Спорт
Данило Бала потпиша за ФК Вардар
Данило Бала Соуза Муниз и ФК Вардар, денеска успешно ги завршија преговорите, по што бразилскиот фудбалер потпиша две годишен договор со црвено-црните. семејство потпишувајќи две годишен договор со „црвено-црните“. Со тоа тимот го доби и третиот интерн…


Данило Бала Соуза Муниз и ФК Вардар, денеска успешно ги завршија преговорите, по што бразилскиот фудбалер потпиша две годишен договор со црвено-црните. семејство потпишувајќи две годишен договор со „црвено-црните“. Со тоа тимот го доби и третиот интернационалец од Бразил во своите редови.
Новиот фудбалер на Вардар игра како крилен фудбалер, а во Скопје пристигна од редовите на Кампиненсе.
„Дојдов во најголемиот и најтрофејниот клуб во Македонија. Со своите настапи сакам да помогнам тимот да ја освои титулата во првенството. Среќен сум што дојдов во овој клуб кој што има славна историја. Знам дека минатата година тимот влезе во групната фаза од Лигата на Европа. Најсреќен би бил сега во четврток екипата да се пласира во следната фаза во Лига Европа“, рече новото име во редовите на Вардар.
Данило третиот фудбалер од Бразил кој во новата сезона ќе го носи дресот на Вардар. Претходно договори со клубот потпишаа Вилијан Лира и Виктор Јуфо.
фото: fkvardar.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Ботафого го победи Сиетл, голманот Рамос спречи пораз на Порто

Порто и Палмеирас ремизираа без голови во А групата, а Ботафого во Б групата, го победи Сиетл со 2:1, во првото коло на Светското клупско првенство.
Фудбалерите на Порто не успеаја да ја потврдат доминацијата на Европејците на почетокот од Светското клупско првенство.
„Змејовите“ едвај избегнаа пораз против бразилскиот Палмеирас (0:0) во вториот натпревар од Групата А.
Бразилците покажаа заби, доминираа во овој натпревар, но португалскиот голман Клаудио Рамос беше непремостлива пречка.
Гоманот, кој со години му е резерва на Диого Кошта, имаше неколку неверојатни одбрани и му помогна на Порто да освои бод.
По првото коло во А групата, сите четири екипи во групата имаат по еден бод, бидејќи Интер Мајами и египетскиот Ал Ахли ремизираа без голови на отворањето на турнирот.
Вториот бразилски претставник, Ботафого, го отвори првенството со важна победа.
По голема борба, црно-белите го „скршија“ Сиетл со 2:1 во група во која апсолутни фаворити се Пари Сен Жермен и Атлетико Мадрид. Бразилскиот тим стигна до огромни три бода со головите на Жаир Куња и Игор Жезуз во првото полувреме.
На 15 минути пред крајот на натпреварот, Кристијан Ролдан им даде надеж на „Сондерс“ дека можеби ќе успеат да освојат бод, имаа целосна контрола на крајот, но не успеаја да стигнат до израмнување.
28’ |⚽| GOOOOAL, Jair Cunha heads it in for Botafogo's first goal of the FIFA Club World Cup 🔥
WATCH @Botafogo – @SoundersFC in the @FIFACWC now | June 14 – July 13 | Every Game | Free | https://t.co/i0K4eUtwwb | #FIFACWC #TakeItToTheWorld pic.twitter.com/NigUINEZvH
— DAZN Football (@DAZNFootball) June 16, 2025
44’ |⚽| GOOOOAL, another header from Botafogo, Igor Jesus makes it 2!
WATCH @Botafogo – @SoundersFC in the @FIFACWC now | June 14 – July 13 | Every Game | Free | https://t.co/i0K4eUtwwb | #FIFACWC #TakeItToTheWorld pic.twitter.com/n7B4LQwhTZ
— DAZN Football (@DAZNFootball) June 16, 2025
Со оваа победа, Ботафого се стави во добра позиција да се бори за место во втората фаза во веројатно директен дуел со Атлетико, по поразот на „јорганџиите“ од ПСЖ.
Спорт
Галатасарај ќе започне преговори за Чалханоглу

Фудбалскиот клуб Галатасарај е сериозно заинтересиран за фудбалерот на Интер, Хакан Чалханоглу. Капитенот на турската репрезентација има договор со Интер до јуни 2027 година.
Турските медиуми, во денешните изданија пишуваат дека се очекува доаѓањето на агентот на турскиот фудбалер Гордон Стипиќ во Истанбул за да се започнат преговорите. Засега не е познато колкаво обесштетување ќе побара Интер за Чалханоглу.
Специјализираната веб-страница „Трансфермаркт“ проценува дека вредноста на Чалханоглу на пазарот е 35 милиони евра, па се очекува дека Интер ќе бара толку.
Патем, Интер имаше лоша сезона, во самиот финиш ја загуби титулата во Серија А, која ја освои Наполи, додека во финалето на Лигата на шампионите загуби од Пари Сен Жермен.
Спорт
Јунајтед се заинтересирани за голманот на Астон Вила

Манчестер јунајтед е заинтересиран за голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, тврдат британските медиуми.
Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, не е задоволен од формата на Андре Онана, и затоа решил да ангажира нов голман.
Мартинез има договор со Астон Вила до 30 јуни 2029 година. Сепак, некои британски медиуми објавија дека започнале преговори меѓу претставниците на Манчестер јунајтед и Астон Вила во врска со трансферот на аргентинскиот голман во тимот од „Олд Трафорд“.
Мартинез пристигна во Астон Вила во 2020 година од Арсенал. Тој беше член на лондонскиот клуб од 2012 година, а пред да се приклучи на клубот од Бирмингем, играше на позајмица во Оксфорд, Шефилд Венздеј, Ротерам, Вулверхемптон, Хетафе и Рединг.