Спорт
Вчера славеше титула, денес доби отказ
Ден по освоената титула, тренерот на Динамо Загреб, Никола Јурчевиќ доби отказ. Клубот соопшти дека Извршниот одбор решил тренееот да биде разрешен од функцијата.
На клупата на најтрофејниот клуб во Хрватска, Јурчевиќ, се задржа само два месеци. Иако ј…


Ден по освоената титула, тренерот на Динамо Загреб, Никола Јурчевиќ доби отказ. Клубот соопшти дека Извршниот одбор решил тренееот да биде разрешен од функцијата.
На клупата на најтрофејниот клуб во Хрватска, Јурчевиќ, се задржа само два месеци. Иако ја освои титулата, лошите резултати придонесоа да добие отказ. Во последните пет натпревари Динамо забележа само една победа, еднаш одигра нерешено и доживеа три проази.
Според хрватските медуми насериозан кандидат за нов тренер на Динамо бил Ненад Бјелица, актуелен тренер на Лех од Познан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
На прошталниот натпревар на Тевез, Меси и Роналдо прв пат ќе играт заедно

Карлос Тевез (41) пред три години стави крај на фудбалската кариера, а сега најави дека ќе приреди спектакуларен проштален натпревар. Ќе настапат легендите со кои Тевез настапуваше во Бока Јуниорс, Коринтијанс, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Јувентус и репрезентацијата на Аргентина.
„Ќе ги донесам Лео Меси и Кристијано Роналдо. Доколку треба лично ќе одам да ги земам, нивните броеви ги имам на WhatsApp“, најави Тевез кој играше со Роналдо во Јунајтед, а со Меси во репрезентацијата.
Аргентинските медиуми шпекулираат дека Роналдо и Меси би можеле за прв пат да играат заедно.
Тевез ги откри и останатите учесници во спектаклот:
„Ван дер Сар на едниот гол, Буфон на другиот. Стопери: Фердинанд, Видиќ, Кјелини, Бонучи. Мора да биде и мојот брат Евра. Што се однесува до играчите од средниот ред – Пирло, Сколс, Рикелме дефинитивно ќе бидат таму, Руни исто така. Треба само да најдеме термин кој им одговара на сите”.
Пред седум години, Тевез одговори на барањето на ESPN да го искаже своето мислење во вечната дебата кој е подобра Роналдо и Меси.
„Кристијано е сосема поинаков во споредба со Меси. Кога Лео почна да игра, тој не доаѓаше ни во теретана, а Роналдо цело време беше таму. Роналдо работеше напорно, а на Меси сето тоа му дојде природно. Мислам дека тоа е главна разлика меѓу двајцата најдобри фудбалери во светот“.
Спорт
Репрезентативец на Габон загина при пад од 11. кат

Репрезентативецот на Габон, Арон Бопенса почина на 28-годишна возраст откако падна од 11-ти кат на станбена зграда во Кина, каде што настапуваше за суперлигашот Жеџијанг.
Надлежните покренаа истрага поради сомнителниот карактер на целиот случај и падот на фудбалерот. Според извештаите, кинеската полиција разгледува три можни сценарија: самоубиство, несреќен пад и убиство.
Снимено е дека во станот во моментот на инцидентот бил присутен братот на Бопенца, а двајцата наводно се расправале. Инспекторите истражуваат дали расправијата можеби довела до убиство. Се очекува неговиот брат да биде сослушан во рамките на истрагата.
Бопенца го пропушти последниот тренинг на неговиот тим претходно во текот на денот без објаснување, а претставниците на Жеџијанг рекоа дека не можеле да стапат во контакт со него пред да добијат вест за неговата смрт.
28-годишниот габонски напаѓач стана познат за време на неговиот престој во турски Хатајспор, кога постигна 22 гола на 36 натпревари во текот на сезоната 2020-21, кога беше најдобар стрелец во турската Суперлига.
Во својата кариера настапуваше и за Бордо, Ажаксио, Феиренсе, Ал Араби, Ал Шабаб, Синсинати, Рапид Букурешт и од неодамна во кинески Жеџијанг.
Спорт
Вокер не знае каде ќе игра наредната сезона

По осум години Кајл Вокер го напушти Манчестер Сити и замина на позајмица во Милан, меѓутоа прашање е дали ќе остане во Италија.
Вокер во последната година имаше многу проблеми со повредите, поради што го загуби местото во составот на Манчестер Сити. Поради тоа реши да го напушти „Етихад“.
Милан го донесе на позајмица до крајот на сезоната, сепак како што сега стојат работите нема да го задржат за следната сезона.
Причината повторно се честите повреди. Репрезентативецот на Англија поради повреда го пропушти дуелот со Удинезе во претходното коло, а претходно пропушти два меча на крајот на февруари исто така поради повреди.
Вокер сигурно нема да се врати во Манчестер Сити. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната, а „граѓаните“ не планираат да му понудат нов. Сега се поставува прашањето каде десниот бек ќе ја продолжи кариерата на лето доколку Милан реши да не го задржи.