Спорт
(Видео) Прва снимка од Сабаленка откако се самоуби нејзиното момче: многумина ја осудуваат, другите ја бранат
Арина Сабаленка доживеа страшен удар, бидејќи нејзиното момче Константин Колцов се самоуби, скокајќи од балконот на хотелот во кој престојувал во Мајами.
Белоруската тенисерка по оваа трагедија не се огласи на социјалните мрежи, многумина се прашуваа што ќе прави после се и дали ќе се повлече од турнирот, но таа реши да игра и шокираше многумина.
Уште еднаш тенисерката од Белорусија покажа колку е психички силна и дека и во оваа ситуација решила да остане на турнирот.
Aryna Sabalenka training in Miami.
If anyone feels the need to judge her for playing, please stop.
The grieving process is so much more complex than whatever your opinion is.
She deserves kindness in her healing journey 🙏❤️
(via @BartekIgnacik) pic.twitter.com/nLm8RdCNvU
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) March 19, 2024
Сега се појави и првото видео на Белорусинката која тренира и се подготвува за стартот на турнирот на кој е втора носителка.
Многумина ја осудуваат што сепак одлучила да игра и се однесува како ништо да не се случило, а изгубила важна личност во животот, додека други сметаат дека тенисот и е поважен сега од кога било и дека веројатно е излез од оваа тешка ситуација.
Сабаленка и Колцов беа во врска од 2021 година, откако тој во 2020 година се разведе од поранешната сопруга Јулија, со која имаше три деца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Милевски ја презеде одговорноста за дебаклот во Велс
Серијата од две години без пораз во офоцијални натпревари, вкупно 14, во која се наоѓаше фудбалската репрезентавција на Македонија, заврши на „Милениум“ стадионот во Кардиф.
Велс, во последното коло во Ј групата, за пласман на Светското првенство, ја прегази Македонија со 7:1. Ова е вториот најтежок пораз во историјата на националниот тим. Втор пат Македнија прими седум гола на еден натпревар, претходно тоа се слуи на „Олд Трафорд“ против Англија (7:0).
Резултатот најдобро ја отсликува немоќта на македонските фудбалери на овој натпревар. По мечот селекторот Благоја Милевски ја презеде одговорноста за дебаклот.
„Немавме одговор за агресивната игра на Велс. Одговорноста е моја и секогаш ќе биде, начинот на кој загубивме боли повеќе“, рече Милевски.
Македонија сега ја очекува баражот за пласман на Мундијалот. Полуфиналните и финалните двојки ќе бидат извлечени в четврток во Цирих. Познато е дека во полуфиналето противник на Македонија ќе биде една од овие четири селекции: Италија, Данска, Турција или Украина.
Foto/ ffm.mk
Спорт
Можни противни во полуфиналето се Италија, Данска, Турција и Украина
Завршија европските квалификации за пласман на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Англија, Франција, Хрватска, Норвешка, Германија, Холандија, Португалија, Белгија, Швајцарија, Австрија, Шпанија и Шкотска го обезбедија своето место на планетарната смотра.
Европа на Мундијалот ќе биде застапена со 16 селекции. Последните четири ќе бидат познати во март наредната година кога ќе се одигра плејофот.
Меѓу 16-те репрезентации се наоѓа и Македонија, која место во плејофот избори преку Лигата на нации.
Репрезентациите ќе бидат распределени во четири шешири, според рејтингот. Правилата се дека репрезентација од првиот ќе игра против репрезентација од четвртиот шешир, а оние од вториот за противник ќе имаат селекции од третиот шешир во полуфиналето.
Потоа победниците ќе играат во финалето, а само победниците од четирите финални натпревари ќе се пласираат на Мундијалот.
Прв шешир: Италија, Данска, Турција, Украина
Втор шешир: Полска, Велс, Чешка, Словачка
Трет шешир: Ирска, Албанија, БиХ, Косово
Четврти шешир: Романија, Шведска, Македонија, Северна Ирска
Македонија во полуфналето ќе игра на гостински терен, а можно противници се Италија, Турција, Данска или Украина.
Ждрешката за баражот ќе биде извршена во четврток, во Цирих, со почеток во 13 часот.
Foto/ EPА
Спорт
(Видео) Ножичките на Мектоминеј, проектилот на Тирни и голот од половина терен ан Меклин ја однесоа Шкотска на СП
Фудбалерите на Шкотска ја победија Данска со 4:2 (1:0) во последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026 во групата.
Со овој триумф, Шкотланѓаните обезбедија директен пласман на Муднијал следната година, Данска ќе бара место на Светското првенство преку баражот.
Во спектакуларен натпревар во Глазгов, Шкотланѓаните водеа три пати, Данците се вратија двапати и со играч помалку, а потоа Меклин го постави конечниот резултат во осмата минута од судиското продолжение, со гол од половина терен.
Лудиот меч на „Хампден парк“ го најави Скот Мектоминеј во третата минута, кога со ножички постигна спектакуларен гол.
На Шкотланѓаните им беше потребна победа за директен пласман на Светското првенство, додека на Данска ѝ беше доволен и нерешен резултат на овој натпревар, за да бидат први од Групата Ц.
Данците не се предадоа, израмнија на 1:1 во 57-та минута, кога стрелец беше Хојлунд од пенал.
Само четири минути подоцна, Данска остана со 10 играчи, бидејќи Кристенсен доби втор жолт картон.
Добро се држеа Данците и со играч помалку имаа иницијатива и ја контролираа играта.
Нивната одбрана не издржа во 78-та минута кога, резервниот напаѓач Лоренс Шкаланд постигна гол за 2:1.
Шкотланѓаните беа на 12 минути од директен пласман на СП, а потоа Данците повторно израмнија четири минути подоцна, а овој пат Доргу беше прецизен за 2:2.
Кога се чинеше дека сè е готово, во третата минута од судиското продолжение, Киран Тиерни брилијантно погоди од 20 метри.
За крај на спектаклот, дојде и спектакуларниот гол на Кенај Меклин. Во осмата минута од судиското продолжение, фудбалерот на Норич го лобуваше Шмајхел од половина терен.
Foto/ EPA

