Спорт
(Видео) Голема прослава за Ѓоковиќ во Белград – „Ова е успех на целата нација“
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, официјално стана рекордер по бројот на недели (311) поминати на првото место на АТП-листата. Вечерва, по овој повод, во негова чест се одржа дочек во Белград, а шампионот го прослави историскиот момент со своите сограѓани.
Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, исто така јавно му се заблагодари на Ѓоковиќ за постигнатиот успех.
„Вечерва, Белград го слави триумфот на Ноле! Од денес белграѓанецот Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња. Ти благодарам за радоста што му ја донесе на нашиот народ“, напиша Весиќ.
Вечерас Београд слави тријумф Нолета! Од данас Београђанин Новак Ђоковић најбољи је тенисер свих времена.
Хвала Ноле за радост коју си пружио нашем народу!
Posted by Горан Весић on Monday, March 8, 2021
„Ви благодарам што дојдовте, не очекував толку многу луѓе. Ви благодарам за сите овие години што сте со мене. Ова е успех на целата нација, не само мој и на моето семејство. Тоа го сфатив пред десет години кога успеав да го остварам детскиот сон за освојување на Вимблдон. Она што најмногу ме трогна беше тоа што го доживеав во Белград по Вимблдон кога првпат станав број еден во светот. Се вратив тука и Србија подготви нешто што ќе го паметам целиот живот. Вечно сум ви благодарен за тоа и поради тоа, чувствувам голема чест, привилегија и задоволство и одговорност да ве претставувам сите на најдобар можен начин насекаде во светот. Знам дека ви ги кинам нервите, понекогаш си ги кинам и сам на себе“, рече Новак пред насобраните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Пресврт, Влаховиќ сега сака да остане во Јувентус
Душан Влаховиќ сериозно размислува за продолжување на договорот со Јувентус. Овие информации ги пренесоа неколку италијански медиуми.
По месеци шпекулации за неговото заминување, се чини дека српскиот репрезентативец се уште не донел одлука да го напушти Торино, напротив, сите опции сè уште се разгледуваат, а самиот играч покажал интерес да го продолжи договорот.
„Соработник близок до менаџерот на фудбалерот, открива дека Влаховиќ покажал интерес за продолжување на соработката“, вели италијанскиот новинар Даниеле Лонго, потврдувајќи дека самиот Влаховиќ ја разгледува опцијата за нов договор.
Оваа перспектива го менува претходниот наратив, дека напаѓачот нема намера да остане во Јувентус.
Влаховиќ во моментов с годишна плата од 12 милиони евра е најплатениот играч во клубот и еден од најплатените во Серија А. Јувентус му нуди нов, повеќе годишен договор, со помала плата, што барем досега играчот и неговиот менаџер го одбија.
Foto/ depositphotos
Спорт
Татко ја убил мајката на натпревар на нивниот син
Ужасни вести ни доаѓаат од хокеарски натпревар од Соединетите Американски Држави.
Според американските медиуми, на хокеарскиот натпревар во Род Ајленд се случила страшна пукотница во која три лица ги загубиле животите, а неколку лица биле хоспитализирани.
Натпреварот се одржал во Потакет, Род Ајленд, а се натпреварувале две средни училишта.
Инцидентот се случил на трибините за време на натпреварот кога таткото на еден од играчите дошол вооружен и ја застрелал мајката на своето дете, а во таа прилика тешко ранил уште четири лица.
Едно лице починало на пат кон болница, три лица биле хоспитализирани, а починал и напаѓачот, па иако не е наведено како, се верува дека станува збор за самоубиство.
Спорт
Сензација на ЗОИ, златен медал за 41-годишна Американка
Зимските олимписки игри во Милано и Кортина донесоа низа неверојатни моменти, а еден од најголемите се случи во понеделникот, во женскиот монобоб.
Американката Елана Мејерс Тејлор го освои златниот медал, со што се запиша во историјата како најтрофејна зимска олимпијка во историјата на американската репрезентација, но и како најстарата Американка со злато на Зимските олимписки игри.
Четириесет и едногодишната Мејерс Тејлор победи со вкупно време од 3:57,93. Во неизвесен финиш, таа беше побрза од Германката Лаура Нолте, која го освои среброто со разлика од само четири стотинки (3:57,97). Бронзениот медал ѝ припадна уште една Американка, Кајли Армбастер Хамфрис, чие време беше 3:58,05.
Со освојувањето на златниот медал, Мејерс Тејлор се израмни со легендарната брзолизгачка Бони Блер како најтрофејна американска спортистка на Зимските олимписки игри. Двете сега имаат по шест олимписки медали. Во исто време, Мејерс Тејлор стана најстарата Американка во историјата што освои златен медал на Зимските олимписки игри.
Мејерс Тејлор освои медали на сите Зимски олимписки игри на кои учествувала од 2010 година. Во Ванкувер 2010 година, таа освои бронза со Ерин Пак, а потоа две сребра во боб со две седишта – во Сочи 2014 година со Лорин Вилијамс и во Пјонгчанг 2018 година со Лорен Гибс. На Игрите во Пекинг во 2022 година, таа освои сребро во боб со едно седиште и бронза во боб со две седишта.
Foto/ EPA

