Спорт
Горбок се врати во РК Вардар
Она што се најавуваше во изминатите неколку месеци, денес доби потврда, рускиот интернационалец Сергеј Горбок се врати во Вардар. Играчот кој минатата сезона, со ПИК Сегед, ја освои титулата во Унгарија, договорил две годишна соработка со црвено-црните…


Она што се најавуваше во изминатите неколку месеци, денес доби потврда, рускиот интернационалец Сергеј Горбок се врати во Вардар. Играчот кој минатата сезона, со ПИК Сегед, ја освои титулата во Унгарија, договорил две годишна соработка со црвено-црните.
Тој е вториот играч од шампионскиот тим на ПИК Сегед што доаѓа во Скопје, по средниот бек Сташ Скубе кој потпиша тригодишен договор со клубот.
Со своето големо интернационално искуство се очекува Горбох да внесе уште поголема смиреност и прецизност во играта, особено во нападот. Играњето во „црвено-црниот” дрес нема да му биде ништо ново со оглед на тоа што и претходно настапуваше во „Јане Сандански”.
Покрај во Вардар и во ПИК Сегед, Горбок има настапувано и за екипите на Аркатрон Минск, Запорожје, Целје, Рајн Некар и Чеховски Медведи.
фото: rkvardar.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ФИФА започна истрага: Винисиус се соочува со двегодишна суспензија

Винисиус Жуниор е соочен со двегодишна суспензија доколку Етичкиот комитет на ФИФА утврди дека тој има конфликт на интереси поради неговите сопственички удели во повеќе фудбалски клубови. Жалбата ја поднесе бразилската компанија Тиберис холдинг до Брасил, барајќи суспензија, а ФИФА потврди дека ќе го разгледа случајот.
На 7 април, „Тиберис“ официјално ја извести ФИФА за можното прекршување на етичкиот кодекс од страна на фудбалерот на Реал Мадрид, наведувајќи дека на активните играчи не им е дозволено директно или индиректно да поседуваат акции во професионални клубови поради ризик од конфликт на интереси.
Компанијата поради која е покренат спорот ја води таткото на Винисиус ТТасило Соареш, а преку неа се вели дека тој стекнал удели во неколку клубови, меѓу кои и Сао Жоао дел Реј.
Компанијата „Тиберис“, која имаше 16,5 отсто удел во клубот, тврди дека незаконски и е ускратено правото на приоритетно купување и дека акциите биле продадени на компанија поврзана со Винисиус.
Тие се повикуваат на член 20 од Етичкиот кодекс на ФИФА и член 22 од Правилникот за спортска правда на шпанската фудбалска федерација, кои им забрануваат на активните фудбалери да имаат каков било сопственички интерес во фудбалските клубови, дури и ако постои само потенцијален ризик од конфликт на интереси.
Слична ситуација се споменува и во врска со клубот Алегре од втората португалска лига, со кој наводно на сличен начин се поврзува Винисиус.
Спорт
Крај на сезоната за Давид Нерес?

Фудбалерот на Наполи, Давид Нерес ќе отсуствува од терените најмалку еден месец откако го скина мускулот на потколеницата.
Наполи, соопшти дека 28-годишниот напаѓач ја повредил потколеницата на левата нога, но не прецизираа колку време Бразилецот ќе отсуствува.
Италијанските медиуми објавија дека Нерес ќе отсуствува најмалку еден месец и дека тоа може да значи дека сезоната е завршена.
Нерес ќе пропушти најмалку четири првенствени натпревари, а до крајот на Серија А остануваат уште пет кола.
Тој дојде во Наполи минатото лето и беше замена за Хвича Кварацхелија, кој во јануари се пресели во Пари Сен Жермен.
Бразилецот оваа сезона одигра 25 натпревари во Серија А и постигна два гола.
На пет кола д крајот на сезоната, Наполи со 71 бод го дели првото место со бранителот на титулата Интер.
Спорт
Жоао Коста прв кандидат за нов голман на Сити
Извесно е дека Манчестер сити во летниот преоден рок ќе добие нов голман. Медиумите шпекулираат дека португалски голман ќе дојде на местото на Бразилецот Едерсон.
„Граѓаните“ решија да се разделат со Кевин Де Брујне, а се чини дека истото ќе го направат и со долгогодишниот голман.
Како што дознава „Фут Меркато“, наследник на Едерсон на голот на Манчестер сити би требало да биде голманот на Порто, Жоао Коста.
Португалскиот репрезентативец неколку сезони брани во врвна форма, јасно е дека Порто нема да го пушти така лесно. се шпекулира дека Сити ќе треба да плати 75 милиони евра колку што изнесува откупната клаузула.
Инаку и Едерсон во Сити дојде од Португалија, од редовите на Бенфика. „Граѓаните“ во 2017 година за неговиот трансфер издвоија 40 милиони евра.