Спорт
Гатузо: Судиите грешат исто како и фудбалерите
Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, не сакал да го коментира судењето на натпреварот со Арсенал во Лондон. Милан, во четвртокот, беше поразен од Арсенал 3.1 во осмина-финалниот реванш, во Лига Европа. Гатузо само потенцирал дека е горд на своите играчи.
…

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, не сакал да го коментира судењето на натпреварот со Арсенал во Лондон. Милан во четвртокот беше поразен од Арсенал 3:1 во осминафиналниот реванш во Лига Европа. Гатузо само потенцирал дека се гордее на своите играчи.
Милан постигна гол во првиот дел преку Чалханоглу, а само неколку минути подоцна Арсенал израмни од непостоен пенал. Во второто полувреме Џака погоди по грешката на Донарума, а Велбек стави точка на мечот.
„Се гордеам на моите играчи. Овој двомеч ние го загубивме на „Сан Сиро“. Лут сум само поради тоа што се откажавме кога го примивме вториот гол. Не сакам да го коментирам судењето. И судиите може да погрешат, исто како што тоа го прават фудбалерите. Дунарума мора да ја подигне главата и да продолжи понатаму. Најголемите светски голмани прават грешки, како што направи Донарума“, рекол Гатузо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тудор добил понуда за работа Англија
Игор Тудор пред десет дена доби отказ во Јувентус, а веќе добил понуда за нова работа.
Според медиумите на Англија, Тудор добил повик од Вулверхемптон, кој неодамна го отпушти Витор Переира.
Главен ривал на Тудор за работата ќе биде уште еден поранешен тренер на Јувентус, Тијаго Мота. Интересно е што двајцата се уште прмаат плата во Јувентус. Тоа ќе биде така се додека не најдат клуб.
Мота има договор до 30 јуни 2027 година, вреден околу 5,5 милиони евра по сезона, на што треба да се додадат уште два милиони бруто за неговиот тренерски персонал.
Договорот на Тудор е малку помал, а неговата вкупна бруто цена за Јувентус е приближно половина од онаа на Мота, односно околу осум милиони евра.
„Волците“ се најлошиот тим во Премиер лигата оваа сезона, со само два освоени бода и без ниту една победа во првите 10 кола.
Спорт
Осмајиќ доби долга суспензија поради расизам
Фудбалерот на Престон, Милутин Осмајиќ, е суспендиран на девет натпревари, бидејќи како што утврди ФА, на расна основа го навредил играчот од средниот ред на Барнли, Ханибал Межбри.
Инцидентот се случил за време на натпреварот без голови помеѓу Престон и Барнли во февруари, во Чемпионшип.
Осмајиќ ќе ја отслужи казната до 29 декември, кога неговиот Престон ќе гостува кај Рексам. Напаѓачот е казнет и со парична казна од 21.000 фунти.
Црногорецот ги негираше обвиненијата, по истрагата што беше започната во март, додека рочиштето беше одржано во септември.
ФА објави дека по рочиштето е докажано дека имало прекршување на правилата, бидејќи Осмајиќ користел „навредливи и/или погрдни зборови што се однесувале на бојата на кожата и/или расата“ на Межбри.
Престон објави дека е многу разочаран од пресудата и ја повтори својата осуда на сите форми на дискриминација.
Контроверзниот натпревар беше прекинат неколку минути во второто полувреме, кога Межбри реагираше бурно на нешто што му го кажал Осмајиќ. Потоа, тој имаше долг разговор со судијата Ендру Кичен.
Две недели подоцна, тимовите повторно се сретнаа во петтото коло од ФА Купот, каде што Осмајиќ го постигна вториот гол за Престон и гестикулираше кон навивачите на Барнли во знак на прослава.
Ханибал не беше во тимот на Барнли за тој натпревар по одлука на тренерот Скот Паркер, а играчите на актуелниот член на Премиер лигата одбија да се ракуваат со Осмајиќ пред почетокот на натпреварот во кој Престон победи со 3:0.
Ова е втора долга суспензија за Осмајиќ во претходниот период: во сезоната 2024/25 беше суспендиран на осум натпревари, откко го гризна на играчот на Блекбурн Роверс, Овен Бек, во септември 2024 година.
Тогаш ја призна вината по обвинението за насилно однесување, а беше казнет и со 15.000 фунти.
Осмајиќ е член на англискиот клуб од летото 2023 година.
Спорт
Претседателот на Наполи: Стадионот „Марадона“ е депонија
Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, даде интересна изјава зборувајќи за стадионот „Диего Армандо Марадона“, каде што игра актуелниот шампион на Италија.
Де Лаурентис го нарече стадионот „депонија“, тврдејќи дека на Неапол му е потребен нов и модерен стадион, но дека градските власти го блокираат тоа.
Тој ги спореди приходите од натпреварите на Наполи со оние на клубовите од Милано, велејќи дека Милан и Интер би можеле да заработат 14 милиони евра од Лигата на шампионите, додека приходите на неговиот тим се многу поограничени.
„Можеме да добиеме само до три милиони во таа депонија на Марадона. Тоа е голема разлика, нели?“ рече Де Лаурентис.
Италија работи напорно на реновирање на постојните или изградба на нови стадиони за Европското првенство во 2032 година, кое ќе биде ко-домаќин со Турција.
Наполи, кој двапати беше шампион на Италија во последните три сезони, има стара зграда, која е реновирана шест полни години, но сепак е непрофитабилна.
„Би сакал стадион со 70.000 седишта, 120 ВИП ложи и 8.000 паркинг места. Ни требаат 30 хектари за да изградиме прекрасен стадион“, заклучи Де Лаурентис.

