Спорт
Венгер се враќа, од Англија тврдат дека на маса има 4 понуди!
Легендарниот француски фудбалски стручњак, Арсен Венгер (69), му се враќа на фудбалот. Според пишувањата на „Тајмс“, Венгер на маса има 4 конкретни понуди, но ниедна не е од Островот.
На тренерот, кој 22 години беше на кормилото на Арсенал, му понудиле функција спортски директор во ПСЖ, но тој ја сака тренерската работа. Според информациите на угледниот медиум, на Венгер му се нуди работа и како селектор, но тој преферира работа во фудбалски клуб.
Преостанатите две понуди се од два водечки европски клуба, но нивните имиња засега се во тајност.
Венгер во минатото се споменуваше како замена на Нико Ковач на кормилото на Баерн Михен, но тоа се случуваше и со Милан и Реал Мадрид. Во сите три клуба тренерите (Ковач, Гатузо и Солари) се на стаклени нозе, па не е чудо ако Венгер сепак преземe налето еден од овие гиганти.
Арсен Венгер од 1996 до 2018 беше на чело на клупата на „топџиите“ од Лондон, при што освои 17 трофеи. Во кариерата уште ги тренира и Нагоја, Монако и Нанси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

