Спорт
Вујовиќ: Македонија тактички е подобра од Хрватска
Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ, во колумна за порталот „Index.hr“ ги анализира шансите на Хрватска и Македонија, во пресрет на нивната вечерашна пресметка на Светското првенство во ракомет.
Актуелниот селектор на Словенија, во колумната,…

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ, во колумна за порталот Index.hr ги анализира шансите на Хрватска и Македонија во пресрет на нивната вечерашна пресметка на Светското првенство во ракомет.
Актуелниот селектор на Словенија во колумната пишува дека Македонија е тактички подобра селекција од индивидуално силната Хрватска.
Инаку, во првите две кола во Б-групата во Минхен, Хрватите ги победија Исланд и Јапонија, а Македонија ги совлада Јапонија и Бахреин.

„Пред Хрватска сега ќе стои многу посилен противник. Македонија е тврда и тактички подобра репрезентација од индивидуално силната Хрватска. Имаат одличен селектор, Раул Гонзалес, кој паметно го одмора најдобриот играч Кире Лазаров во одбраната, на неговото место влегува Поповски. Младите Талески и Кузмановски даваат голем придонес, а Филип Лазаров добро го користат кога имаат играч повеќе. Стоилов има специфична тежина во играта на Македонија“, пишува Вујовиќ и додава.
„Хрватскиот селектор и неговиот стручен штаб треба да решат како ќе ѝ се спротивстават на Македонија. Дали ќе менуваат во одбраната или ќе играат поагресивно. Јас на играчите секогаш им говорам дека треба да научат кога треба да трчаат, а кога да кочат. Што ни значи „брзиот центар? Значи дека сме го добиле поради тоа што сме примиле гол. Ајде да направиме да не дојде до тоа“, пишува миленикот на навивачите на македонскиот шампион Вардар.

Според Вујовиќ, главен проблем на Хрватска е одбраната која била порозна и низ која лесно се минувало бидејќи има многу голрмииграчи“.
„Хрватските бекови се големи и бавни во нозете. Лесно ги минуваат во игра „еден на еден“. Како да го решат тоа? Можеби со одбрана 5-1. Кога на противникот нема да му дозволите да има брз проток на топката, тогаш и напаѓачите играат бавно. Доколку не го стори тоа Хрватска на противникот ќе му дозволи да фати залет и да постигнува лесни голови“.
Натпреварот помеѓу Македонија и Хрватска ќе почне во 18 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

