Спорт
(Видео) Иван Перишиќ во Хајдук
Хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ е новиот играч на сплитски Хајдук.
Договорот на Перишиќ со Тотенхем истекува на крајот од оваа сезона, а кариерата ја продолжува во сплитски Хајдук како позајмен играч.
Како што беше најавено, договорот за позајмица беше потпишан до крајот на оваа сезона, а потоа Перишиќ ќе потпише едногодишен договор со клубот од Пољуд.
Перишиќ се уште се опоравува од повредата на вкрстените лигаменти на коленото, а неговото деби во Хајдук се очекува до крајот на сезоната.
Перишиќ беше член на Хајдук од 2000 до 2006 година, но не дебитираше за сениорскиот тим.
Сплитскиот клуб на емотивен начин го најави доаѓањето на Перишиќ.
Перишиќ во кариерата настапуваше за Сошо, Роселаре, Бриж, а потоа следеше трансферот во Борусија Дортмунд под водство на Јирген Клоп. Потоа се пресели во Волфсбург, а летото 2015 година замина во Интер, каде што помина шест сезони.
Сезоната 2019/20 ја помина на позајмица, а во сезоната 2022/23 замина во Премиер лигата, во Тотенхем.
Во дресот на хрватската репрезентација одигра 129 натпревари и постигна 33 гола, а освои сребро на Светското првенство во Русија и бронза во Катар, како и сребро во Лигата на нации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дебакл на Црна Гора – Селекторот Шола поднесе оставка
Храватскиот тренер, Владо Шола поднесе оставка од функцијата селектор на Црна Гора. Шола и неговите избраници се изрезилија против Италија во баражот за пласман на Светското првенство.
Црна Гора ги загуби двата натпревари од Италија во баражот за СП 2025. Италија го доби првиот натпревар 32:26, а во реваншот беше 34:32 за Италијанците.
„Им честитам на играчите, преземам одговорност за се. Се што беше лошо беше моја вина. Веднаш поднесувам оставка, жал ми е ако го разочарав ракометниот свет во Црна Гора“, изјави Шола на прес-конференцијата по натпреварот.
Спорт
Фабрегас: Варди не е дел од нашите планови
Помошникот на тренерот на Комо, Цеск Фабрегас, ги демантираше гласините дека англискиот напаѓач Џејми Варди би можел да потпише договор со новиот тим на италијанската Серија А.
Комо натпреварувањето во второлигашкиот караван го заврши на втората позиција со три бода помалку од Парма и заедно со „млекарите“ обезбедија пласман во елитното друштво. Комо последен пат дел од италијанската елитна дивизија беше пред 21 година.
„Варди не е мета на Комо за новата сезона. Ќе потпишеме играчи кои веруваат во нашиот проект и сакаат да играат овде. Ќе составиме конкурентен тим“, изјави поранешниот шпански репрезентативец.
Лестер се врати во Премиер лигата по една година во Чемпионшип, а Варди имаше одлична сезона.
37-годишниот фудбалер го носи дресот на „лисиците“ од 2012 година, а во сезоната 2023-24 одигра 37 натпревари во сите натпреварувања и постигна 20 гола со две асистенции.
Спорт
(Видео) Ултрасите на ПСЖ со посебна кореографија се простија од Мбапе
Пред почетокот на натпреварот против Тулуз, навивачите на ПСЖ со спектакуларна кореографија се простија од Килијан Мбапе, кој пред неколку дена потврди дека си заминува од Париз на крајот на сезоната.
Мбапе го постигна првиот гол на натпреварот (негов 256 во дресот на ПСЖ), но на крајот гостите славеа со 3:1.
Еден од најдобрите играчи во светот се прости од шампионот на Франција во видео кое го објави на социјалните мрежи.
„Отсекогаш сум велел дека ќе ве контактирам кога ќе дојде време, па затоа сакам да објавам дека ова ми е последна година во Пари Сен Жермен. Нема да го обновувам договорот и авантурата ќе заврши за неколку недели“, рече Мбапе, заблагодарувајќи им се на сите со кои соработуваше во ПСЖ и рече:
„Има многу емоции, има многу години во кои имав можност и голема чест да бидам член на најголемиот француски клуб и еден од најдобрите клубови во светот, што ми го даде првото искуство во клуб со голем притисок, исто така, ми овозможи да пораснам како играч покрај некои од најдобрите во историјата, да запознам многу луѓе и да пораснам како човек со сета слава што ја стекнав и сите грешки што ги имам направено“.
Иако не откри во кој клуб ќе ја продолжи кариерата, изјави дека заминува од Франција.
Најдобро информираните светски експерти за трансфери со месеци пишуваат дека неговиот потпис за Реал Мадрид е речиси завршена работа. На крајот од оваа сезона Мбапе имаше опција да го продолжи договорот со ПСЖ на уште една година, но тоа нема да го стори, па ќе го напушти клубот без обештетување.
👋🏻🇫🇷 PSG Ultras say goodbye to Kylian Mbappé. pic.twitter.com/C9AXFAfcDl
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 12, 2024