Спорт
Гибсон со патика во рака го брка Бјелица да му залепи „банана“ (видео)
НБА дуелот меѓу Минесота и Сакраменто заврши со победа на домаќините од 132-105. Сепак резултатот на дуелот падна во втор план по необичниот момент кој експресно стана хит на социјалните медиуми.
Играчот на Минесота, Таџ Гибсон во еден момент од натпре…


НБА-дуелот меѓу Минесота и Сакраменто заврши со победа на домаќините од 132-105. Сепак, резултатот на дуелот падна во втор план по необичниот момент кој експресно стана хит на социјалните медиуми.
Играчот на Минесота, Таџ Гибсон во еден момент од натпреварот во фазата на одбрана остана без едната патика, па со неа во рака се обиде да му „залепи“ банана на противничкиот кошаркар Немања Бјелица. Сепак, не успеа.
Погледнете ја целата ситуација:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Секоја чест за Меси и Кристијано, но Бразилецот Роналдо е најдобар“

Жозе Мурињо веќе 25 години има значајна позиција на големата тренерска сцена, со големо искуство зад себе, па може добро да го процени квалитетот на секој играч.
За многу љубители на фудбалот, тренерите и играчите, Кристијано Роналдо и Лионел Меси се синоним за најдобрите играчи во историјата.
Кога ќе се земат предвид нивните успеси, долги кариери, популарност и исклучителен квалитет, Португалецот и Аргентинецот секако имаат силни аргументи на своја страна.
Меѓутоа, Мурињо има поинакво мислење. Тој верува дека има еден играч кој го надмина гореспоменатиот тандем. Станува збор за легендарниот Роналдо Назарио, за кого славниот тренер тврди дека неговиот талент ги надминува сите други играчи.
„Кристијано Роналдо и Меси имаа најдолги кариери, тие беа на врвот секој ден 15 години, но ако зборуваме стриктно за талент и вештина, никој не е подобар од Бразилецот Роналдо. Кога го видов во Барселона, сфатив дека тој е најдобриот играч што сум го видел“.
Спорт
Шешко за 80 милиони ќе го напушти Лајпциг

Напаѓачот на Лајпциг, 21-годишниот Бенјамин Шешко, летово би можел да го напушти клубот и да ја продолжи кариерата во Премиер лигата, објавија во вторникот британските медиуми.
Репрезентативецот на Словенија сезонава игра во одлична форма. На 34 натпревари во сите натпреварувања постигна 17 гола и даде пет асистенции.
Неговиот договор со бундеслигашот е до крајот на јуни 2029 година, но летово би можел да направи трансфер, бидејќи може да биде активирана откупната клаузула која би можела да изнесува 80 милиони евра, во зависност од бројот на одиграни натпревари, голови и асистенции, откри инсајдерот Флоријан Плетенберг.
Британските медиуми тврдат дека англиските гиганти Манчестер јунајтед, Тотенхем и Арсенал би сакале да го ангажираат Шешко.
Како 16-годишник, Шешко се пресели од Домжале во австриски Ред Бул Салцбург во летото 2019 година за два и пол милиони евра. По четири сезони во Австрија, тој во јули 2023 година пристигна во сестрински клуб, германски Лајпциг, за сума од 24 милиони евра.
„Трансфермаркт“, неговата вредност ја проценува на 50 милиони евра.
Спорт
Оливера го продолжи договорот со Наполи

Фудбалерот на Наполи, Матијас Оливера денеска го продолжи договорот со италијанскиот клуб до 2030 година.
Оливера одигра вкупно 90 натпревари за Наполи, за првиот тим дебитираше на 15 август 2022 година.
Уругвајскиот дефанзивец ги пропушти сите натпревари на Наполи во февруари поради повреда, а на теренот се врати на натпреварот против Интер, влегувајќи како замена за Леонардо Спинацола во 82. минута.
Оливера дојде во Наполи од Хетафе, а за репрезентацијата на Уругвај има одиграно 26 натпревари.