Спорт
Вредни награди за најдобрите во велосипедската трка Halk Velo Green организирана од Халкбанк
Уште само пет дена остануваат до затворање на пријавувањето за учество во годинешнава хронометар велосипедска трка Halk Velo Green, која, во организација на Халкбанк АД Скопје, ќе се одржи на 8 септември во Маврово. Сите вљубеници во велосипедизмот кои ќе учествуваат во трката ќе имаат можност да се рекреираат, да се дружат и забавуваат. Но и да се обидат да освојат некоја од вредните награди кои ги обезбеди Халкбанк и поддржувачите на настанот.
И во годинешнава Halk Velo Green ќе се вози рута во должина од 22 км во правец Бистра – Леуново – Бистра, а учесниците и овој пат ќе се натпреваруваат во категориите ПРО и ХОБИ, и тоа во машка и во женска конкуренција, со тоа што годинава за првпат се воведува и категорија ПРО Кидс за деца и младинци.
Секој учесник во трката ќе добие стартен пакет со чип, освежување, онлајн диплома, бесплатни фотографии од трката (Pic2Go), подарок од пријатели на трката, осигурување од несреќен случај за времетраење на трката, како и медал за завршена трка.
За трите најдобри велосипедисти во секоја од категориите Халкбанк обезбеди вредни парични награди. Во категоријата ПРО и во машка и во женска конкуренција, најдобрите тројца ќе добијат парична награда во износ од 30.000 за прво место , односно 20.000 и 10.000 денари за второ и трето место. Во категоријата ХОБИ наградите се во износ од 12.000, 6.000 и 3.000 денари за прво, второ и трето место соодветно. Награди се предвидени и за најдобрите во двете детски категории и се во износ од 3.000, односно 2.000 и 1.000 денари и истите на дечињата кои ќе остварат најдобри резултати ќе им бидат уплатени на детска штедна книшка од Халкбанк.
Дополнително, вредни награди обезбедија и поддржувачите на трката. Осигурителната компанија Халк осигурување за првите тројца најбрзи велосипедисти во секоја од категориите обезбеди осигурителни пакети.
За најдобрите награди во вид на членарини и ваучери обезбедија и фитнес и спа центарот Parkland hospitality, а „енергетски пакети“ ќе бидат доделени од Polleosport, глобалната мултибренд продавница за исхрана и спортска и фитнес-облека.
Дополнитело признанија и награди од спонзорите ќе добијат и учесниците во трите возрасни катероии 40-49, 50-59, 60+ години.
Затоа, искористете ги овие пет дена, пријавете се на http://www.halkvelogreen.mk/ или на www.smartrace.club и дојдете на 8 септември во Маврово да се рекреирате, забавувате, а можеби и да освоите некоја од вредните награди.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дубаи има договор со најдобриот европски шутер
Кошаркарскиот клуб Дубаи сериозно се подготвува за новата сезона. Откако, како што објави „Естандо“, клубот постигна договор со Ели Окобо, договор за следната сезона има и Андреас Обст.
Договорот на германскиот „снајпер“ со Баерн истекува во јуни оваа година и се чини дека тој е подготвен да го нплати својот квалитет.
Обст кој наскоро ќе наполни 30 години, има просек од 15,5 поени по натпревар оваа сезона, а неговиот процент на шут за три поени е импресивни 41 процент.
Foto/ depositphotos
Спорт
Леброн: Не знам дали ќе играм следната година
Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата, ја игра својата 23-та сезона во НБА.
Асот на Лејкерси беше во центарот на вниманието на медиумите за време на Ол-стар натпреварот во Лос Анџелес, а главното прашање беше, секако, дали ќе игра следната сезона.
„Сакам да живеам. Кога ќе знам, ќе знаете и вие. Не знам во моментов. Немам поим“, истакна Џејмс.
Леброн има 41 година. Ова е последната година од неговиот договор со Лејкерси, во кој треба да добие 52,6 милиони долари.
„Целосно сум фокусиран на оваа сезона. Сакам да влеземе во плејофот и да се бориме за титулата. Се надевам само дека ќе останеме здрави, бидејќи тоа е предуслов за секој квалитетен настап“, заклучи Џејмс.
Foto/ depositphotos
Спорт
Капитенот на Њукасл на долга пауза поради повреда
Бруно Гимараеш од Њукасл Јунајтед ќе отсуствува околу два месеци откако заработи повреда на тетивата.
Фудбалерот од средниот ред се повреди за време на натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата против Тотенхем. Њукасл славеше, а капитенот се повреди на самиот крај од натпреварот.
Ова беше негов втор натпревар откако се опорави од повреда на глуждот. Скенирањата потврдија дека Бразилецот го очекува подолга пауза, што е голем удар за Њукасл.
Њукасл ја победи Астон Вила во четвртото коло од ФА Купот, а следниот натпревар ќе го игра како гостин на Карабаг во првиот натпревар од плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите.
Тимот на Еди Хау е на 10-то место на табелата во Премиер лигата со 36 бода.
Foto/ depositphotos

