Спорт
Германија ќе биде домаќин на Евро 2024
Европската фудбалска федерација (УЕФА) потврди дека Германија ќе добие уште една шанса да организира големо натпреварување, откако го доби Европското првенство во 2024 година, победувајќи ја Турција во кандидатурата.
Ова ќе биде прво големо фудбалско н…


Европската фудбалска федерација (УЕФА) потврди дека Германија ќе добие уште една шанса да организира големо натпреварување бидејќи го доби Европското првенство во 2024 година победувајќи ја Турција во кандидатурата.
Ова ќе биде прво големо фудбалско натпреварување во Германија по СП во 2006 година, а Германците влегуваат на шампионатот како трикратни европски шампиони, со последен трофеј во 1996 година.
Мечевите ќе се одржуваат во 10 града во Германија – Минхен, Дортмунд, Гелзенкирхен, Штутгарт, Хамбург, Диселдорф, Келн, Лајпциг и Франкфурт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мициќ го избра Хапоел и стави крај на шпекулациите
Српскиот кошаркар Василије Мициќ (31) е нов член на Хапоел, потврди клубот од Тел Авив. По неколку недели шпекулации за тоа каде ќе ја продолжи кариерата, српскиот интернационалец ја избра најдобрата понуда и се одлучи за нов тим од Евролигата од Израел, пренесоа српските медиуми.
Нема официјални информации, но според последните шпекулации, Хапоел му понудил на Мичиќ 14 милиони евра за тригодишен договор. Со 4,6 милиони евра по сезона, ова ќе го направи најплатениот кошаркар во Европа, само малку пред Кендрик Нана од Панатинаикос, кој има 4,5 милиони.
Хапоел ќе игра во Евролигата благодарение на освојувањето на Еврокупот, а пред Мициќ, тие веќе доведоа неколку големи засилувања.
Тимот го предводи Димитрис Итудис, а во текот на летото пристигнаа Елија Брајант, Тајлер Енис, Колин Малколм, Таи Одијасе, Дан Отури и Итај Сегев. Антонио Блекни, Бруно Кабокло, Томер Гинат, Јам Мадар, Џонатан Мотли, Гај Палатин, Бар Тимор и Иш Вејнрајт веќе се под договор.
Фото: Принтскрин
Спорт
Уапсен е младиот човек кој го уби најстариот маратонец во светот

Индиската полиција уапси возач осомничен дека ја прикрил смртта на Фауџа Сингх, 114-годишен маж познат како најстариот маратонец во светот, а потоа избегал од местото на несреќата. Сингх, светска тркачка икона, починал како последица на тешките повреди.
Според полицискиот извештај, осомничениот Амритпал Сингх Дилон (26) се судрил со индискиот тркач со брзо движечко теренско возило. Пронајдено е теренското возило, за кое се верува дека е користено во несреќата.
Трагедијата се случи во понеделникот во северната индиска држава Пенџаб, недалеку од родното село на Синг, Беас Пинд. Синг бил на попладневна прошетка и ја преминувал улицата кога возилото налетало на него. Мештаните го префрлиле брзо во болница, но лекарите таму можеле само да го прогласат за мртов.
Индиските медиуми, повикувајќи се на полицискиот извештај, наведуваат дека животот на познатиот тркач можеби ќе бил спасен доколку возачот го однел во болница веднаш по несреќата, наместо да избега.
Фауџа Синг беше глобален феномен. Почнал да трча дури на 89-годишна возраст, но тоа не го спречило да постави бројни рекорди во различни возрасни категории. Помеѓу 2000 и 2013 година, кога се пензионирал од натпреварите, истрчал девет маратони.
Тој испиша историја во 2011 година, кога стана првиот човек над 100 години кој успешно завршил маратон во Торонто. Во 2012 година, тој ја имаше честа да го носи олимпискиот факел на Олимписките игри во Лондон.
И покрај неговите достигнувања, Гинисовата книга на рекорди никогаш официјално не го призна како најстар маратонец. Причината била недостатокот на извод од 1911 година. Иако во неговиот британски пасош беше наведен 1 април 1911 година како датум на раѓање, а имаше и писмо од кралицата Елизабета II со кое му го честиташе 100-тиот роденден, тоа не беше доволно за Гинис.
Спорт
Јамал доби кривична за роденденската забава со џуџиња: поттикнува дискриминација на лицата со попреченост

Фудбалската ѕвезда на Барселона, Ламине Јамал, кој го прослави 18. роденден во неделата и предизвика скандал откако ангажираше џуџиња да ги забавуваат гостите, се соочува со кривична пријава, објавија британските медиуми.
Шпанското здружение на лица со ахондроплазија и други форми на скелетна дисплазија (ADEE) го пријави случајот во Канцеларијата за лица со попреченост при Министерството за социјални работи.
Канцеларијата поднесе кривична пријава до Државното обвинителство, кое сега ќе испита дали се прекршени законот и правата на лицата со попреченост. Здружението соопшти дека шпанскиот закон за правата на лицата со попреченост забранува организирање претстави или друга забава што може да предизвика исмејување и потсмев на лицата со попреченост.
„Ја осудуваме практиката на ангажирање џуџиња за забавување на забави. Ова го крши законот и основните етички вредности на општеството кое се стреми да ја зачува еднаквоста и достоинството на своите граѓани. Исто така, поттикнува стереотипи и дискриминација кон лицата со попреченост“, соопшти ADEE.
Роденденската забава се одржа во недела, 13 јули, на имот во градот Оливела, 50 километри северозападно од Барселона, а на неа присуствуваа, меѓу другите, соиграчите на Јамал од Барселона и некои таканаречени „инфлуенсери и јутјубери“. Шпанските медиуми објавија интервју со лице кое тврдеше дека било меѓу забавувачите на роденденската забава и кое застана во одбрана на Јамал.
„Не разбирам зошто има толку врева. Ние сме нормални луѓе кои работат како забавувачи, не сме циркуски мајмуни. Ги знаеме границите и секогаш ги почитуваме. Она што го правиме е легално и никој на забавата не покажа никакво непочитување. Нашата претстава траеше еден час, а потоа им се придруживме на гостите на роденденската забава. Пиевме, танцувавме, изведувавме магични трикови… Сите се забавуваа одлично“, изјави за радио станицата „Рац 1“ (RAC 1) забавувач кој сакаше да остане анонимен.
Британската „Би – Би – Си“ побара коментар од фудбалскиот клуб Барселона во врска со овој случај, но портпаролот кажа дека клубот не може да коментира настан што е приватен живот на играчот и дека ќе можат да дадат соопштение дури откако ќе бидат утврдени конкретните факти поврзани со забавата.
Фото: ЕПА