Спорт
Дзагоев нема да игра против Египет и Уругвај
Рускиот репрезентативец Алан Дзагоев нема да настапи на претстојните два натпревари што Русија ќе ги одигра на светското првенство.
Напаѓачот на ЦСКА Москва, го повреди бутниот мускул, на премиерниот натпревар на СП помеѓу Русија и Саудиска Арабија (5:…


Рускиот репрезентативец Алан Дзагоев нема да настапи на претстојните два натпревари што Русија ќе ги одигра на светското првенство.
Напаѓачот на ЦСКА Москва, го повреди бутниот мускул, на премиерниот натпревар на СП помеѓу Русија и Саудиска Арабија (5:0).
Дзагоев во тимот ќе се врати наредниот понеделник.

„Немам добри вести. Се надевам дека ќе добијам уште една шанса да заиграм на СП и дека мојата репрезентација ќе избори пласман во осмина-финалето“, рекол рускиот репрезентативец.
Дзагоев во кариерата има одиграно 58 натпревари за Русија, тој требаше да биде еден од клучните играчи на „зборнаја“ на ова СП.
Русија во второто и третото коло, во А-групата, ќе игра против Египет и Уругвај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Крос: Педри е најдобар на својата позиција во светот
Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен и Реал Мадрид, кој пред една година ја заврши кариерата, Тони Крос, го пофали играчот на Барселона, Педри, за кого рече дека е најдобар во светот на својата позиција.
Реал Мадрид и Барселона се борат на сите фронтови, секој збор на сегашни и поранешни играчи, тренери, членови на управниот одбор, со внимание се слуша, па кога некој ќе излезе и јавно ќе пофали играч на противничкиот тим, како што направи Тони Крос, тоа предизвикува големо внимание.
„Педри е најдобриот играч од средниот ред во моментов од моја перспектива. Генерално, тој е играчот што секогаш ви недостасува кога не е на теренот, без оглед на името на противникот“, рече Крос, а потоа продолжи:
„Не станува збор само за бројот на голови или асистенции, тој едноставно ви дава многу решенија на теренот. Гледав што направи оваа сезона. Во Лигата на шампионите го надигрува противникот 52 пати по натпревар, во Примера перформансите се уште поекстремни бидејќи ги надигрува противниците 59 пати по натпревар. Победува 11-12 одбранбени играчи по натпревар, што е најтешката работа за играч од средниот ред. Затоа, според мене, тој е најдобар. Ако г нема во тимот, сигурно ќе забележите“.
Спорт
Жоржињо се враќа дома

Беше јасно дека Жоржињо нема да остане во Арсенал од следната сезона, но одлуката за новиот клуб е многу интересна.
Италијанскиот репрезентативец, реши да се врати дома, потпиша договор со Фламенго.
Извонредниот играч од средниот ред е роден во Бразил, поточно во Имбитуба. На 15-годишна возраст се преселил во Италија, од каде што потекнува неговиот дедо, па затоа и доби италијанско државјанство.
Веднаш по завршувањето на сезоната, Жоржињо ќе стане играч на познатиот бразилски клуб со кој потпиша договор на три години. Ова не е нова вест, Италијанецот со бразилско потекло веќе долго време преговараше со Фламенго.
Најголема трага Бразилецот со италијански пасош остави во Наполи, каде што помина четири години. Потоа се пресели во Челзи и освои неколку трофеи за пет години на „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
(Видео) Голем пресврт и брејк на Њујорк во Бостон

Њујорк Никс ги победија актуелните шампиони, Бостон Селтикс, со 108:105 по едно продолжение и поведоа со 1:0 во второто коло од плејофот.
Тимот од Њујорк успеа да се врати по минусот од 20 поени, го израмни резултатот на крајот од регуларното време и се избори за победа во продолжението.
Покрај уште еден маестрален меч на Џален Бренсон, овој натпревар ќе биде запаметен и по историски слабите шутерски перформанси на актуелните шампиони…
Во овој натпревар, Бостон Селтикс погодија 15 од 60 (!) тројки и со 45 промашувања надвор од линијата од 7,26 метри, поставија негативен рекорд кога станува збор за плејофот во НБА. На овој натпревар, Бостон шутираше 60 пати за три поени, а 37 пати за два. Интересно е што Никс, од друга страна, шутнаа вкупно 47 тројки.
Џален Брансон и О Џи Ануноби постигнаа по 29 поени, а Карл-Ентони Таунс имаше 14 поени и 13 скока за Њујорк. Херојот на Никс беше и Микал Бриџис, кој му ја украде топката на Џејлен Браун, во последниот напад од натпреварот, секунда пред крајот.
Селтикс, кои ги победија Никси во сите четири натпревари ги предводеа Џејлен Браун и Џејсон Тејтум со по 23 поени, а Дерик Вајт уфрли 19.
Вториот натпревар исто така ќе се игра во Бостон, во ноќта помеѓу среда и четврток.