Спорт
Голден Стејт го реши Милвоки, Оклахома со минимален пораз кај Чикаго, загубија и „Езерџиите“ на Леброн
Голден Стејт со одлична игра ја продолжи серијата победи на гости кај Милвоки. Славеше со 95-105. Голден Стејт шутна дури 46 тројки, од кои погоди 19. Кари и Томпсон постигнаа по 20 поени.
Расел Вестбрук имаше нов трипл дабл учинок, но сепак тимот на О…


Голден Стејт со одлична игра ја продолжи серијата победи на гости кај Милвоки. Славеше со 95-105. Голден Стејт шутна дури 46 тројки, од кои погоди 19. Кари и Томпсон постигнаа по 20 поени.
Расел Вестбрук имаше нов трипл дабл учинок, но сепак тимот на Оклахома загуби минимално со 114-112 од Чикаго. Вестбрук на своето конто имаше 24 поени, 17 скокови и 13 асистенции, а кај победичкиот тим Лавајн постигна 25 поени.
Лејкерс на крајот прокоцкаа победа против Сан Антонио. „Езерџиите“ играа одлично три летвртини, но во последниот период потклекна за конечни 133-120 за Сан Антонио.
ДеРозан постигна 36 поени и 9 асистенции кај победниците, а Леброн Џејмс мечот го заврши со 35 поени и 11 асистенции.
Ова се резултати од сите синоќашни мечеви во НБА лигата:
Шарлот – Денвер 113-107,
Детроит – Филаделфија 111-117,
Орландо – Индијана 90-112,
Бруклин – Торонто 106-105 (по продoлженија),
Кливленд – Сакраменто 110-129,
Њу Орлеанс – Мемфис 103-107,
Феникс – Мајами 98-115,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шефот на Мекларен: Нема тензии меѓу Норис и Пјастри

На половина од сезоната во Формула 1, јасно е дека тандемот на Мекларен Оскар Пјастри-Ландо Норис ќе се бори за титулата. И покрај тоа што влогот е голем, првиот човек на британскиот тим Зак Браун истакнува дека меѓу нив нема „лоша крв“.
Постарите фанови на Мекларен добро се сеќаваат на легендарните борби меѓу Ален Прост и Аиртон Сена. Сепак, овој сегашен меѓу Пјастри и Норис навистина не изгледа ни приближно така. Додека легендарниот Бразилец и Французинот отворено се мразеа, Австралијанецот и Британецот, барем пред камерите, изгледаат како најдобри пријатели.
Иако, имаше и искри како Монтреал. Но, првиот човек на Мекларен Зак Браун инсистира дека тоа бил само инцидент, грешка што подоцна ја призна Ландо Норис.
„Нема тензии. Постои натпреварувачки дух, но верувам дека тензиите полека ќе растат. Сакаме предизвици и со нетрпение очекувам да се борат за титулата“, рече Браун.
Пјастри има освоено шест трки, една повеќе од Норис и има девет бода повеќе во генералниот пласман. Макс Ферстапен е трет но со дури 97 бода помалку од лидерот Пјастри.
Што се однесува до шампионатот на конструктори, доминацијата на Мекларен е јасно изразена. Британскиот тим има 559 бода, додека второпласираниот Ферари има 260.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Барселона му ја одзеде капитенската лента на Тер Штеген

Марк-Андре тер Штеген и фудбалскиот клуб Барселона се во „војна“. Медиумите во Каталинија го поддржаа клубот, голем дел од нив го нарекоа Германецот „најлошиот капитен во историјата на клубот“.
Марк-Андре тер Штеген од легенда стана персона нон грата во Каталонија.
Како што е познато, Тер Штеген мораше повторно да се оперира, овој пат поради повреда на грбот, за што повторно ќе мора да паузира неколку месеци. Барселона планираше да го искористи медицинскиот извештај како доказ дека Германецот нема да игра најмалку четири месеци, што би им овозможило да не го регистрираат за првиот дел од сезоната, туку да го искористат за да ги регистрираат Маркус Рашфорд и Џоан Гарсија.
Но, голманот го шокира клубот. Најпрвин одби трансфер во друг клуб, а потоа свесно и намерно во објава на мрежите прецизираше дека ќе паузира три месеци (што е токму на штета на Барселона), Германецот одби и да ги испрати медицинските извештаи до комисијата на Ла Лига.
Правилата велат дека Ла Лига има право да не регистрира играч поради пауза од најмалку четири месеци, но со целата потребна документација, која Тер Штеген одбива да ја испрати.
Барселона се надева дека Германецот ќе размисли повторно, бидејќи на овој начин дополнително го навлекува гневот на навивачите, намерно блокирајќи го тимот, бидејќи новиот прв голман Џоан Гарсија сè уште не може да биде регистриран, но не може да биде регистриран и вториот голман Војчех Шчесни.
Барселона покрена дисциплинската постапка против голманот. Исто така, клубот реши да му ја одземе капитенската лента.
Во новата сезона капитен ќе биде Френки Де Јонг, а негови заменици Рафиња, Педри и Роналд Араухо.
Спорт
(Видео) Мурињо ја одржа најтажната прес конференција во кариерата

Португалскиот фудбал, вчера, доживеа нова трагедија. На 54-годишна возраст почина чегендарниот капитен на Порто, Жорге Кошта.
Кошта почина откако доживеал срцев удар по појавувањето во ТВ емисија, а лекарите не успеаја да го спасат по хоспитализацијата.
Португалецот беше легендарниот стопер и капитен на Порто, кој го предводеше тимот до титулата во Лигата на шампионите во 2004 година, кога „Змејовите“ сензационално стигнаа до врвот на Европа.
Кошта беше и репрезентативец на Португалија, за која играше 50 пати, а за Порто имаше речиси 400 настапи.
Веста за неговата смрт особено тешко го погоди Жозе Мурињо, португалски стручњак кој долго време работеше со Кошта и беше тренер на Порто во споменатата 2004 година.
Мурињо ја одржа својата најтажна прес-конференција во кариерата, на која не можеше да ги запре солзите. Тренерот им се обрати на новинарите пред мечот на Фенербахче Феенорд во Ротердам вечерва.
Мурињо добар дел од своето обраќање му го посвети на својот починат пријател.