Спорт
Давитков, барем засега, останува селектор
Јорданчо Давитков ќе остане селектор на македонската кошаркарска репрезентација, а за понатамошните чекори, околу начинот на подоговтките за квалификациите за ЕП, повеќе информации ќе има по разговорите со челниците на Македонската федерација (МКФ).
Се…

Јорданчо Давитков ќе остане селектор на македонската кошаркарска репрезентација, а за понатамошните чекори, за начинот на подоговтките за квалификациите за ЕП, повеќе информации ќе има по разговорите со челниците на Македонската федерација (МКФ).
Селекторот на денешната прес-конференција објасни дека е тешко да се балансира помеѓу двете функции – клупскиот и селекторскиот ангажман.
„Одигравме добар циклус, се пласиравме во следната рунда од претквалификациите за ЕП 2021, што беше главната цел. Во тие натпревари, со исклучок на последниот, се врати тимскиот дух во репрезентацијата. Оваа прес-конференција е на моја иницијатива за да нема некои непроверени информации и шпекулации. Термините на ФИБА и во јуни и сега во септември не можам да ги разберам. Уште по завршувањето на првенството во Кувајт имав разговори со луѓето во клубот. Барав од нив да бидам слободен во февруари и ноември и сè беше во ред. Ме пуштија во февруари, беше се договорено за ноември, но доаѓа септемврискиот циклус, каде што треба цел август да бидеме на подготовки. Во разговор со челниците добив дозвола да бидам со репрезентацијата, но најмногу 20 дена. Ако имаме подготовки од 35 дена, тешко и нереално е да се очекува дека клубот ќе ме пушти. Најлесно е да кажам – заминувам и ви благодарам за сè, но мислам дека бев должен пред сите вас да ја изложам целата ситуација. Постојат две опции: првата е да имаме подготовки од 35 дена, а втората е играчите да се подготвуваат со своите клубови, а да почнеме подоцна и заедно да бидеме 20-ина дена. Сите заедно ќе се договориме што ќе правиме. Што се однесува до противниците во претквалификациите, Косово ни е должник и треба да се реваншираме, а Романија е солидна екипа. Ако сме комплетни, верувам во успех – рече селекторот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Норвежанката Ана Одине освои златен медал откако скокна пред Ника Превц
Норвешката ски-скокачка Ана Одине Стрем го освои златниот медал на Зимските олимписки игри откако скокна пред Ника Превц и Нозоми Марујама. Во обете серии Норвежанката беше подобра од својата конкуренција и заслужено стигна до злато.
По првата серија, Норвежанката Ана Одине Стрем беше прва со скок од 100 метри и 136,9 поени, пред Словенката Ника Превц која собра 135,9 поени со должина од 98 метри, додека Јапонката Нозоми Марујама беше трета со скок од 97 метри и 135,7 поени. Четврта беше Норвежанката Ејурин Марија Квандал (99,5 м/131,9 поени).
Фото: ЕПА
Спорт
Дејвис отпишан, доби лоши вести и во својот нов клуб
Антони Дејвис (32) само три дена откако беше отпуштен од Далас Маверикс, дозна нови лоши вести. Новиот играч на Вашингтон Визардс нема да игра за тој клуб до крајот на сезоната.
Дејвис има проблеми со раката и препоните, а Вашингтон одлучи да не го форсира неговото враќање во последниот дел од сезоната.
Ова е преодна сезона за Визардс бидејќи се само претпоследни во Источната конференција.
Дејвис има важечки договор за следната сезона, вреден околу 58 милиони долари, како и опција за играч за сезоната 2027/28.
Клучен играч на новиот тим на Визардс е Треј Јанг. Дејвис е одличен играч, но речиси уништен од повреди на прагот на неговиот 33-ти роденден. Ќе биде надвор од игра до крајот на сезоната и мора да докаже дека тимот треба да се гради околу него.
Фото: Депозитотос
Спорт
Манчестер Јунајтед со четврта победа во низа
Во денешниот прв натпревар од 25-то коло од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед го победи Тотенхем со 2-0 на Олд Трафорд.
Натпреварот беше нерешен до 30-тата минута, кога гостите останаа со играч помалку.
Ромеро силно го шутна глуждот на Касемиро, што му донесе црвен картон. Домашните брзо го искористија дополнителниот играч. Осум минути подоцна, тој изведе корнер-акција, а Мбеумо постигна гол со прецизен удар од десет метри за 1-0.
Во остатокот од натпреварот, Манчестер Јунајтед имаше многу можности да избега на два гола разлика и со тоа да го прекине израмнувањето, но до 81-вата минута беше минимално 1-0.
Потоа Бруно Фернандеш погоди кон мрежата на противникот и ги постави конечните 2-0.
Манчестер Јунајтед остана четврти со четвртата победа по ред, но се доближи до Манчестер Сити и Астон Вила во бодови.
Фото: Деспозитфотос

