Спорт
Вон победи во Оре, малиот глобус за Гоџа
Линдзи Вон победи на денешната спуст трка што се одржа во Оре, Шведска, но на крајот не успеа да го освои малиот кристален глобус во оваа дисциплина.
За да победи во вкупниот пласман на Американката и беше потребна победа во Оре, но и Италијанката Софи…
Линдзи Вон победи на денешната спуст-трка што се одржа во Оре, Шведска, но на крајот не успеа да го освои малиот кристален глобус во оваа дисциплина.
За да победи во вкупниот пласман, на Американката ѝ беше потребна победа во Оре, но и Италијанката Софија Гоџа да не биде подобро пласирана од третото место.
Вон со победата го исполни првиот услов, но Гоџа заврши на втората позиција. Американката заблежа време 55:65 секунди, а Италијанската беше за шест стотинки побавна. Третото место ѝ припадна на уште една Американка, Алис Мекинис (55:93).
На крајот Гоџа го освои малиот кристален глобус со 509 бода, само три повеќе од Вон. Трета во вкупниот поредок заврши Тина Вајрајтер од Лихтенштајн со 394 бода.
Во вкупниот поредок во Светскиот куп победата ја однесе Микаела Шифрин.
фотографии: EPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓоковиќ објасни зошто не дал интервју н теренот по победата над Лехечка
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, по победата над Јиржи Лехечка (3:0) во четвртото коло на Австралија опен, не даде интервју на теренот. Го зеде микрофонот од Џим Куриер и кратко им се заблагодари на навивачите. На прес-конференцијата откри зошто постапил така.
Иако првично се мислеше дека причината е непријателската публика, набрзо беше утврдено дека Ѓоковиќ бил лут на каналот „Nine“, кој ги пренесува натпреварите од првиот Грен слем сезонава.
Поконкретно, новинарот на каналот, Тони Џонс, кој за време на неговото вклучување од претходниот меч на Ѓиковиќ, против Чехот Махач, се сврте кон обожавателите на Новак и почна да се шегува, на непримерен нчин.
„Новак е преценет, тој е минато.. Исфрлете го“, рече Џонс и додаде: „Мило ми е што не можат да ме слушнат“.
Затоа реагираше Ѓоковиќ.
„Би сакал да кажам зошто не дадов интервју. Пред неколку дена, познат спортски новинар кој работи за официјалната телевизија на Австралија опен „nine“ ги исмеваше српските навивачи и ме навредуваше. Тој одлучи да не се извини јавно, ниту тоа го направи каналот „Nine“. Поради тоа решив да не дадам изјава на теренот. Немам ништо против Џим Куриер. Едноставно не беше вистинскиот момент за да кажам на теренот зошто го напарвива тоа. Му оставам на каналот „Nine“ да го направи она што мисли дека е правилно“, рече Ѓоковиќ.
Тој потврди дека публиката нема никаква врска со тоа.
„Па, не, ништо посебно. На секој меч се случува нешто различно. Веќе објаснив зошто не дадов интервју, тоа не е поради публиката туку поради каналот „Nine““, додаде Новак, кој потврди дека нема да дава изјави за овој ТВ канал додека тој и неговите навивачи не добијат извинување.
Ѓоковиќ откри дека за проблемот разговарал и со Крег Тајли, директорот на турнирот.
Спорт
Хетафе ја запре Барселона, Гави на противниците им посака да испаднат од Примера
Барселона, синоќа не успеа да го победи Хетафе. Натпреварот на „Алофонсо Перез Колосеум“ во Мадрид заврши 1.1.
Фрустриран од новиот кикс, играчот на Барселона Гави им посакал на играчите на Хетафе да испаднат од Примера.
Ова го тврди фудбалерот на Хетафе, Хуан Иглесијас.
На медиумкте Иглесијас им открил дека шпанскиот репрезентативец го кажал додека ја покривал устата со рака за да не можат камерите да го снимат она што го зборува.
„Воопшто не ми се допаѓа тоа што го направи. Мислам дека тоа не беше соодветно. Тој ја покри устата со раката и рече дека сака да испаднеме, да играме во Сегунда. Му реков дека ако е толкав мангуп кога ова го зборува, треба да ја тргне раката и да го каже тоа за сите да го слушнат. Тоа навистина не беше фер“, рече Иглесијас.
Медиумите во Шпанија пишуваат и дека на натпреварот со Хетафе, на кој неговиот тим освои само еден бод, Гави неколку пати ги провоцирал противниците.
„Кој си ти, кој си ти? Соберете се вие сте ужасен си”.
Хетафе моментално го зазема 16. место во Примера со 20 бодови од исто толку одиграни натпревари, што е само бод повеќе од Еспањол, кој е прв во опасната зона.
🎙️ Juan Iglesias, con @GemmitaSantos, en @tjcope
😳 "Gavi nos ha dicho 'A segunda, a Segunda'"
🫢 "Encima se tapaba la boca; yo le decía que si era tan mayorcito para decirlo, que se quitara la mano"
😤 "Es lo que más les hace rabiar, que nunca se llevan los 3 puntos de aquí" pic.twitter.com/gPEVf3bbNe
— Tiempo de Juego (@tjcope) January 18, 2025
Спорт
Ракометниот Мундијал заврши за Лука Циндриќ
Во пресрет на втората фаза на 29.Светско првенство во ракомет, селекторот на Хрватска Дагур Сигурдсон се соочува со големи проблеми.
Откако вчера беше објавено дека Мундијалот заврши за капитенот Домагој Дувњак (36), поради повредата на потколеницата, претпладнево Сигурдон објави дека Светскоот првенство заврши и за Лука Циндриќ.
Слекторот потврди дека Циндирќ не може да игра поради повреда, без да прецизира за каква повреда се работи.
Сигурдсон по повредата на Дуњак го повика и поранешниот играч на Вардар, Игор Карачиќ, се уште не е познато дали ќе пријави нов игра на местото на Циндриќ.
Циндриќ во кариерата настапуваше за Карловац, Металург Скопје, Вардар, Кјелце, Барселона и Динамо Букурешт, а од оваа сезона го носи дресот на Веспрем.