Спорт
Два месеци по трагичната смрт се огласи семејството на Астори
Фудбалскиот свет пред два месеци го погоди трагичната вест за смртта на капитенот на Фиорентина Давиде Астори. Дефанзивецот почина во хотелската соба на 4.март, пред првенствениот дуел со Удинезе во Удине.
Кобниот ден Фиорентина требаша да игра против …


Фудбалскиот свет пред два месеци го погоди трагичната вест за смртта на капитенот на Фиорентина Давиде Астори. Дефанзивецот почина во хотелската соба на 4.март, пред првенствениот дуел со Удинезе во Удине.
Кобниот ден Фиорентина требаша да игра против Удинезе, на доручекот сомнително на сите им било отсуството на капитенот. Кога влегле во неговата соба лекарите можеле само да ја констатираат неговата смрт.
Астори беше погребан неколку дена подоцна во Фиренца. На погребот беа присутни 10.000 навивачи на Фиорентина и познати спортисти од целиот свет.
Од трагичната смрт поминаа два месеци, а неговото смејство прв пат реши да се огласи во јавноста.
Астори зад себе ја остави сопругата Франческа и двегодишната ќерка Виторија.
„Ви благодариме. Ова е кратко и едноставно исто каков што беше Давиде. Сакаме да им се заблагодариме на сите што беа со нас по тој кобен 4.март. Решивме тоа да го направиме едноставно и со насмевка, така тоа го правеше и Давиде. Од срце во благодариме. Семејството на Астори. Франческа и Виторија“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Драма до последен миг: Пелистер славеше над Вардар со 32-30

Големата битка за титулата во плеј-офот заврши со триумф на Пелистер, кој славеше со 32-30 против Вардар во неизвесен и драматичен натпревар. Битолчани ја освоија својата деветта титула и трета по ред, предводени од Кузмановски со седум гола, додека Борозан од Вардар реализираше осум, но промаши клучен пенал во финишот.
Вардар имаше водство со пет гола разлика во првиот дел. Сепак, Пелистер се врати во игра и на полувреме резултатот беше 17-15 за Вардар. Во второто полувреме, двете екипи разменуваа голови, а драмата кулминираше во последните минути, кога Вардар имаше шанса за израмнување, но промаши пенал. Пелистер ја искористи грешката и го потврди триумфот.
Спорт
Гоф ја „сврти“ Сабаленка за титулата на Ролан Гарос

Американската тенисерка Коко Гоф го освои Ролан Гарос, победувајќи ја Арина Сабаленкa во финалето.
Гоф ја освои втората Гренд слем титула во кариерата по пресврт – 6:7 (5), 6:2, 6:4.
Таа го имаше своето деби на Отвореното првенство на САД во 2023 година, кога го доби финалето над Белорусинката. Тој сега има скор од 6 победи и 5 порази.
Гоф играше и во финалето на Ролан Гарос во 2022 година, но тогаш немаше шанси против Ига Швионтек, четирикратната шампионка.
Спорт
Марк Маркез ја освои пол позицијата во Арагон

Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше на спринт трката што се одржа во рамките на Големата награда на Арагон, осмата рунда од овогодинешното првенство на Мото ГП.
Осумкратниот светски шампион ја постигна својата седма победа во спринтот оваа сезона на патеката Арагон, а се врати на највисокото скалило на победничкиот подиум откако беше престигнат од неговиот помлад брат Алекс пред две недели во Силверстоун.
Алекс беше главниот конкурент на постариот Маркез во Арагон, но нивната борба не траеше долго и возачот на Гресини мораше да се задоволи со второто место, околу две секунди зад својот брат. На третото скалило на подиумот беше Фермин Алдегер, соиграч на помладиот Маркез, кој беше околу две секунди понапред.
Акцијата на патеката „Моторленд“ продолжува во недела од 11 часот, а трката во кралската класа е на програмата од 14 часот.