Спорт
(Видео) Снимка од безбедносна камера: Дивеењето на хрватските хулигани ноќта кога беше убиен навивач на АЕК

Објавена е нова снимка од безбедносните камери од ноќта кога е убиен Михалис Качурис, 29-годишен навивач на АЕК.
07.08.2023, AEK Athens🇬🇷 vs BBB (Dinamo Zagreb🇭🇷), video from front of AEK stadium https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/cFjQt96uJw
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) August 11, 2023
Чешката веб-страница „Hooligans.cz“ која ги следи пресметките на навивачите ширум светот, објави нова снимка од Атина на социјалните мрежи.
На видеото наводно се гледа како група навивачи на АЕК бегаат по нападот на хулиганите на Динамо Загреб.
Грчката полиција се обидува да го расветли случајот, а во моментов за убиство се осомничени пет хулигани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тебас: Клупскиот Мундијал е тотален апсурд

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, ги повика челниците на ФИФА да го откажат Светското клупско првенство пред 18 месеци, верувајќи дека „светското фудбалско тело воспостави монопол врз календарот на натпревари со тоа што ги привилегира сопствените натпреварувања“.
Покрај Тебас, многумина се пожалија на густиот распоред, со оглед на тоа што Светското првенство според новиот систем, кое се одржува во Соединетите Американски Држави, започнува 15 дена по завршувањето на Лигата на шампионите и ќе се одржи истовремено со Европското младинско првенство.
Тебас не се предомисли и неколку дена пред почетокот на Светското првенство, го нарече ова натпреварување „тотален апсурд“.
Овој пат тој ја нападна ФИФА, бранејќи двајца претставници од неговата лига, Реал и Атлетико, кои ја претставуваат Шпанија на турнирот со 32 клуба.
„Веќе има контроверзии околу тоа кога Реал и Атлетико ќе го започнат првенството, што го нарушува нашиот вообичаен распоред и е штетно и за нас на среден рок. И одлуката дали овие два клуба ќе го започнат првенството подоцна за да се одморат не е само моја, туку ќе ја донесеме навреме кога ќе видиме како стојат работите“, рече Тебас во интервју за радио „Кадена Копе“.
Според планот и програмата, Ла Лига во сезоната 2025/26 треба да започне на 17 август.
Потоа се пожали на нешто друго:
„Организаторите на турнирот во ниту еден момент не се консултираа со нас, не само за датумите, ништо не не прашаа… Она што го прават е многу штетно за шпанското првенство, ако големи клубови како Реал Мадрид и Атлетико не можат да играат на првиот ден од Ла Лига. Тоа е апсурдно“, заклучи првиот човек на Ла Лига.
Спорт
Томас Франк го презеде Тотенхем

Томас Франк официјално го презеде Тотенхем. На клупата го наследи Ангелос Постекоглу, кој беше отпуштен и покрај тоа што го водеше тимот до трофејот во Лига Европа и место во Лигата на шампионите.
Катастрофалниот пласман во Премиер лигата (17-то место) пресуди Австралијанецот со грчко потекло, да добие отказ, а на негово место да дојде Данецот кој го водеше Брентфорд во претходните седум сезони.
Франк има 52 години, ги водеше јуниорските тимови на Данска, беше тренер на Брондби три години пред да се пресели во Англија.
Со Брентфорд, тој освои место во Премиер лигата во 2021 година, и успеа да го задржи клубот во првата лига четири сезони по ред.
Преселбата во Тотенхем е нов голем чекор во неговата кариера, а тој потпиша договор со клубот до 2028 година.
Тотенхем за тренерот на Брентфорд му плати обсштетување од 12 милиони евра.
Оваа сума го рангира Франк на петтото место на листата на највисоки надоместоци исплатени за фудбалски тренери.
Прв е Греам Потер, за кого Челзи му плати на Брајтон нешто повеќе од 25.000.000 евра во 2022 година. Истата сума ја плати Баерн за Јулијан Нагелсман од Лајпциг една година претходно.
Трет на оваа листа е некогашниот рекордер Андре Виљаш-Боаш со надомест од околу 15.000.000 евра, а повторно парите ги издвои Челзи, во 2011 година. И Баерн е два пати во топ 5, бидејќи минатото лето му плати на Барнли 12.000.000 евра за Винсент Компани.
Спорт
Партизан ја освои АБА лигата

Кошаркарите на Партизан ја победија Будуќност од Подгорица во четвртиот натпревар од финалето на АБА лигата и ја освоија шампионската титула.
Партизан против Будуќност победи со 90:75 и ја освои рекордната осма шампионска и повторно стана најтрофејниот тим во историјата на АБА лигата. На тронот црно-белите го наследија градскиот ровал Црвена звезда.
Партизан од средишницата на втората четвртина ја презеде контролата и врз играта и врз резултатот. Будуќност во ниту еден момент не успеа да му се закани на новиот шампион.
Брендон Дејвис беше најефикасен со 18 поени и 4 скока, додека Стерлинг Браун имаше 18 поени, 2 скока и 3 асистенции, а Карлик Џонс 17 поени, 4 скока и 9 асистенции. Двоцифрени со по 13 поени беа и Исак Бонга и Ифе Лундберг.
На другата страна, 23 поени постигнаа Јоги Ферел, 14 Никола Танасковиќ, а по 11 Кенан Камењаш и Рашид Сулејмон.