Спорт
Григор Димитров, ексклузивно за Макфакс: Посакувам балканско финале на Вимблдон со Ѓоковиќ
Од специјалниот известувач од Вимблдон
Успешниот настап на бугарскиот тенисер Григор Димитров на Вимблдон продолжува со пласман во четвртфиналето. Во денешниот меч против десето рангираниот Американец Френсис Тијафо покажа суериорна игра, завршувајќи го мечот за само 99 минути (6-2, 6-3, 6-2). Веднаш по настапот, популарниот Гришо одвои време и за разговор со известувачот на Макфакс од Вимблдон.
– Григор, на денешниот меч против Тијафо имаше 93 проценти успешен прв сервис и 13 асови. Делуваше многу моќно и супериорно. Како ти го виде мечот?
Димитров:. Се надевам дека со секој нов меч работите ќе се подобруваат и ќе напредувам. Едни од најважните елементи во тенисот се сервисот и ритернот. Од тука започнува играта. Можеби тоа беше и еден од главните фактори за мојот успех, бидејќи Тијафо е еден од тие играчи кои се многу добри на ритерни и сервираат добро. Инаку, мечот вчера беше прекинат поради дожд, и обично кога ќе престанеш со игра е многу тешко да се вратиш и да го направиш истото следниот ден. Затоа и денеска се подготвував на истиот начин, се обидов да се ставам во истата состојба на умот каков што бев претходниот ден.
– Може ли да се очекува да се повтори 2014. година, кога играше во полуфиналето на Виблдон?
Димитров: Што се однесува до повторувањето на историјата и можно полуфинале, со задоволство би ја повторил 2014 година, но многу е рано сега да зборувам за полуфинале. Фокусиран сум само на наредниот меч и ќе одам меч по меч.
– Имаш ли решение како да му се спротиставиш на Руне во следниот меч?
Димитров: Решенија секогаш има, само треба да се спроведат. Немам многу време за подготовка, ќе го погледнам неговиот меч против Фокина. Не сум гледам многу негови мечеви, но сигурно има нешто што можам да пронајдам во неговата игра што би било добро за мене. Инаку, Руне веќе многу направи во својата кариера иако има само дваесет години. Оваа година играше неверојатен тенис. Тоа ќе биде одличен натпревар и навистина се радувам на тоа. Јас само сакам да излезам на теренот и да го одиграм мојот најдобар тенис, а на тој меч ќе гледам како на секој друг.
– Може ли да се случи балканско финале на Вимблдон со Ѓоковиќ?
Димитров: Тешки да стигнеме до таму. Тоа би било фантастично. Чувствувам дека сум во момент од мојата кариера кога сакам да го дадам најдоброто од себе и да направам нешто поголемо. Мислам дека и мојата самодоверба се зголемува секој пат кога добро ќе се подготвам пред турнирот, а за овој Вимблдон имав одлична подготовка.

– Каков ти е односот со Ѓоковиќ и како гледаш на историјата која тој во моментов ја испишува во тенисот?
Димитров: Тој и сега додека игра, ја пишува историјата со секој свој потег и резултат и нема како тоа да се сопре сè додека активно игра тенис. Тој сè што направи не само со играта туку и со себеси, како ги владее чувствата и емоциите во важни, критични моменти за време на мечот, е идеален модел за секого. И покрај сè што постигна во тенисот, тој продолжува и понатака да сака да биде подобар и подобар.
– Како гледаш на состојбата со тенисот во Бугарија и овој успех на тенисерите од Балканот? Ти си тука, Циципас, Ѓоковиќ, Чориќ. Дали е тоа тренд на тенисот во нашиот регион или се само индивидуални изблесоци?
Димитров: Во принцип, јас не се задржувам толку многу во Бугарија за да можам да се запознаам малку подобро кој како игра. Повремено гледам дека имаме млади таленти кои имаат успеси. Очигледно е дека во моментов имаме поединци од Балканот кои се врвни тенисери, како Циципас, Ноле, јас. Нешто што сум го разбрал со годините е секогаш да барам повеќе од себеси, никогаш да не се задоволувам со тоа што сум го постигнал во моментот, и никогаш не сум сакал да стојам во едно место. Да сум задоволен од тоа каде сум, и тука да останам. Секогаш сум се присилувал себеси да одам напред. Да се советувам со други играчи, со други тренери. Можеби сето тоа и ме терало да бидам подобар. За жал, во нашите земји тие работи не се толку развиени. Треба да има тениски центри, и луѓе кои ќе работат во таа сфера. И, најважно, да се инвестира во играчот, што е и најтешко.
– Пријателите од Македонија ми порачаа да не се враќам во Македонија, ако не те прашам како ти успева најубавите жени да ги имаш за девојки!?
Димитров: Хахахахахахахахаха….. Не знам како да одговорам на ова прашање. Некој пат во животот не ги избираш ти работите, туку тие одат кон тебе и просто требаш да ги прифатиш како такви. Тука зборувам генерално, и за убави и за лоши работи. Сите треба да се прифатат на ист начин. Кога станува збор за жените, тоа е релативно, но секогаш се обидувам да бидам позитивен и пријатно расположен со луѓето кои се блиску до мене. Можеби тоа ми помага и во односот со девојките.
Ненад Живановски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Неуспешниот експеримент со Аморим Јунајтед го чини 40 милиони фунти
Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед потврди дека отпуштањето на Рубен Аморим може да ги чини повеќе од 18 милиони евра.
Португалецот го напушти клубот на 5 јануари по нерешениот резултат 1:1 со Лидс и отворениот напад врз раководството на клубот еден ден претходно.
Како што објави Би-Би-Си, Аморим ја бара гореспоменатата сума како компензација откако претходно на Спортинг Лисабон му беа издвоени околу седум милиони евра за неговото доаѓање.
Вкупно, со замената на Ерик Тен Хаг, која чинеше нешто помалку од 12 милиони евра, Би-Би-Си проценува дека неуспешниот проект со португалскиот тренер „црвените ѓаволи“ ги чини речиси 43 милиони евра.
Неговите 14 месеци на клупата на Јунајтед се најмалку од 2014 година и Дејвид Мојес. Тој победи на 25 од 63 натпревари, сезоната ја заврши на 15-то место во Премиер лигата. Ова е најлошиот пласма на клубот од испаѓањето во 1973/74 година.
Покрај тоа, тие загубија во финалето на Лига Европа, со што тимот остана без учество во европските купови за прв пат од 1990 година.
Foto/ depositphotos
Спорт
Без да потроши и еден цент Јувентус сака да изврши реконструкција во тимот
Челниците на Јувентус, откако тимот испадна од Лигата на шампионите, започнаа да ги кројат плановите за летната реконструкција. Планот е да се обидат да донесат четворица квалитетни фудбалери. Сите овие играчи, за чии интерес покажува Јувентус, ќе бидат слободни по завршувањето на сезоната. Планот е јасен без да потрошат пари, челните луѓе имаат намера да ја извршат реконструкцијата.
Прв на листата е Леон Горецка. Играчот на Баерн нема да добие нов договор, за него имаше интерес и во јануарскиот преоден рок но теој реши да стане во Минхен до крајот на сезоната.
Вториот е дефанзивецот на Борнмут, Маркос Сенеси. Слично како и за Горецка, и за неговите услуги постои голем интерес. Јувентус би морал да му понуди место во стартер и висока плата за да го привлече да се пресели во Торино.
Третиот и најпознат е Бернардо Силва, од јануари се шпекулираше дека Јувентус би можел да го доведе овој играч, а сега „Газета дело Спорт“, само ги потврди претходните извештаи дека овој играч е високо на листата на Бјанконерите.
Последен во низата, но не и најмалку важен, е дефанзивецот на Рома, Зеки Челик, фудбалер кој пред неколку години пристигна во Рим од Лил. Тој е стандарден член на турската репрезентација, а покрај тоа, може да покрие две позиции во одбраната, може да игра како десен бе и по потреба како дефанзивец.
Foto/ depositphotos
Спорт
Пеколни 18 дена се пред фудбалерите на Њукасл
Њукасл, попладнево го дозна противникот во осминафиналето, во Лигата на шампионите. „Страчките“ за противник ја добија Барселона.
Но Барселона најмалку го загрижува менаџерот Еди Хау. Пред неговиот тим е пеколно тежок распоред, во кој ќе одиграат шест натпревари за 18 дена.
Добрата вест е дека играат четири натпревари дома.
Прво во Премиер лигата ќе го пречекаат Манчестер Јунајтед на 4 март, а три дена подоцна ќе играат во ФА Купот против Манчестер Сити.
Следува натпреварот против Барселона во Лигата на шампионите. Овие три натпревари Њукасл ќе ги одигра на домашен терен.
„Страчките“ потоа ќе гостуваат кај Челзи, на 14 март, а неделата ја затвораат со уште еден натпревар против Барселона на стадионот „Камп Ноу“.
Сето ова ќе биде зачинето со најголемото дерби за навивачите на Њукасл, локалното против Сандерленд на 22 март.

