Спорт
Голем пресврт на Борусија во Леверкузен
Борусија Дортмунд со голем пресврт успеа да победи во Леверкузен 4:2. Со овој триумф тимот од Дортмунд се искачи на лидерската позиција во Бундес лигата.
Борусија ја запиша четвртата победа во сезоната и со 14 бода е на првото место, пред Баерн и Херта…
Борусија Дортмунд со голем пресврт успеа да победи во Леверкузен 4:2. Со овој триумф тимот од Дортмунд се искачи на лидерската позиција во Бундес лигата.
Борусија ја запиша четвртата победа во сезоната и со 14 бода е на првото место, пред Баерн и Херта кои имаат по бод помалку. Од друга страна Леверкузен има само шест бода и е на 12.позиција.
Леверкузен испушти предност од два гола по првите 45 минути. Мичел Вајзер погоди во деветтата, а Џонатан Тан во 39.минута.
Во вториот дел, Борусија израмни во интервал од само четири минути. Џејкоб Ларсен постигна гол во 65., а Марко Ројс во 69.минута.
Точка на натпреварот стави екс напаѓачот на Барселона, Пако Алкасер со головите во 85. и 94.минута.
Бундеслига, 6.коло:
Хофенхајм-Лајпциг 1:2
Нинберг-Фортуна 3:0
Шалке-Мајнц 1:0
Штутгарт-Вердер 2:1
Волфсбург-Борусија Менхенгладбах 2:2
недела:
Ајнтрахт-Хановер
Аугсбург-Фрајбург
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ветеранот Мекалум го засили Фенербахче
Ерик Мекалум (37) до крајот на сезоната ќе игра за Фенербахче, соопшти турскиот клуб.
Мекалум е добро познато лице во Евролигата каде последен пат играше пред четири години во дресот на Химки. За оние кои не знаат, Мекалум е постар брат на кошаркарот на Њу Орлеанс Пеликанс, Си Џеј Мекалум.
Во Фенербахче пристигнува од Каршијака, каде играше во претходните две сезони.
Неговото доаѓање во Фенербахче е последица на лошата кадровска ситуација во тимот на Шарунас Јасикевичиус и повредите кои го зафатија тимот. Мекалум ќе треба да го надополни отсуството на Скоти Вилбекин, Вејд. Болдвин и Артурас Жагарс.
Во Каршијака, Мекалумимаше просек од 16 поени, 2,2 скока и 5,2 асистенции.
Спорт
Еден играч на Барселона ќе остане во Саудиска Арабија
Фудбалерите на Барселона во моментов се во Саудиска Арабија каде во недела од 20 часот ќе играат во финалето на шпанскиот Суперкуп против Реал Мадрид.
Враќањето во Каталонија е закажано за понеделник, а шпанските медиуми пишуваат дека еден од играчите на Барса би можел да остане во Саудиска Арабија и таму да ја продолжи кариерата.
Станува збор за холандскиот играч за врска Френки де Јонг, кој е на трансфер листата и Барселона сака што поскоро да го реши неговиот статус, со оглед на тоа што стана јасно дека нема намера да го продолжи договорот со клубот.
Договорот на Де Јонг е до летото 2026 година и тој сака да остане во Барса до крајот на истиот, а потоа да бара нов клуб како слободен играч.
Барселона не сака такво сценарио и е решена да го продаде и на тој начин да ја избегне опцијата негово бесплатно заминување.
Де Јонг долго време се поврзуваше со неколку клубови од Англија, а сега се појавија информации дека еден од богатите тимови од Саудиска Арабија навистина го посакува и е подготвен да го купи веќе овој месец.
Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека саудискиот клуб на Де Јонг му нуди богатство, но прашање е дали тој сака да игра во Саудиска Арабија или неговата цел е да остане во Европа.
Тренерот Ханси Флик јасно му стави до знаење дека неговиот статус нема многу да се промени во преостанатиот дел од сезоната и дека неколку играчи од средниот ред имаат предност кога е во прашање минутажата, па останува да се види дали Холанѓанецот ќе остане на средината. Исток во понеделник…
Барса потроши над 85 милиони евра за да го донесе Де Јонг од Ајакс во 2019 година, но тој не ги оправда баш големите очекувања.
Спорт
Ѓоковиќ на прес во Мелбурн, не сакаше да зборува за наводите дека во 2022 година го труеле со храна
Труењето со храна на Новак Ѓоковиќ додека беше во притвор пред и за време на Австралија Опен во 2022 година продолжува да биде централна тема во тениските кругови, но најдобриот тенисер на сите времиња не сака повеќе да зборува на оваа тема.
Моментално седмиот играч на АТП листата истакна дека во споменатото интервју кажал се што имал да каже и дека сега е целосно фокусиран на она што го очекува оваа година на терените на тенискиот комплекс во Мелбурн.
„Интервјуто во кое зборував за труење со храна излезе пред ден-два, но беше снимено пред многу месеци и не би сакал повторно да зборувам на таа тема. Ме очекува нов предизвик во Мелбурн, каде што прв пат учествував далечната 2005 година и се сеќавам дека изгубив од Марат Сфаин, кој подоцна го освои пехарот. Бев млад и верував дека еден ден ќе го направам истото, а само три години подоцна дојде првиот Грен слем во Мелбурн“, изјави Новак Ѓоковиќ.
Кога веќе не беше расположен да зборува за неспортски теми, главна тема на разговор со претставниците на медиумите во Австралија беше неговата новоформирана соработка со Енди Мареј.
„Се знаеме долго време. Мислам дека првиот дуел го одигравме еден против друг кога имавме 12 години. Тој е некој кој многу добро ме познава и нема потреба да трошиме зборови за каков шампион станува збор. Мислам дека се ќе биде во ред“.
Ѓоковиќ во првото коло на Австралија опен ќе игра против Нишеш Басавери. Мечот е на програмата во ноќта помеѓу понеделник и вторник по македонско време.