Чисора во британската тешкашка битка за да ја освои ВБО интернационалната титула во тешка категорија и веднаш го повика Ентони Џошуа на пресметка.
По брутални 11 рунди, Вајт го „здрви“ Чисора со тежок удар по кој проти…


Дилијан Вајт го нокаутираше Дерек Чисора во британската тешкашка битка за да ја освои ВБО интернационалната титула во тешка категорија и веднаш го повика Ентони Џошуа на пресметка.
По брутални 11 рунди, Вајт го „здрви“ Чисора со тежок удар по кој противникот ја загуби свеста и мораше да добие медицинска помош. Ова е втор триумф на Вајт над Чисора по тој во 2016 година и сега тој е најверојатниот противник на шампионот Ентони Џошуа веќе во април 2019 година.
По дуелот изненади и одлуката на Вајт да го посети својот противник во соблекувалната, покажувајќи дека „војната“ остана само во рингот.
That was a brutal knockout by Whyte, Chisora was gone before he hit the ground. pic.twitter.com/B055T0mGhP
— Steven Hoy (@SteHoy1878) December 22, 2018
Whyte’s KO of Chisora on the counter. What a finish to the rematch #WhyteChisora2 pic.twitter.com/k8HivyaJdm
— Brenden Whitted (@WBHUAlum) December 22, 2018
? Dillian Whyte heads into Dereck Chisora’s dressing room to show respect after their second war.
[? @MatchroomBoxing]pic.twitter.com/UUDUlgid24
— Michael Benson (@MichaelBensonn) December 23, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Аморим доби поддршка од челниците на Манчестер јунајтед

Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, вети дека нема да ја менува својата фудбалска филозофија, а клупските челници не планираат да го сменат тренерот, објавија британските медиуми.
„Клубот од Олд Трафорд има долгорочен план и иако постои незадоволство од моменталните резултати, нема да има ненадејни реакции или по секој натпревар да се преиспитува иднината на тренерот, без разлика колку е гласна бучавата однадвор“, објави „Скај Спортс“.
Откако легендарниот Сер Алекс Фергусон го напушти Јунајтед пред 12 години, клубот имаше осум тренери и двајца привремени тренери.
„На Аморим му е потребен добар настап и резултат во претстојниот натпревар против Челзи за време на викендот, во спротивно повиците за негово отпуштање само ќе растат“, пишува „Скај Спортс“.
Во недела на „Етихад“, Јунајтед го загуби дербито на Манчестер против Сити со 0:3.
Со четири бода од првите четири натпревари, Јунајтед го има најлошиот старт во Премиер лигата од сезоната 1992/1993. Тимот беше елиминиран и од Лига купот, со сензационалниот пораз од тимот од четвртата лига Гримсби на пенали.
Минатата сезона, Јунајтед освои најмалку бодови во својата историја во Премиер лигата (42).
Foto/ EPA
Спорт
Погон Шчецин потпиша со поранешен светски првак

Францускиот лев бек Бенжаман Менди, поранешен играч на Манчестер Сити, кој преживеа долгогодишна драма пред да биде ослободен од обвиненијата за силување, има нов клуб.
Менди, кариерата ќе ја продолжи во полската Екстракласа, а новиот клуб на 31-годишникот роден во близина на Париз ќе биде Погон Шчецин, како што тврди локалниот „mezcyki.pl“ и објавија бројни европски медиуми.
Станува збор за двегодишен договор, а Полјаците истакнуваат дека Французинот бил привлечен од годишна плата од повеќе од еден милион евра.
Менди ја започна својата професионална кариера во Авр, по што играше за Марсеј и Монако. Тој беше активен во синиот дел на Манчестер од 2017 до 2021 година кога започна контроверзната приказна.
Французинот не играше фудбал две години, иако официјално беше член на Сити, а по ослободителната пресуда се врати во Лига 1 каде што ги бранеше боите на Лориен, а последната сезона ја помина во Цирих.
Левиот бек беше дел од француската репрезентација која го освои Светското првенство во Русија во 2018 година, а со Сити го освои и англиското првенство во 2018, 2019 и 2021 година.
Спорт
Познати се локациите на шесте спринт-трки во новата сезона во Ф1

Формула 1 и ФИА ги објавија имињата на шест локации каде што ќе се одржат спринт трки во 2026 година.
За прв пат, спринт трките ќе се одржат во Монтреал, Зандворт и Сингапур, а тука се и Шангај, Мајами и Силверстоун.
Првата спринт трка ќе биде на Големата награда на Кина, која се одржува од 13 до 15 март, а потоа се сели во Северна Америка (Мајами и Монтреал).
Европските спринт патеки се британскиот Силверстоун и холандскиот Зандворт, а последната спринт трка ќе се вози во Сингапур.
Ова се датумите и локациите на спринтерските трки за новата сезона:
Шангај, Кина: (13-15 март 2026 година)
Мајами, САД: (1-3 мај)
Монтреал, Канада (22-24 мај)
Силверстоун, Велика Британија (3-5 јули)
Зандворт, Холандија (21-23 август)
Марина Беј, Сингапур (9-11 октомври).
Новата сезона во Ф1 започнува на 6 март во Австралија и завршува на 6 декември во Абу Даби. Ќе се одржат вкупно 24 трки.