Спорт
Давид Бабунски има нов клуб
Давид Бабунски, повремениот репрезентативец на Македонија, од денес е нов член на Омија Ардија од Саитима. Со оваа екипа Македонецот потпишал договор до јануари 2020 година.
Бабунски, неодамна го раскина договорот со Јокохама, а иако имаше понуди од н…


Давид Бабунски, повремениот репрезентативец на Македонија, од денес е нов член на Омија Ардија од Саитима. Со оваа екипа Македонецот потпишал договор до јануари 2020 година.
Бабунски, неодамна го раскина договорот со Јокохама, а иако имаше понуди од неколку тимови, тој реши да остане во Јапонија и да потпише договор со второлигашот Омија.
Новиот тим на Бабунски, по 29 одиграни натпревари, во конкуренција на 22 екипи се наоѓа на петтото место на табелата со 47 бода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Салах сака да ја освои „Златната топка“ за својот народ

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, изјави дека сака да ја освои „Златната топка“ за египетскиот народ.
Салах е еден од фаворитите за освојување на „Златната топка“, откако минатата сезона постигна 34 гола на 52 натпревари во сите натпреварувања. Со 22 гола во лигата, тој му помогна на Ливерпул да ја освои титулата во Премиер лигата и ја освои „Златната копачка“.
„Ако ја освојам, ќе биде одлично. Ако не ја освојам, и понатаму ќе мислам дека мојата кариера е одлична. Но, таа слика ми е во главата, секогаш. Сакам да ја освојам за мојот народ. Тоа нешто ми е секогаш во мислите“, изјави Салах за „Франс фудбал“.
Првиот и единствен играч на Ливерпул што ја освои „Златната топка“ беше Мајкл Овен во 2001 година.
Салах порасна играјќи фудбал со својот брат во египетското село Нагриг.
„Не размислував за тоа кога бев мал, бидејќи кога играш на улиците во Египет, не се гледаш себеси како освојувач на „Златната топка“. Првпат беше споменато кога менаџерот Рами Абас ми зборуваше за тоа. Мислам дека почнав повеќе да верувам во тоа во Ливерпул, а не во Рома“, рече 33-годишниот напаѓач.
„Неколку играчи го освоија трофејот во своите триесетти години, па којзнае? Изгледа дека следната сезона ќе биде возбудлива со нас како ја браниме титулата во Премиер лигата, играјќи во Лигата на шампионите, Африканскиот куп со Египет и Светското првенство“.
Како што објави „ТНТ“, обложувалниците најголеми шанси за освојување на „Златната топка“ му даваат на Усман Дембеле од Пари Сен Жермен, кој ја освои Лигата на шампионите со „светците“ минатата сезона.
Неговиот соиграч Витиња е исто така во конкуренција, како и Ламин Јамал од Барселона,
Во конкуренција се и Килијан Мбапе од Реал Мадрид, Хвича Кварацхелија од Пари Сен Жермен и Рафиња од Барселона.
Престижниот трофеј ќе биде доделен на 22 септември.
Спорт
Валенсија не смета на Столе Димитриевски

Голманот на македонската репрезентација, Столе Димитиревски, по само една сезона ќе ја напушти Валенсија. Тренерот на „лилјаците“, Карлос Корберан, побарал да му донесат нов голман, во моментот кога Георги Мамардашвили замина во Ливерпул.
Столе Димитиревски, пред една година, како слободен играч го напушти Рајо Ваљекано. Во тој момент имаше неколку понуди, тој реши да ја прифати онаа од „Местаља“. Тогаш Валенсија го продаде Мамардашвили во Ливерпул, меѓутоа клубовите договорија Грузиецот да остане на позајмица на „Местаља“.
Покрај Мамардашвили, Димитриевски во првенството одигра само четири натпревари, вкупно 360 минути, настапи и на пет натпревари во Купот на Шпанија.
Тренерот Корбелан, за прв голман го планира Хулен Аригезабала од Атлетик Билбао, кој бара тим каде што ќе биде прв голман, бидејќи повеќе не сака да му биде резерва на Унаи Симон. Резерва ќе му биде Кристијан Риверо, што значи дека за Димитриевски нема место на „Местаља“.
Со овој потег, Валенсија се обидува и да заработи, бидејќи договорот на Димитриевски истекува по завршувањето на сезоната.
Спорт
Сакале да му се одмаздат на Мурињо, мораа да си поднесат оставки

Сите членови на Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Турција поднесоа оставки откако пораките што ги разменувале преку апликацијата „Whatsapp“, во кои главна тема бил Жозе Мурињо, стигнаа до јавноста.
Жозе Мурињо не е од оние што се срамат јавно да го искажат своето мислење. Тој не е од оние што ќе речат: „ако кажам нешто, ќе бидам казнет“.
Таа негова карактеристика беше особено видлива откако дојде во Фенербахче. Во Турција, тој отиде чекор понатаму и влезе во физичка пресметка со тренерот на Галатасарај, Окан Бурук.
Судиите и Дисциплинската комисија беа честа тема на конференциите на Мурињо, па затоа не е изненадување што и тој бил тема на нивните разговори. Сепак, пораките што стигнаа до јавноста се загрижувачки.
Како што објави „Ајанспор“, претседателот на Дисциплинската комисија, Селал Нури Демиртурк, им напишал на другите членови:
„Ќе плати следната сезона, премногу го толериравме“.
„Нашиот клуб се обрати до Фудбалскиот сојуз на Турција со официјално писмо, како одговор на преписката што стигна до јавноста и во која наводно учествувале членовите на Дисциплинската комисија.
Веруваме дека овој непријателски менталитет јасно ги крши сите принципи на непристрасност и дека укажува на желба за реваншизам и одмазда, а нема место во турскиот фудбал“, се вели во соопштението што Фенербахче го издаде откако целиот скандал стигна до медиумите.
Наводно, во целата преписка, членовите на комисијата се потсмевале на претседателот на клубот и луѓето од тренерскиот штаб на Фенербахче.