Спорт
Војдан Стојановски и Бојан Трајковски лауреати за 2018 година
Македонската кошаркарска федерација (МКФ), на својата интернет страница, во вторникот, ги објави имињата на оние што ја обележале годината што изминува, во македонската кошарка.
За прв пат оваа година, МКФ, во машка конкуренција, прогласи двајца за нај…
Македонската кошаркарска федерација (МКФ), на својата интернет страница, во вторникот, ги објави имињата на оние што ја обележале годината што изминува, во македонската кошарка.
За прв пат оваа година, МКФ, во машка конкуренција, прогласи двајца за најдобри. Тоа се репрезентативците Војдан Стојановски и Бојан Трајковски.
Лауреати во македонската кошарка за 2018 година:
Најдобар македонски кошаркар за 2018 година
Војдан Стојановски и Бојан Трајковски
Најдобра македонска кошаркарка за 2018 година
Анџелика Митрашиновиќ
Најдобра машка екипа за 2018 година (сениорски лиги)
Работнички
Најдобра женска екипа за 2018 година (сениорски лиги)
Бадел 1862
Најдобра машка екипа за 2018 година (младински лиги)
Работнички
Најдобра женска екипа за 2018 година (младински лиги)
Струга 2009
Најдобра млада репрезентативна екипа
М16 мажи
Најдобар тренер за 2018 година на женска екипа (младински лиги)
Анета Глигорова
Најдобар тренер за 2018 година на машка екипа (младински лиги)
Александар Јованчев
Најдобар тренер за 2018 година на женска екипа (сениорски лиги)
Срѓан Дамњановски
Најдобар тренер за 2018 година на машка екипа (сениорски лиги)
Марин Докузовски
Најдобар млад кошаркар за 2018 година
Виктор Ефремовски
Најдобра млада кошаркарка за 2018 година
Илина Селцова
Најдобар судија за 2018 година
Игор Митровски
Признанијата на лауреатите ќе им бидат доделени на наградените на свеченоста во организација на МКФ в понеделник (24. декември), со почеток во 20:00 часот, во просториите на Сквер 21 (поранешно кино Вардар).
фото: fiba.com
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Реал победи во Сан Себастијан, еден триумф го дели од шампионската титула
Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа имењакот од Сан Себастијан на „Реале арена“ со 1:0 (1:0) во премиерниот натпревар од 33.коло.
На овој начин „кралскиот клуб“ со натпревар повеќе стекна 14 бодови предност во однос на Барселона.
Практично само теорија го дели Реал Мадрид од 36. титула во клупската историја.
Карло АНчелоти натпреварот го започна со комбиниран состав, а за прв пат стартер беше младиот Арда Ѓулер.
Токму младиот Турчин со голот во 29. минута му донесе победа на својот тим. Карвахал нафрли во шеснаесетникот, а Гулер шутираше низ нозете на голманот Ремиро.
Три минути подцна Реал Сосиедад преку Такефуши Кубо постигна гол кој беше поништен поради офсајд.
Сосиедад остана на шестата позиција со 51 бод до крајот на сезоната ќе се бори за пласман во Лига Европа или Конференциската лига.
Спорт
(Видео) Евролигата покрена постапка против судијата Болтаузер – Украл парфем од „фри-шоп“
Еден од најпознатите европски судии, Словенецот Матеј Болтхаузер (49) е тема број 1 во европската кошаркарска јавност поради видеото кое излезе во јавноста.
Имено, Болтаузер е снимен на него на аеродромот „Никола тесла“ во Белград на 8 декември минатата година како краде парфем на Том Форд од „фри шоп“.
Станува збор за парфем кој чини 221 евро.
Болтхаузер тогаш се враќаше од натпреварот од Евролигата меѓу Монако и Партизан, која ја судеше во Франција.
Поради видеото кое се појави пет месеци подоцна, Евролигата покрена постапка против Болтаузер.
Тој сигурно ќе се соочи со драстична казна, па дури и играчите си земаа слобода да кажат „збор-два“ за Словенецот.
Најгласен беше Мет Џенинг, кој директно го обвини Болтхаузер дека со години крадел, не само на аеродромот, туку и на терените во Евролигата.
„Човекот краде со години! Евролигата има голем број одлични судии, но ова момче е убедливо најлошиот и не е тешко да се разбере зошто”, напиша Џенинг, поранешен играч на Монтепаски, Ефес, Басконија, како одговор на видеото кое брзо се прошири низ Европа.
Salen a la luz imágenes de Boltauzer, árbitro de la Euroliga, robando un perfume en el aeropuerto de Belgrado
🫣 Los hechos sucedieron tras el partido entre Partizan y Mónacopic.twitter.com/brQUbuRYqa
— Eurohoops España (@EurohoopsES) April 26, 2024
Спорт
Арне Слот ќе биде новиот тренер на Ливерпул
Холандскиот стручњак Арне Слот од следната сезона ќе биде тренер на Ливерпул.
Трансфер инсајдерот, новинарот Фабрицио Романо тврди дека двата клуба се договориле, Ливерпул на Феенорд ќе му исплати одредена отштета за тренерот чии договор истекува во 2026 година.
Допрва ќе биде познато колкава сума ќе плати Ливерпул. Наводно Ливерпул понудил 9.000.000 евра, а Феенорд бара 13.000.000 евра.
Слот од 2021 година е на клупата на клубот од Ротердам на кој му донесе голем успех.
Во првата сезона го водеше тимот до финалето на Конференциската лига, таа година беше прогласен за тренер на сезоната во Ередивизие, а една година подоцна ја освои домашната титула со Феенорд.
Во својата втора сезона во клубот, тој го предводеше тимот до четвртфиналето на Лига Европа.
Пред Феенорд, Слот ги водеше Камбур и АЗ.