Спорт
Вимблдон финалето позади сцената – последна епизода
Вимблдон, недела, 10.07, некаде околу 16 часот по македонско време. Втор сет, петти геим: Новак губи 1-0 во сетови, а во вториот сет води со 5-3 во геимови и сервира за победа во сетот и израмнување на 1-1 во сетови. Сепак, во неговиот геим губи 0-40. Ник е на праг да направи рибрејк и да се врати во сетот. Мртва тишина на cентрал kортот. Ноле го тапка топчето од трева, долго, предолго за моите нерви…
Мора да се намести за што подобро да сервира и евентуално направи ас и го освои првиот од трите поена, со кои ќе изедначи во геимот и ќе си ја продолжи шансата да го добие геимот и сетот. Неговите навивачи немаат толку трпение, сакаат веднаш и сега тоа да се случи.
Во таа привидно мирна тишина, оддеднаш, во мојот дел од трибината, почнува да „пее“ нечиј мобилен. Се слуша одвратен звук на мутиран женски глас, ставен на форвард за да звучи како скери глас на мало девојче. Со еден збор опишан, хорор глас.
Тоа се оние банери, кои како поп ап се појавуваат кога отварате некоја несигурна страница и ви се појавува видеоанимација со аудиотраг. Сите во чудо се вртат околу себе, прашувајќи се која е таа будала што токму сега ова го прави. И јас се вртам околу мене, да го пронајдам идиотот.
На моето лице има и иронична, потценувачка, насмевка, како експресија на заедничкото прашање – на кого ова му се случува.
Како се вртам со погледот да го откријам лудакот, така забележувам како сите во мене гледаат. Два реда пред мене седи Саша Озмо од Спорт клуб, кој „погледом ме пресеча ко мачем“. Оддеднаш сфаќам дека тоа мојот мобилен во џеп пее ли пее. Ноле и понатака продолжува да го тапка топчето од тревата. Среќа, па звукот до теренот не стигнува.
Целиот во паника го вадам мобилниот, збунет, посрамотен, не знам што да правам… Како му се исклучуваше тонот у п…. матер!? Рефлексно стискам на муте, но тој продолжува да пишти. Ми текнува – муте копчето ми е расипано веќе три години.
Го вклучувам дисплејот за да го исклучам комплетно мобилниот, но процесорот банвно се активира бидејќи апаратот е ставен на режим на штедење на батеријата. Секундите се развлекуваат како години, а јас конечно успевам да го исклучам мобилниот. Во тој момент, судијата се огласува на озвучувањето: 15-40. Ноле продолжува во истиот ритам, изедначува на 40-40. Успева да го добие геимот и сетот. Понатаму, сè е историја и седма титула.
Мене сè уште не ми е јасно како тоа се случи, кога мобилниот уште на почеток на мечот ми беше ставен на муте, само на вибрација, која, исто така, не работеше, бидејќи режимот беше за штедење батерија. Па, мајку му, не сум толку аматер да одам да гледам финале на Вимблдон, а да не знам дека на мобилниот треба да му биде деактивиран звукот. Сепак, се случи. Чудно, туѓо, мистично… Но, уште почудно и помистериозно ми е како токму на тој поен се огласи мојот мобилен!?
Затоа, единственото „рационално“ објаснување ми е ако вчера постоеше некоја космичка сила, која сакаше да прати сигнал дека Ноле ќе победи, тоа беше токму преку звукот од мојот мобилен.
Ненад Живановски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ванкувер ќе потроши 442 милиони долари за организација на Мундијалот
Проценетите трошоци за одржување на Светското првенство во 2026 година на „Би Си Плејс“ стадионот во Ванкувер, дупло се зголемиле во последните две години, изнесуваат 422 милиони долари.
Во март 2022 година беше најавено дека во Ванкувер ќе се одиграат пет натпревари на Мундијалот чии домаќини ќе бидат Канада, Мексико и САД. Во меѓувреме Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го зголеми бројот на натпревари на седум.
Документот се наведени торошоците на градот и покраината, заедно со работите на стадионот. Во ажурираните проценки влегуваат и факторите за сместување, работењето и барањата по посетата на ФИФА, зголемените претпоставки за инфлација и трошоците за основните услуги во јавниот сектор.
„Се разбира, ќе има повеќе трошоци и повеќе приходи, но ако се прошири на долг рок, придобивките се огромни и тие повеќе од сигурно ќе го исплатат тој дефицит“, рече градоначалникот на Ванкувер, Кен Сим.
Владата на Британска Колумбија соопшти дека натпреварите ќе привлечат околу 350.000 фанови во покраината и ќе генерира повеќе од една милијарда канадски долари, околу 727 милиони долари во туризмот во петте години по турнирот.
За реновирање на стадионот „Би Си Плејс“ е планирана инвестиција од 142 милиони американски долари.
Спорт
(Видео) Ѓоковиќ со неверојатен гест ги воодушеви најмладите во Црна Гора
Најдобриот светски тенисер, во регионот се подговтува за претстојните предизвици: Мастерсот во Рим, втроиот грен слем во сезоната Ролан Гарос, Вимблдон и Олимписките игри во Париз.
Ѓоковиќ од Дубровник се пресели во Тиват, каде со еден потег ги воодушеви најмладите.
Црногорските медиуми објавија дека тој се шетал во Тиват маскиран во рибар и играл тенис со најмладите низ градските улици.
По десетина минути Србинот ја тргнал маската (капата и брадата), настанала ерупција од воодушевување кога луѓето забележаа дека тоа е Новак Ѓоковиќ.
👋 @DjokerNole in Tivat,Montenegro today 🇲🇪#Djokovic @NDjokofan #Montenegro #NoleFam
📸:https://t.co/ffzvnRfzFq pic.twitter.com/lubTMT2DJK
— Milica Milutinovic (@MilicaM84932667) May 1, 2024
Спорт
Борусија Дортмунд си обезбеди место во ЛШ во наредната сезона
Foto/ EPA
Фудбалерите на Борусија Дортмунд со победата во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите и обезбедија пет екипи на Бундеслигата во Лигата на шампионите наредната сезона.
„Милионери“ одигра за себе, бидејќи тие се петти на табелата, без шанси да го стигнат четвртопласираниот Лајпциг.
Германците освоиле 18.357 бодови и се втори на листата на УЕФА. Првото место и припаѓа на Италија чии тимови собрале 19.428 поени. Овие две земји ќе имаат по пет претставници во новата сезона од Лигата на шампионите.
Во финишот на сезоната во европските купови, Англичаните ја имаат само Астон Вила во Конференциската лига, додека Французите имаат два претставника (ПСЖ во Лигата на шампионите и Марсеј во Лига Европа).
Следната сезона во Лигата на шампионите Германија ќе ја преставуваат Баер Леверкузен, Баерн Минхен, Штутгарт, Лајпциг и Борусија Дортмунд.