Спорт
Дали сте експерт за типување? – наптревар на Sport Life
Играчите кои ќе погодат најмногу добитни тикети во периодот од 11 јуни до 11 јули 2021 година ќе имаат можност да станат „Експерти за типување“ на Sport Life и да освојат вредни подароци покрај редовната добивка.
Прворангираниот експерт за типување со најмногу погодени тикети, ќе освои 150.000 денари и подарок официјален дрес на македонската фудбалска репрезентација, додека второрангираниот и треторангираниот ќе освојат одделно 60.000 денари и 30.000 денари вклучително и официјален дрес на македонската фудбалска репрезентација

Доколку натпреварувачите имаат повеќе од еден добитен тикет во текот на еден ден, во предвид за пласман ќе биде земен само добитниот тикет со најголем погоден коефициент. Односно, најмногу добитни тикети може да се освојат онолку колку што има предвидено денови во акциската кампања. Затоа, бидете активни, секој ден е важен за максимален успех и победа во натпреварот Експерт за типување.
Во случај двајца или повеќе играчи да имаат погодено ист број на добитни тикети, за победник ќе се смета оној типувач којшто има погодено највисок вкупен коефициент со неговите рангирани тикети.
Акцијата важи за несистемски тикети, со една комбинација, уплатени со приложување на СЛ клуб картичката. Минималниот број на натпревари на еден тикет за учество во акцијата се шест натпревари. Повеќе детали за правилата на „Експерт за типување“ и за тековното рангирање на играчите, може се најдат на следниот ЛИНК .
За учество во „Експерт за типување“ како и во другите бројни акции и промоции на обложувалниците на Sport Life, не заборавете да се регистрирате во SL клубот и при уплаќањето на тикетите да ја приложите вашата клупска картичка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

