Спорт
Гатузо: Ако играч направи избор, не го убедуваш, би го заклучил кај мене да можев!
„Кога играч ќе направи одреден избор, тешко да го убедиш во спротивото. Да се прашувам јас, би го заклучил кај мене во куќа и ќе му давам храна на секои 2-3 часа, за жал не моам тоа да го направам“.
Ова го изјави вчера тренерот на Милан, Џенаро Гатузо …
„Кога играч ќе направи одреден избор, тешко да го убедиш во спротивото. Да се прашувам јас, би го заклучил кај мене во куќа и ќе му давам храна на секои 2-3 часа, за жал не моам тоа да го направам“.
Ова го изјави вчера тренерот на Милан, Џенаро Гатузо во врска со најавите дека голгетерот на „Росонерите“, Гонзало Игуаин би можел да го напушти „Сан Сиро“ и да го засили лондонски Челси каде тренер е неговиот екс-стратег во Наполи, Маурицио Сари.
По мечот со Сампдорија во Купот на Италија Гатузо рече дека Игуаин веќе донел одлука.
„Имаме искрен однос, си ги кажуваме работите в лице, постои голема искреност. Кога играч ќе донесе одлука, станува тешко да го убедите. Во овој момент тој е играч на Милан. Не знам што ќе се случи. Тешко е да се даде совет затоа што кариерата на играчите трае 13-14 години, тоа е негов ум, не е мој. Не разбирам од што е незадоволен“ – вели Гатузо.
Јувентус летоска го позајми Игуаин во Милан за 18 милиони евра со опција „Росонерите“ да го откупат од „Старата дама“ за 36 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Поп Ацев влезе во Интернационалната „Куќа на славните“
Maкедонскиот маратонец, Евгениј Поп Ацев стна дел од Интернационалната „Куќа на славните“ во маратонско пливање
Поп Ацев е примен како почесен пливач во класата 2024 година.
„Голема чест и привилегија е да се биде во „Куќата на славните“ на маратонско пливање, меѓу најголемите имиња во историјата на светското пливање. Посебно сум среќен и горд што правејќи го она што најмногу го сакам и пливајќи за Македонија, придонесов и оставив белег во светот на маратонското пливање. Многу сум благодарен за номинацијата, за изборот и за големото признание од една ваква голема светска организација, како и на сите кои беа дел од мојата пливачка кариера и ме поддржуваа во минатите 20 години“, изјави Поп Ацев.
Низ кариерата Поп Ацев победувал на многу маратони ширум светот, а стана и трикратен светски шампион во 2015, 2017 и 2019 година.
Спорт
Вакво нешто во Премиер лигата не се случило 26 години
Манчестер сити ја одбрани титулата, Челзи го фати последниот воз за Европа, а прв пат од сезоната 1997/98. се случи сите три екипи кои обезбедија промоција во Премиер лигата претходната сезона веднаш да испаднат во Чемпионшип.
Шефилд јунајтед, Барнли и Лутон играа само едно лето меѓу англиската фудбалска елита. Трите екипи кои минатата пролет изборија промоција во Премиер лигата веднаш испаднаа во Чемпионшип. Ова е и не е добра реклама за то кое многумина го нарекуваат најсилна втора лига во светот.
Последен пат ваков удар за Чемпионшип се случи во сезоната 1997/98. Тогаш Кристал Палас, Болтон и Барнсли минаа само една сезона во елитната лига на англискиот фудбал. Сепак, меѓу двете сезони веќе имаше сериозни навестувања дека вакво нешто може да се случи.
Трите екипи кои влегоа во Премиер лигата и според обложувалниците беа најсериозни кандидати за испаѓање. Таа прогноза Шефилд јунајтед ја оправда практично на половина од сезоната. Барнли, кој минатата сезона го освои шампионатот, остана во игра малку подолго, а Лутон се надевае до последното коло.
Сепак, Лутон мораше да победи и да го чека поразот на Нотингем Форест од Барнли. Вакво сценарио не се случи.
Порака до Лестер, Ипсвич, односно Лидс или Саутемптон кои во финалето на плејофот ќе се борат за Премиер лигата, дека мора многу сериозно да го сфатат претстојниот период бидејќи јасно е дека тие се тимовите со најголеми шанси за испаѓање.
Всушност, би било потребно вистинско чудо барем еден од нив да не испадне. Севкупно, само три пати, од формирањето на Премиер лигата, се случило сите три екипи кои избориле промоција да ја преживеат првата сезона во лигата. Последен пат тоа се случило во сезоната 2017/18.
Спорт
Клоп оди на долг одмор, размислува и да се пензионира
Јирген Клоп, вчера последен пат го водеше Ливерпул. Германецот по девет години реши да си замине од „Енфилд“. По неговиот последен меч како менаџер на Ливерпул се поставува прашањето дали ќе се пензионира?
Јирген Клоп вчера откри дека никогаш нема да се врати во Англија како менаџер.
„Ова сигурно ќе биде долга пауза, нема да се вратам наскоро, а можеби и ова е крајот ( пензионирање)“, рече Клоп.
„Моето време во Англија заврши бидејќи никогаш повеќе нема да тренирам клуб од Премиер лигата“, додаде Германецот.
Клоп на клупата на Ливерпул мина 488 натпревари, победи на 303, а загуби само 85.
Со Ливерпул ја освои титулата во Премиер лигата, трофејот во Лигата на шампионите и стигна до финалето на Лига Европа. Има по еден трофеј во Лига купо и ФА Купот.
Додека беше во Ливерпул два пати беше прогласен за најдобар тренер на светот.